четврток, декември 27, 2007

merry xmas and jingle bombs in iraq

крајно америчко и долно....ама ете го пак


а за ова најверојатно не треба коментар

среда, декември 19, 2007

суштинско прашање


Сум чула дека култната тема - ЗАШТО СУ ТИ КОСЕ ПОБЕЛЕЛЕ ДРУЖЕ (- реторско прашање нормално-) потекнува од некој ИНДИСКИ ФИЛМ

Прашањето за милион долари е
1. од кој?
2. дали може некаде да се најде?

сабота, декември 08, 2007

*****

Прво се запрепастив кога требаше да седам со неа на маса. Никогаш не сум имала ништо против неа, ама таа имаше против мене. Во минатото влегов на нејзина територија. Имав право на тоа, помеѓу нас немаше никаква врска, ниту пријателска, едвај познаничка. На здраво бевме. Но сепак работеше цела мрежа околу нас тогаш. Имавме луѓе во цивилка кои ни кажуваа се. И таа дозна. А јас исто така дознав дека таа дозна. Се беше јасно.

После тоа еднаш имавме средба сам на сам на улица. Блиску до Турското. Јас врвам. Врви таа. Се минуваме. Јас со поглед впиен на земја. Таа со поглед впиен во мене. Мојот чекор забрза а нејзиниот забави. Сакаше барем со поглед да ми се одмазди. И успеа на многу години – го одбегнував. Иако до крај не ми е јасно зошто. Никогаш не сум имала никаква врска со неа и никогаш нема ни да имам. Сега посебно не.

Таа заглави. Веќе немаше никаква шанса бидејќи за некое време се појави и Горазд. Горазд пак, го видовме уште понатаму. Во количка. Нејзиниот поглед беше повторно тука. Не можев да го идентификувам. Се некако тапо впиен во мене. Не можев да видам дали сака да ме погледне во очи. Јас не се осудив да го кренам својот погоре од нејзиниот нос. Мрежата и понатаму работеше. Иако јас не прашував, ми кажуваа. За свадбата, за моминската вечер, за тоа како има проблеми со свекрвата. Никогаш не стигна да заврши средно.

После тоа Горазд растеше а таа остануваше иста. Телото и беше цело време тенко а косата цело време кратка и црвена. Знаев и каде живее сега. Дури и кога поминував покрај куќата во која што живееа едно 12 души јас го спуштав погледот и не сакав да излезе низ вратата. Живееше блиску до Магнолија и малиот го шетаа секоја вечер. Кога излегувавме тие се враќаа дома. Застануваа. Велеа здраво. Разговорот продолжуваше а јас молчев. Си мислев дали некој ден ќе престанам да се чувствувам мизерно заради неа. Иако не знаев зошто.

Понекогаш заборавав дека постои. Се враќав во минатото без таа да биде во него. Но нашите животи беа премногу врзани. Таа требаше да се тргне за јас да почнам. Јас ништо не направив во врска со тоа. Само ментално ја тргав – и велев бегај, ми сметаш. И таа се тргна, јас почнав а таа немаше каде да заврши.

Можеби нејзиното беше грешка а моето правилност. Можеби има судбина која сето тоа го испланирала. Испланирала се за мене да ми се исчисти патот. А можеби моите мисли добиле магична моќ. Можеби можам да правам чуда. Можеби може да ми се исполни се што ќе посакам. Таа беше еден од првите примери дека е така. Таа беше желба стисната на кафе. Секогаш чиста, во желбата прстен, околу прстенот риби. Мртви риби во чиста желба запрени околу мојот прстен.

Еден ден бевме заедно и Горазд дојде кај мене. Играше со мене и, за чудо го засакав. Дури си реков, колку и е убаво што го има. И ја прашував кога ќе го донесе пак. Таа пак, најобично со насмевка ми рече дека Горазд ме поздравил. Дека сака да го научам уште некоја песничка. Прв пат после 7 години ја погледнав во очи. Беа насмеани.

Седнав и порачав пиво. До мене имаше празно место. Околу мене се точеше разговор кој не можев да го слушнам поради гласната музика. По извесно време се појави и запали цигара до мене. Наздравивме. Ме праша милиони прашања. Ја замолив да повтори и таа се приближи до моето уво. Раскажуваше и раскажував. Музиката јачеше а околу нас имаше лилав облак. Ја стави раката на мојот грб кога ми шепотеше – за музика, за облека, за Битола, за нас...

Меѓу нас немало ништо. Никогаш нема ни да има. Го сакам мојот град бидејќи никогаш не се променува. Го сакам мојот град бидејќи сите во него остануваат исти. Бидејќи во него секогаш се завршува добро, сите приказни имаат среќен крај. Во мојот град се се крунисува со насмевка. Сите интерпретации се излишни за него – кој е толку искрен и обичен. Како таа ноќ, кога беше јасно како сонце дека сите сме поврзани со тенка линија – а на неа алки, приказни со прекрасен крај кои не можат едни без други. Јасно како сонце.

вторник, ноември 20, 2007

БТ Театар? Ова ли е скандал? или копија на американски филм?

Малце каснам ама....

Очекував којзнае што? Ова ли е ГОЛЕМИОТ СКАНДАЛ ? ОВА Е ГОЛЕМ СКАНДАЛ? Треба да си ги преиспитам критериумите за скандал по се изгледа....

абре аман, скандал мај ес...

во ова нема ништо оргинално, ништо скандалозно и ништо ново што го немаме видено...единствено...што е во битолски дијалект...режирано со некој дојден од Велеградот...




much ado for nothing....

се прашувам дали ова испадна скандал намерно или случајно....
дали хероите - режисери на истиот се случајни или испланирани со децении напред?
дали новинарите понижени и навредени навистина немаат стомак за такви скандалчиња? Само што ова не е ниту скандалче...скандалченценцецуленце....


горниов скандал по оргиналност и квалитет потсетува на долниов мејнстрим.
пс. секоја чест за дечково - многу ведри мигови во животот мој мачен внесе

недела, ноември 18, 2007

Социјално Вмрежување на Полски


Или уатсап ин ЕУ повторно....

Во фамозниот ем крајно пробудувачки клип –Дид ју ноу?– кажаа дека доколку МајСпејс би бил држава тоа би била 11 држава по број на жители на светот – со 106 милиони регистрирани корисници насекаде на светот. Денеска, за да се најде било кој жител на светот (грубо кажано) доволно е неколку клика баш според можностите што ги нудат сите сајтови за социјално вмрежување. Во блогот, онака како што го сфаќаме повеќето традиционални блогери- битно е линкувањето но сепак тоа е второстепено – бидејќи во блоговите е сепак на прво место презентирањето на самите себеси и она што сакаме да го изразиме. Доколку сме во МајСпејс или во Фејсбук или нешто случно – тогаш најблиску е кој сме и со кој сме поврзани. На некој начин творејќи ја нашата страница на МајСпејс сакаме да му кажеме на светот дека постоиме и дека сме поврзани со многу луѓе околу нас – тоа е еден вид на презентирање пред светот – колку пријатели имаме – и колку според тоа вредиме.

Фејсбук пак, од своја страна, е продукт измислен од Марк Зукерберг со скромна идеа да ги поврзи на едно место сите студенти на Харвард. Идеата беше толку интересна уште од самиот нејзин почеток да мрежата прво се прошири на сите студенти на таканаречената Ајви Лига (најпрестижните американски универзитети како на пример Јеил или Принстон) за веднаш потоа да им даде пристап и на другите универзитети – а уште подоцна буквално на секој кој сака да се зачлени ви истиот. Сето тоа доведе да Мајкрософт во октомври оваа година купи само 1,6% (со зборови – еден запирка шест) од акциите на Фејсбук за цена од 246 милиони долари, што на сајтот му дава вредност од неверојатни 15 билиони долари!!!!

Тоа значи дека Марк Зукерберг, роден 1984 година, на свои 23 години станува билионер – зошто? Бидејќи е еден од пионерите на социјалното вмрежвање. Имал идеа и ја реализирал со неверојатен успех. Јас на 23 години немав ниту сметка во банка, т.е ја отворив за да ја земам својата прва плата во износ од околу тогашни 450 евра. (што беше многу добра прва плата, наредната година беше полошо) Само што јас немав идеа, не отворив бизнис туку избрав едноставно да се вработам...каде било...имав долгови за плакање.

Пред некое време пишував за тоа колку пољаците се заљубени во самите себе, во својот јазик и во се што е полско. Бидејќи предавам во приватна висока институција која што едуцира идни информатичари можам да го кажам следното – тие идни информатичари не знаат ни грам англиски бидејќи досега имале прилика да работат на полски виндоус, линукс, полски верзии на се што ќе ви текне – англискиот воопшто не им бил потребен и заради тоа, нормално не го знаат. Заради тоа го обожаваат нивниот комуникатор Гаду Гаду кој што, како што напишав порано не е ништо посебно сам по себе освен тоа што е напишан на полски.

Во наредниот пост ќе ви раскажам за полските наследници на мајспејс и фејсбук. И за тоа како и во Полска (како пост-комунистичка држава со многу голем процент на жители кои немаат повеќе од 200 евра месечен приход – значи исто како во Македонија). Неспорно е тоа дека има многу пољаци регистрирани на МајСпејс и ФејсБук, но уште повеќе регистрирани корисници има на Гроно.нет, Наша-Класа.пл или на Голденлине.пл.

недела, ноември 11, 2007

!Ти благодарам Драгане Вучиќу!

Кога ме фаќа тга за југ, и кога ќе ми олесни дека и таму е исто така ладно како и ваму (моментално де) доволно е да се препуштам на некоја програма, на канал 5 на пример, за по пет минути да се излечам од секаква носталгија...

(ова горново го кажав со половина уста)

!Ти благодарам Драгане Вучиќу! Ти успеа онаму каде што сите други не можеа!

четврток, ноември 01, 2007

All Saints'

Денес е таков денот. Не пуштаат дома од работа за да одиме на гробишта и да оставиме венци, да ги исчистиме и да размислуваме за мртвите. Јас нема да одам на гробишта, немам кај кого (што сепак е добра вест), но затоа размислувам за мртвите.

Најтешко е што тие мртви не се уште влезени во мојата категорија на мртви бидејќи починале неодамна а поточно во 2007. Импресивна листа на единствени луѓе – годинава посебно не осирачи од великани. Следува листа – после секое име правам пауза и благодарам од страна на целото човештво (во чие име повторно се осмелувам да застанам)

Ryszard Kapuszcinski,
Kurt Vonnegut Jr
Ingmar Bergman
James Brown
Aleksandar Litvinenko
Colin Macrae
Luciano Pavarotti
Joe Zawinul


Ќе ги прескочам од очигледни причини Хусеин, Јелцин и Пиноче

понеделник, октомври 22, 2007

Резил цитат на неделата

Драган Вучиќ ху елс! (Во емисијата Мак Ѕвезда (или нешто слично) пред девојките да почнат да вијат Есен во мееене а тииииииииииииииииии...) ИЗЈАВИ –


...И се разбира нашиот главен спонзор Синалко (или така некако) ОМИЛЕНИОТ ПИЈАЛОК Н А ПОКОЈНИОТ ТОШКА?!?!?!?!?!?


немам коментар само предлог за казна, во најмала рака...ако сакате нешто да направите за Тоше заштитете го неговото добро име.


Ова заслужува тужење и дебела карична казна.

вторник, октомври 16, 2007

Зошто сите плачеме по Тоше?

Еве ќе тргнам од себе. Денес не испуштив ниту една солза но цел ден ме болеше главата. Чуствував огромна напнатост и за жал гледав цел ден вести на А1 и Канал 5 а сега гледам спотови на мтв.

Како дознав? Се враќав фино лепо прва смена од работа (пред да заминам на друга ама имав неколку саати пауза во меѓувреме). Слегувам јас од трамвај, купувам цигари од бутка и го земам во раце телефонот на којшто има знак дека ми стигнала порака. Пораката пратена пред 1 саат а тогаш беше околу 11.30. Содржината беше следна – Тоше Проевски загина во сообраќајка. Пред 10 дена даде концерт за 30 000 души. И така во тој денешен до тогаш убав оснчев ден (19 степени) ми се стемна. Прво застанав и ја препрочитав пораката 10 пати мислејќи која е веројатноста пораката да биде мајтап. Но со оглед на тоа дека пораката беше пратена од мајка ми за време на работа шансите се намалија на нула. И во тој момент ми се стегна грлото, веднаш потоа настапи главоболка. И двете ме држат до моментот на пишувањето.

Можам да продолжам со моите лични доживувања (на пример ги откажав часовите за денес после неколку обиди да се сконцентрирам за да ги спремам) поводом смртта на Тошка но муабетот ми беше зошто се чуствувам вака/зошто се чуствуваме вака?

Особено оној дел од нас што Тоше го слуша еднаш годишно, и до денес му се чинело дека што и да направел Тоше е подеднакво важно како и ланскиот снег ( а лани овде малку го имаше и брзо го заборавивме)

Како прво ми падна на памет дека Тоше ми е ем генерација ем колега на моја многу добра другарка. После тоа се сетив дека неколку пати го видов во Битола, ама тоа не беше баш и некоја причина.

После тоа ми светна – Тоше беше нашата надеж. Нашиот спасител – една од ретките можности кои ги имавме да експортираме нешто што вреди. Нешто што и за нас ќе означува поголемо самовреднување. Целата појава наречена Тоше Проевски беше многу повеќе од добри шлагери и одличен глас. Денес за сите нас Тоше се равни со Кирил и Методиј и Александар Македонски. Можеби малку го претерав ама за поп музиката во Македонија Тоше значи исто колку Александар во историјата.

Со таа разлика што Тоше е наше докажано и афирмирано национално богатство. Тоше е марката која што не репрезентираше на Балканскиот полуостров и верувам дека ако ја имаше таа шанса што денес го напушти во Хрватска сигурно ќе се прочуеше и во светот – а и ние ! И ние со него!

Тоше како институција – згоден (како за кој, но за мнозинството и тоа како), хуман, неверојатно талентиран, шармантен – беше нашата надеж која што ја исполна најдобро што можеше. И за тоа слава му!

Грлото ми се стега бидејќи бев горда заради него, со него и за нас .

среда, октомври 03, 2007

Наоми Клајн има трејлер

Наоми Клеин сигурно ја знаете по нејзината библија на алтерглобализмот НО ЛОГО, во која што демаскира многу лаги за секојдневието . Книгата шокира и отвора очи, после неа многу сериозно ќе се запрашате дали со купувањето на Најки патики не уништувате нечиј живот. Брутално – ама вистинито.

Во септември конечно дочекавме и нова книга на Клеин со наслов ШОК ДОКТРИНА (нема официјален превод на македонски, нормално). Во книгата овој пат се работи за демаскирање на бруталниот капитализам во кој сакајќи-несакајќи учествуваме сите. Главната теза на книгата е во тоа дека концептот за слободна економија е нафрлуван врз општеството во момент на криза, војна или елементарна непогода. Анализирани од овај агол се случаите во Кина (масакрата на Тианaмен), политиката на Маргарет Тачер, движењето Солидарност во Полска во 1989, воведувањето на слободниот пазар во Чиле во 1973 како и неизбежната војна во Ирак.

Она што е интересно е начинот на промовирање на книгата, бидејќи ретко се случува книга да има трејлер – и тоа каков трејлер. (шок терапија не толку одамна во Америка и многу познатите методи на тортурирање на ЦИА, познати и во Абу Граиб и Гвантамано). Токму ваков начин на промовирање искористува маркетинг техники кои авторката ги критикувала во минатата книга, но сепак – се работи за добра цел – а тоа е (освен Наоми да шитне книга, нормално) и пораката да дојде до прво – многу гледачи на Јутјуб а после тоа и до многу читатели.


А освен тоа траилер (само што послаб, и неофицијален) има и Но Лого.


недела, септември 23, 2007

убиство за роденден


Приказната која што сакам може да се раскаже на неколку начини, и на неколку начини ќе ја раскажам. Содржината на приказната во една реченица е следна - девојче се качува во воз, влегуваат двајца морони, девојче е фрлено од воз – и толку, крај на приказната. Сепак, најтешко е да се отчита содржината на запирките.

На една интернет страна мајката да девојчето пишува за неа. Пишува како девојчето сакало да стане доктор. Како одело во Варшава да се запише на факултет. Како учело за приемни цела година. Како девојчето го интересирале билки и лекови. Едно време сакало да стане фармацевт ама се решило да стане доктор. Како помагало низ дома и се грижело за браќата и сестрите. Како не одела во дискотеки со цел да оди во Варшава и да се запише на факултет. Сето тоа, за да биде убиено за нецели 30 евра.

На друга интернет страна новинари пишуваат за почетокот, крајот и заклучокот. Почетокот е раѓање и желба. Крајот е звук на воз, тивко липање кога никој не гледа во вц, и тапо кршење на коски.Причината е злосторство, а реакцијата е казна. Причината е роденден, а реакцијата поклон. На средина има молк и тивко липање кога никој не гледа. Имаше неколку минути да се збогува со самата себеси во вц-то. Потоа ја отвори вратата и падна.

Беа двајца. Им беше досадно. Немаа пари за пиво а не сакаа да работат за 300 евра месечно. Сите што работат за 300 евра месечно треба да се лечат – сите учители, медицински сестри, лекари, продавачи. Кројачи и секретарки. Има луѓе и надлуѓе. Луѓето се морони кои работат за 300 евра месечно. Надлуѓето не плаќаат за билети во воз. Надлуѓето се пронаоѓаат меѓусебно и слават роденден со ново искуство – убиваат човек, т.е жена, т.е девојка –човек. Девојка човек која е родена една година после нив.

Девојчето постапува глупаво, или едноставно е малер. Како прво што бара да оди сама во воз ноќе. Возот тргнува во 22 јасот. Како второ што бара да влегува во последниот вагон и во последно купе. Влегува во вагон сама, бара слободно место и среќна наоѓа празно купе за да повторува цела ноќ бидејќи испитот е во 8. Девојчето постапува потполно како што постапуваат жртвите. Се наоѓа во погрешно место во погрешно време по сопствено барање.Возот застанува. Таа излегува со нив и седнува во друг воз кој оди поблиску до нив дома. Веќе знае дека нема да стигне до Варшава. Мирно излегува од возот и мирно чекори кон другиот перон. Не знае да избега, да викне или проколне. Не знае како да постапи, се насмевнува и кога кондуктерот влегува. Го покажува својот билет а двата надлуѓе купуваат насмевка од кондуктерот за 7 евра од паричникот на девојчето. Кондуктерот ја затвора вратата а таа има уште 5 минути живот.

Петте минути поминуваат брзо. Добива неколку тупаници по стомакот и главата. Излегува до вц за да размисли. Размислува. Излегува повторно и ... умира.

После неколку минути нема повеќе приказна. Надлуѓето збогатени со ново искуство и среќни со новиот телефон, два златни прстени и веке 23 евра исто така излегуваат. Излегуваат и живеат. Се упатуваат во првиот бар и имаат за многу пива. За прстените ќе добијат уште по толку. Телефонот лесно се продава на ибеј.

Причината е злосторство а реакцијата казна. Има и почеток, заплет, кулминација, перипетија и расплет. Има тема, идеа и главни ликови. Стил на пишување – кратки реченици и многу запирки. Најтешко е да се протолкуваат запирките. Во целата веќе застарена приказна фали само смисла, и во стварност, пишувајќи го ова повторно се обидував да ја пронајдам. Сигурно се сокрила зад некоја недопишана запирка, или пак беше турната од воз за да згасне веднаш потоа, во темно поле со камен под главата.


и на англиски читај овде

петок, септември 21, 2007

personal она ептен

мистеријата е дали етпем се пишува со ептем или ептен
а втора мистерија е дали се ПИШИ или се ПИШУВА


( во секој случај ги дадов двете верзии)

anyways, a very personal song.....nobody knows that's my favourite since....90's (less then 96)

I'll keep on waiting till you return
.........

You can't be happy while your heart' on the roam
You can't be happy until you return home
home with the gren fields and me one again


itd




god bless you tube, the granter of wishes

понеделник, септември 17, 2007

Гордост! Темата за денес!







Колку ли многу човек може да изгуби за да ја зачува гордоста? Колку ли многу има кога ја зачувува? Колку многу знае да повредува за да може во главата да опстои мислата – горд сум и гордост имам.

Еден од главните гревови според христијанството кое проповеда понизност и самоомаловажување. Секој оној кој мисли дека е повеќе отколку што е – а е многу малку, станува горд и грешен.

Горд и суров!

Горд и среќен!

Горд и осамен!

Горд и неправеден!

Горд и Дебил!

Горд и У2 обожавател

среда, септември 05, 2007

за крајот на осумдесетите и за тоа зошто НКОТБ се подобри од НИРВАНА

Ова ми се случува по втор пат. Иако 80-тите беа мое рано детство, она што се случуваше кон нивниот крај со поп музиката, колку и да беше ужасно и катастрофално , долго време ми недостигаше.

И ај сега....

На 9 години моите (т.е дедо мраз) ми ги даде најдобрите поклони во животот – скии (ама кој ги мати скиите, и онака ги немам употребено едно 10 години), туку две прекрасни црни лонг плејки

А тука беа и браќава број 1


кој ги добив малку покасно, заедно со специјалните изданија на ЧАО, ама тоа ми беа поклон за роденден кој го добив по глава кога спиев.


Најповеќе го сакав таканаречениот Џое (тоа после Бајага, оти тој ми беше прва љубов) ама повекето го сакаа Џордан. Само што Џордан на стари години испадна погрд од Џое, а ете го Џое пред неколку месеци како пее


Јас Џое чисто го сакав од прагматични причини бидејќи беше најмал па имаше најголема шанса кога ќе пораснам да не биде ептен стар. А ете го како го пееше ко беше мал.

А инаку од НКОТБ ги имав сите албуми вклучувајќи го и тој со божиќни песни кој го слушав и во лето. Благодарение на тој албум а и на видеото со караоке божиќно песни на Дизни кој беа пуштени за брат ми ги знам сите до една божикни песни на англиски – само никако не ми иди тоа втората строфа од Сајлент Најт, стално ја заборавам.

И после тоа бев на Пелистер на зимовање во петто и кога се вратив од таму решив да бидам металка. Како прво броев колку метал песни знам и избројав 3 од кој што сите три беа од ганс енд роузес. После тоа дотуркав до 10, па баталив за сметка на Нирвана....

Замислете тогаш Курт Кобеин уште беше жив.

Бидејќи тој некогаш жив бил....и ко умрел имал 27 години. Оу мај гад!

А Џим имал 28.

........

(мала депресија)

om shante om

........

Епа затоа ги слушав НКОТБ.

(крај на депресијата)

сабота, август 25, 2007

полско кабаре на псевдо-француски

Еден од најсмешните скечови на моето најомилено кабаре - Ани Мру Мру (во превод СУС!) го презентирам бидејќи е многу смешен и не е на полски

насловот на клипот е Мускетари



најсмешен дел ми е Вива Цвај!

четврток, август 23, 2007

МК 2007

Имам голема среќа, горештините и пожарите завршија во истиот момент кога си дојдов во СТАРИ КРАЈ
па Битола најчесто изгледаше вака

За кратко ја напуштив за да помедитирам во Пештани каде што поминот изгледаше вака -

а богами и вака-

заради последното качувањето на вага беше многу трауматично, а како терапија за траумата споредни ефекти се големи болки на сите мускули на тело

вторник, јули 24, 2007

Вест и Градот Држава


Денешен вест има вест со наслов - Индија доби жена за претседател

Денешен Вест има многу убава вест арно ама јас морам пак да мрчам заради ова-

„Илјадници симпатизери на Конгресната партија, по објавување на официјалните резултати на Изборната комисија, излегоа воодушевено на улиците Делхи и Махараштра, родниот град на Пратиба Патил, за да ја прослават победата.„

Дека Делхи не е улица тоа знаеме.

Дека Вест не го бива, тоа исто така знаеме..

Ама како да се објасни дека МАХАРАШТРА НЕ Е ГРАД ТУКУ Е ТРЕТА ПО ГОЛЕМИНА СОЈУЗНА ДРЖАВА ВО ИНДИЈА...во која багатела, живеат 96 милиони луѓе?
Махараштра е држава како што во Југославија беа Македонија, Србија и Словенија каде што народот зборува на јазик наречен марати, дедовците носат лунги т.е фосфорни крпи околу колковите и фосфорно зелени турбани.
...a главен град е Мумбаи, кој го знаете како Бомбaj.







понеделник, јули 23, 2007

Amateurs Rule!


Ендрју Кини (или Кин) во својата, многу интересна и ептем многу параноична книга – The Cult of the Amateur пишува дека сета таа глорификувана и обожувана револуција наречена Веб 2.0 е во стварност КОМУНИЗАМ а не ДЕМОКРАТИЈА. Тое е така, бидејќи секој оној кој нема талент, и секој оној кој не заслужил на нешто на правиот начин да го заслужи тоа, го бери шлагот за делото кое најчесто нема никаква вредност, оценуван од оние кои и во суштина не можат да оценат дали нештото има вредност, бидејќи не се сериозни критичари/рецензенти/професионалци ТУКУ сиви/бедни/обични/дебели/со бубуљици смртници за кои што во суштина никогаш и не би требало да имаат достап до интернет. Не заслужуваат – обичните тие.

Од друга страна пак, генијалниот ВЕБ 2.0 не е фер кон нас бидејќи и необичните/аристрократски/синорвни/богати/компетентни корисници на интернетот знаат да се маскираат многу успешно во аматери и варвари со цел да привлечат внимание и фино лепо – да ти продадат продукт со успешно перење на мозокот на кој што секој обичен смртник ќе биде подложен.

Во книгата (во легалниот исечок од страната на Кини или Кин) прочитав-

(слободна/брза/преводо-парафраза)

А од каде знаете дека клипот од ЈуТјуб на секси танчарка од Малезија не е ставен од педофилската мафија? А како ќе докажете дека клипот каде што англичанка јаде бисквити со мармалад не е ставено од некој британски продуцент на бисквити.

(и ...ова следното ме бендисува...хммм)

А од кај знаете дека генијалните рецензии на мојата книга кои доведоа до тоа што истата генијално се продава на Амазон.цом не се напишани од самиот јас, преправајќи се дека сум објективен читател/рецензент

(крај на слободната/брза/преводо-парафраза)

ЕЕЕ, од кај да знаеме? Од каде ? А?а?АААА?

Ќе се осмелам да дадам одговор во името на целото човештво – НЕ САКАМЕ ДА ЗНАЕМЕ!

(сега целото човештво ми ракоплеска...моите образи руменеат, ме фаќа трема и го затворам постот, со цел да не биде долг –бидејќи ете, постовите требало да бидат – кратки, концизни и обавезно да има слика, и еден куп хиперлинкови)

четврток, јули 19, 2007

уште еднаш брејв

најдов на јутјуб! (ќе барам уште, стеј тјунд) - почетокот на концертот на Танец во Вроцлав.

вторник, јули 17, 2007

магијата на Брејв


Во изминатата недела во Вроцлав се одржа Брејв Фестивалот каде што (како што најавив) зедоа учество Бистри Води, во стварност дел од македонскиот национален ансамбл Танец. Во вторникот сабајле групата која што се состоеше од 9 изведувачи, директорот на ансамблот и 2 возачи го паркираа мини-бусот пред хотелот Полонија во Вроцлав. Во наредните денови дадоа 2 концерти во рамките на фестивалот во Вроцлав, и еден во саботата во Олешница (40 км од Вроцлав). Јас за тоа време имав најисцрпувачки денови во мојот живот, тотално по мое барање, бидејќи на фестивалот работев како волонтер (на распуст сум, и вака одмарам) и главна задача ми беше да бидам нивни водич/помошник/порачувач на храна во ресторан/ туристички водич/разменувач на пари/трилингуален преведувач и на самиот концерт (на кој што не се покажав од најдобра страна)/ и уредувач на интервјуа, средби со јавноста и дирекцијата (ова со интервјуата исто така беше слаба точка – договорив многу интервјуа а се појавивме на многу малку). За разлика од помошниците на другите групи кои беа присутни на фестивалот мене ми се трефна таа чест да бидам сосема сама во мојата работа (во другитегрупи имаше по 3-4 луѓе), што резултира со тоа што во неделата спиев околу 20 часа.

Ете после тоа како се пофалив колку јас сум била мачна и напатена душа ќе кажам збор два и за самите настапи и за тоа каков впечаток оставија нашите музичари овде во Вроцлав. Се разбира ќе ги кажам само позитивните работи.

Мотото на фестивалот беше –DROWNED SONGS – т.е прикажување на елементите на фолклорот кој е во изумирање – се бараа најхардкор изворни песни и ритуали – и тоа до некаде беше постигнато. Она што самите организации не го бараа беше – аранжирани/џезирани/фјужн/свирени од ноти песни . Целта на фестивалот како таков е да успее да прикаже дел од културата во исчезнување и да успее да наметне свест кај пошироката јавност дека треба поголем напор на локално ем глобално ниво на нејзино зачувувување. Средствата собрани од продажбата на билети и материјали кои ги донесоа и самите музичари се за помош на организацијата Рокпа, која што околу 20 години делува во Тибет, каде што се обидува да направи да младите тибетанци не се претворат во стари кинези. Наводно, доста успешно.

Во рамките на фестивалот имаше концерти (кои беа и основа), театри, изложби, работилници и документарни филмови. Концерти дадоа изведувачи од Грузија, Австралија (вистински Абориџини), 75-годишни баби од Украина, Русија, Сибир, Мароко и Сардинија. Лично учествував само на два концерти (македонскиот и украинскиот), но индиректно бев присутна и во абориџинскиот, рускиот и грузискиот – а како ?

Баш во тоа се состоеше вториот дел на фестивалот, претерано неофицијален и непрофесионален но баш на тој дел од фестивалот - идеата за дружење, размена на култури и разбирање на истите беше најповеќе присутна. Организаторите окупираа нов и тотално изолиран од клуб бо којшто после секој концерт имаше средба со музичарите, како и уште ред други збиднувања. Во рамките на тие средби сите оние кои сакаа да разговараат со музичарите имаа можност тоа да го направат , можеа да слушнат неофицијално делови од концертот како и после сето тоа едноставно да се дружат со учесниците на фестивалот. Во клубот имаше претежно млади луѓе, од кој лавовски дел беа автентични собирачи на народни умотворби низ претежно источна Европа. Тие луѓе одат на експедиции во Сибир, Украина, Романија, Русија и Бугарија и вооружени со диктафони од најстарите баби и дедовци по селата што ги посетуваат ги берат нивните песни за потоа, кога ќе се вратат во Полска да можат да ги научат и колку што може поверно да ги исполнат. Најубав дел од целиот фестивал беа моментите кога ете на пример дел од Бистри Води почна да ја пее – Ајде да си речиме уште една – и околу нив се собра неформална публика која што се обидуваше веднаш да учествува во песната. Наредната вечер веќе се обидуваа со нив/нас да пеат, а бидејќи имаат искуство со полифонија тоа многу успешно и го правеа. Така на пример на една маса седнати луѓе од Полска, Македонија, Украина и Грузија се обидуваат заедно да ја пеат Зајди Зајди или Јовано Јованке, а уште подоцна кон тој фолк џем сешн се приклучува и Абориџин кој на тие песни му додаде и игра и свои созвучија (тврдеше дека на музиката не им биле потребни зборови, и тоа го докажа). Тие моменти беа магични - и баш во нив беше жива идеата на фестивалот – во кој се докажа дека музиката/светот припаѓа на обичните луѓе.


понеделник, јули 09, 2007

creamfields 2007 - субјективен рапорт


Понекогаш е убаво да се живее во Вроцлав. Понекогаш, бидејќи од лани имаме Кримфилдс, во кој што колку што лани настапија најголемите сељаци на светот (Ван Дајк и сс) ова година имаше фантастичен лајн ап со Продиџи на чело.

Како си поминав ми е тешко да раскажам бидејќи гласот избега и не можам од мене да испуштам повеќе од шепот веќе втор дел, а тоа ретко ми се случувало во животот.

На местото за разлика од лани дојдов многу покасно, околу 20 часот. Местото беше прилично големо ( фала му на бога не толку големо како лани, кога беше преголемо за минималниот број на луѓе кои што се појавија). Лани беше зелено и сончево. Оваа година имавме можност да скокакме на свежо искосено сено кое беше ултра лизгаво и многу удобно за седење накај 6 сабајле.

Се собраа околу 20 000 народ во 4 шатори е една главна сцена. Главната сцена за разлика од лани почна да ечи околу 20.30. На неа пред Продиџи имаше неколку полски бендови кои собраа нула публика. Почнав активно да учествувам некаде околу 23 часот каде што се упатив на Тек-Генетик сцената факајќи го само крајот на Белс на Џеф Миллс. Тоа што се случуваше таму беше жива лудница. Типот мртов ладен (како и по обичај), работи со хируршка прецизија и покажа неверојатна концентрација. После час и половина Џеф тркнав по наредно пиво кое го испив во неверојатно брзо време бидејќи после Виталик (слушав од далеку, сега се правам пишман, требаше од поблиску), и запознавање на мал милион луѓе од Варшава, (кои ме тешеа дека главниот град на Полска е срање и тоа што таму има 365467 концерти месечно и не е нешто посебно. ) со трчање скокнав на Продиџи. Тоа што го слушнав на Продиџи беше идентичниот концерт што го слушнав лани, дури им раскажував на луѓето околу мене која песна ќе биде следна и дека чим слушнат Аут од Спејс да почнат да се пакуваат.

Нејсе, муабетот ми беше Продиџи. Ланскиот концерт во Катовице беше тапа во споредба со тоа што го слушнав ( а слушав добро, имаше прекрасно озвучување) во неделата. Откако ја слушнав Спит Фајр па се до аут оф спејс јас изгубив контрола врз телото и гласот, губејќи гласни струни и 5677575 калории. Имаше многу повеќе енергична публика, и среќна дата – 07.07.2007 – магијата работеше!

После тоа повторно се упатив во гастро зоната за регенерација со бурн и пиво, после околу час отидов да се уништам тотално на ДНБ сцената каде што веќе рокаше Фреш (почна прерано и заврши прекасно...ама за тоа потоа) (Пинк Пантер). Се што тоа суштество измикса не те остави да седнеш пет факен минути. Се мачев цело време да одвојам време да седнам но идиотот не ме остави да дишам. Ако сакате да се уништите себеси одете на Продиџи а потоа на Фреш. Најпријатна метода на самоубиство. Мразам ДНБ. Фаталната грешка во промената во лајнапот заврши со тоа што не го видов Хајп и не го видов ( а многу сакав бууу) Ед Раш. Последниот го ставиле во исто време со Продиџи во празен шатор.

Толку!

Во соседниот хаус шатор се пијанеа Свидиш Хаус Мафија – каде што резултатот беше сличен – луѓето умираа, стануваа и умираа повторно.

Слики немам. Замислете шатори во вид на торти со шлаг и поле со сено, и прилично многу ѕвезди и толку....

Доволно.

фото релација - овде
аматерска видо релација - (30 минути, старинг Варела, Ронски спид, Мошик, виталик и повеќе не гледав) овде

среда, јули 04, 2007

Бистри Води во Вроцлав

Во рамките на Брејв Фестивалот во кој настапуваат групи од целиот свет кој изведуваат изворна народна музика, ќе настапи групата Бистри Води. Музиката се најде на спотот на фестивалот, која го пастам овде.



stay tuned

среда, јуни 27, 2007

manson - денес

Една недела се токмам да напишам нешто на тема Чарли Менсон. Истава недела ја поминав во пред се јутјуб анализирање на се поврзано со Чарли, и на мое изненадување, испадна дека има стварно многу. Работава немаше воопшто да ме заинтересира доколку не го гледав документарецот од 1972 година, во која главна улога играат членовите на фамилијата на Менсон, кои се уште, во време на снимањето на документарецот, а некои ниту досега, не се имаат освестено.

Кога го гледав филмот без запрепастена како луге на моја возраст, а и помлади од мене, се сосема поинакви од било кого кого го познавам. Полни со некакви идеали за кои дел од нив се решиле да убијат , а поголемиот преостанат дел од нив тоа го поддржало и оправдало. Идеали продадени од Менсон – во најмала рака со силен АДХД синдром, полуаутистичен и, на денешен ден сличен на тежок пијаница кој спие на железничка станица со години и бистри политика на случајни минувачи. Ете баш тоа – а за нив прекрасен, исус, идеален, господар. Им давал секс, дрога и рок&рол – а нели во тоа се состоела младоста?

И баш кон тоа се стремев пробувајќи да анализирам некои работи колку што можам подобро – Се стремев да го разберам не толку самиот Менсон колку оние кои биле со него. Тие беа пред се предмет на моето интересирање. Бидејќи, мора да се признае дека скоро сите од нив беа од добри фамилии, некои со завршен факултет, вработени, со богата иднина пред нив – имаше тука и рагби школски шампиони (Текс Вотсон), и кралици на гимназиски журки (Лесли), библиотекарки (Мери Брунер). Сите тие во еден период од животот заборавиле на се и решиле да се препуштат на ....е баш на што?

На тоа прашање ми е многу тешко да дадам одговор.

Откако Чарли, Текс, Лесли, Пат и Сејди беа осудени на смртна казна а веднаш потоа (благодарение на нов закон во Калифорнија), беа помилувани и осудени на доживотен затвор, сите, освен главниот АДХД маестро, се навратиле и молат за прошка на секои 5-6 години само за да бидат повторно одбиени. Убавите деца на 60-тите со раце и душа извалкана со крв остареа и огрдеа. Ги накачиле по 60-години, изгледаат ужасно, предизвикуваат жал и сочуство. Јас им верувам кога велат дека жалат. Од 1970 поминаа скоро 40 години. Немам одговор за тоа дали треба да се ослободат, сите со исклучок на Чарли и Текс.

Кога бев во средно сите сакавме да бидеме хипици. Нашиот живот беше сепак многу поинаку и сите што ги знам завршија горе-долу типично и сосема спротивно од она што мислевме дека од нас ќе биде = жени, деца, фамилии...или копнеење по истото.

Мислевме дека тие времиња биле убави, а беа исто толку лоши колку и она нашево. Сите тие расни немири, Виетнами, се уште ултра-конзервативно америчко општество, сета таа каубој-проповедачки-попкорн-вудсток атмосфера морала да биде тотално збунувачка за сите нив. Тие го имаа Менсон. Денешните деца ја имаат масакрата во Колумбајн и Вирџинија Тек. Тие ги имаа Битлси и Менсон да им раскажува како да ги слушаат. Денешните деца го имаат Буш и Садам. Тогашните деца (иако сите до еден полнолетни, и тоа ептен) немале трошка милост кон своите жртви, а истото е и со денешните, кои за жал нема да ги гледаме на телевизија како жалат за своите чинови – си осудиле (се спасиле) сами со куршум во глава.

понеделник, јуни 18, 2007

Не го давам Брик Лејн!

Во последното Неделно Време има мошне интересен текст, кој што како и многу други мошне интересни текстови се преземени од странски весници и списанија. Текстот има мошне интересна тематика и уште поинтересен наслов – Лондонистан Повикува (претпоставувам игра на зборови, апокалиптичка визија од насловот на песната London Calling на The Clash).

Тематиката (губењето на англиското во Англија) колку и да е конторверзна не ме заинтригира толку колку ужасниот превод на текстот, кој пред почна да ми предизвикува нагони за исфрлување на уште недопиеното утринското кафе.

Ќе наведам низа примери на ужасно лош превод, не дека сакам да се правам многу паметна, туку дека ми е преку од ужасно лош превод во македонските медиуми. Мислам дека во земја со толку голема невработеност нема да биде тешко да се најде невработен филолог на кој добро би му дошле додатни приходи.

1. They say that the past is another country, but let me tell you that it's much more unsettling to find that the present has become another country, too

1. Велат дека минатото е непозната земја, но дозволете, уште повознемирувачко е кога и сегашноста ќе стане непозната земја.

Минатото е непозната земја – another - е непознато. Целата смисла на реченица е утната од старт.

2. In my lost youth I lived in Finsbury Park, a shabby area of North London, roughly between the old Arsenal football ground and the Seven Sisters Road

- Мојата младост ја поминав во Финсбури Парк во северен Лондон, меѓу стариот стадион на „Арсенал“ и патот Седум Сестри.

Разбирам дека преведувачот не сакал да се занимава со сосема непотребни зборови од типот на shabby и roughly, иако особено првиот збор ни дава сосема поинаква претстава за неговото соседство, но сепак она што е особено инспиративно е преведувањето на адреса, како во случајот со патот на седумте дади. Големите букви си го задржале местото – бравос.

3. Greeks and Turks might be fighting in Cyprus, but they never lifted a hand to one another in London

- Грците и Турците можеби се караа околу Кипар, но никогаш не креваа рака еден на друг.

Се разбира ОКОЛУ и ВО воопшто не го менуваат значењето на реченицата. Сите знаеме дека Финсбури Парк е во Кипар. Или Кипар е во Лондон, или ....како беше?

После сето тоа оргиналниот автор раскажува за тоа како после извесно време Финсбури Парк повеќе не е во Кипар туку го преместиле во Алжир или Бангладеш, сеедно. И веднаш после неколку реченици (исто така многу неумесно преведени, ама нејсе) повторно интересен феномен. Иако авторот на текстот упорно сака да ДОКАЖИ ДЕКА ТУРЦИТЕ И ГРЦИТЕ НЕ СЕ КАРААТ ВО ЛОНДОН преведувачот упорно тврди дека е ОБРАТНО, што се гледа во примерот-

4. Quite unlike the Irish and the Cypriots, they bring these far-off quarrels along with them.

- Исто како и Ирците и Кипарците, и муслиманите ги донесоа своите кавги во Лондон.

Секој кој знае малце повеќе од презент симпл и континјус секако е свесен дека UNLIKE е сосема исто што и LIKE. Тоа ПРЕФИКСОТ UN Е е само занемарлив детал.

Свесна за тоа дека доколку земам да ги приточувам наредните пет милиони грешки ќе треба да посветам 10 наредни постови – прекинувам овде (после 2 пасуси анализа). Ќе го наведам само спомнувањето на еден од моите најомилени романи – БРИК ЛЕЈН на Моника Али, кој да, многу добро го опишува сето тоа што се случува во Лондонистан во денешно време, и кој доколку нашиот маестро преведувач(ка) не го преведеше како ПАТЕКА ОД ТУЛИ, јас немаше да се занимавам со сето ова. Но за мене некои работи се свети

еве го оргиналниот текст

Некој може да смрчи, исто како што мрчам моментално и јас, и да рече – ЕПА ЗЕМИ ТИ ПРЕВЕДИ ПОДОБРО АКО СИ МАЖ!

Одговор – Не сум маж.

Не сум вработена во Неделно Време.

Ќе мрчам и понатаму.

Не го давам Брик Лејн!!!!

слушајте Клеш. Не читајте Неделно Време




недела, јуни 17, 2007

vlatko stefanovski trio - Wroclaw





решив да не коментирам, само постирам слики. Сликите се на Ташко, кој вели дека не се којзнае што, ама се ретро (завршен цитат). Имам и јас ама не чинат. Моиве не се ни ретро. Имаат и некои други ама се таат, чим се одтаат ќе постирам наредни.

Ќе кажам само едно - БЛАГОДАРИМЕ!!!!! НАЈДОБРИ СТЕ! ВЕ ЧЕКАМЕ ПАК!


( ставив и една моја слика, бидејќи маестро Влатко имаше страшно рокерски дуксер кој мора да остане забележан!)

среда, јуни 13, 2007

денови на македонската култура


(на сликава едно од ретките места каде што здогледав плакат, со конкуренција во соседство)

Пред извесно време Развигор во Сајт на денот имаше ставено линк од полското друштво на симпатици на источни култури – Всходниа Перспектива кои решиле да направат фестивал на македонската култура. Програмата им беше импозантна – изобилство на концерти и изложби, работилници за ора и чочеци...

Крајниот исход сепак беше скромен, но сепак она што го направија заслужува почит, бидејќи како што кажуваа – било тешко...

Деновите на македонската култура во Полска се состоеа од неколку точки – во 4 градови – Варшава, Краков, Триград (полскиот метрополис кој се состои од Гдањск, Гдиња и Сопот) во скромни кина имаше недела на македонско кино каде што се прикажуваа – собрани дела од Манчевски, Бал Кан Кан, Како Лош Сон, Илузија, Бубачки, Илузија и Остани Исправен.

Јас за жал можев да одам само на еден филм – Како Лош Сон. Отидов пред се за да проверам како со фреквенција, и морам да признам дека беше поразителна – освен мене и уште 2 други македонци имаше се на се додатни 10 души и сите го изгледавме филмот со англиски превод.

Во секој случај иако филмот не ми премина во фејворитс – бев повеќе од задоволна кога во една од главните улоги го видов не било кој туку Роберт Енглунд – единствениот Фреди Кругер! Слава му!

Втора работа која што се случи во градов мој беше пробување на македонска традиционална кујна и дегустација на Вина од Бовин проследено со презентација на Македонија(на база на филмчето Еден Ден во Македонија, за гледање на Јутјуб) Катеринг сервисот направи мусака, пастрмки и тавче гравче а богами и шопска и таратур за гладната раја која што се појави и изеде и испи се.

Главната точка која што со нетрпение (малку кажано) ја очекувавме беше концертот на нашиот маестро Влатко Стефановски и неговото трио....заслужува посебен пост (stay tuned).



на сликава - ресторанот Ст. Петерсбург каде што се одржа дегустацијата ем презентацијата -

четврток, мај 31, 2007

проститутка?уметност?објаснување?!?

Ако можи малце да се тргните....

Абе ај тргнете се, овде има уметност ова она...

Абе слики гледај – Пикасо, Гоја, Мане....

Ок, ај вака...

Хммм....

Немојте да си мислите дека имаме нешто против вас, баш напротив, вие сте вечна инспирација и муза за уметноста. Вистинските уметници секогаш можеле да го канализираат сексуалниот нагон предизвикан од вас во вистински уметнички дела.

И не, Мојата Жена Мира Пак Мастурбира не е вистинско уметничко дело.

Е ова е уметничко дело на пример, ако имаат раширени нозе...

(или како што тоа го раскажуваат во Време)

"Парафразирајќи еден од прочуените концепти на Јозеф Бојс (1965), младиот уметник Бојан Симовски, еден од учесниците на изложбата „Уметнички дијалози“ отворена во МКЦ, ја предизвика јавноста со своевидна концептуална акција. Акцијата е насочена кон враќање на објектот на МКЦ на младите преку програми за негово реанимирање. Моментно, просторот пред овој објектот е јадро на проституцијата во Скопје.
За таа цел, Симовски во понеделникот вечер покани една од проститутките што „работат отспротива“ да присуствува на симболичното затворање на изложбата „Уметнички дијалози“.

за повеќе од оваа генијална и инспирирачка вест читај овде


и затоа тргнете се малце, ќе се видиме подоцна - има доста нагон за канализирање....

вторник, мај 29, 2007

Тинки Винки упорно намига!!!

Телетабис повторно прават афера...повторно тој стар геј Тинки Винки некому му смета. Овој пат сепак не се работи за неговиот триаголник туку за неговата црвена торба.

И секако се ова од срцето на Европа - Poland! Where else!?

Следува цитат од БиБиСи. гласно е веќе неколку дена, а ете сега е и глобално гласно!

Poland! Where Else?Ништо чудно што туризмот цвета овде. Сите доаѓаат да ги видат пољаците дали навистина се толку чудни или им ваѓаат масоните муабети.

The spokesperson for children's rights in Poland, Ewa Sowinska, singled out Tinky Winky, the purple character with a triangular aerial on his head.

"I noticed he was carrying a woman's handbag," she told a magazine. "At first, I didn't realise he was a boy."

EU officials have criticised Polish government policy towards homosexuals.

Ms Sowinska wants the psychologists to make a recommendation about whether the children's show should be broadcast on public television.

Poland's authorities have recently initiated a series of moves to outlaw the promotion of homosexuality among the nation's children.

Tinky Winky's psychological evaluation is being treated fairly light-heartedly by many people here.

One radio station asked its listeners to vote for the most suspicious children's show. Some e-mailed in, saying that Winnie the Pooh had only male friends.


повеќе овде


А сега поздрав и од Вини Пу! кој навистина имал само машки другарчиња! Сомнително!



понеделник, мај 28, 2007

професионална максидонка ПАК!

Мојот професионален македонизам продолжува понатака.

Откако не успеав да се ставам во организација на фестивалот на македонската култура во Полска (причина, не барале луѓе за помош туку само пари, а 2 долари не им биле доволни), и откако никој не го слушна мојот апел за несвирење на Влатко Стефановски во дувло во кое бере максимум 50 души а барање на минимум поголемка барем сала, се јави некоја добра душа и ми предложи да гостувам на радио и 1 саат да ги гњавам слушателите со информации за фестивалот (аиии) и за Македонија како таква.

На секој 10 минути треба да има по една песна, пута 6 дава тоа 6 песни

Ми треба помош за песните. Радиото го слушаат исклучиво студенти и тоа претежно на интернет бидејќи имаат слаб сигнал за да се слуша инаку.

Студентите слушаат реге и рага, денсхол и даб. Јас нема тоа да им пуштам така да нема многу ни да ме слушаат.

За време на фестивалот цела недела ќе се пуштаат македонски филмови во најмизерното кино во Вроцлав. Во Вроцлав има 2 мизерни кина ( 3 мултикина и 10 немизерни), а тие мораа да го одберат тоа што е подалеку. ГРРР.

Енивеј, листа на песни што можат да се пуштат –

Нешто од Леб и Сол (заради гостувањето на Влатко)

Нешто од Синтезис

Нешто од Фолтин (бидејќи сум локален патриот и имам дадено заклетва дека ќе ги промовирам)

Е сега уште три слободни слота иамме – предлози плииииз!

сабота, мај 19, 2007

благосонување


Се случува следното. Писателот пишува а мечтаачот мечтае да напише книга. И не се знае никогаш која книга е подобра, онаа која што е напишана или онаа која е сонувана а никогаш не напишана. Писателот пишува а сонувачот сонува на сон да му дојде идеа. Едноставно да сони нешто што ќе може да го препише. Да го препише и да рече - ете сега станав писател, сега повеќе не сонувам, сега творам.

Само дали сонот за книгата нема поголемо значење од книгата која ќе ја напише. Дали напишаната книга е толку многу оддаелечена од она што сакало да се напише, да она што никогаш не било напишано вреди многу повеќе.

Ете некој бог го сонува светот. Медитира бескрајно и сонува. Зелена ливада. Среќни луѓе. Со својата ментална семоќна гума ја брише змијата и секое дрво со јаболка. Адам и Ева се вечно весели и насмеани.

Некој вешт бог сака сонот да го стори стварност. Не создава нас и ние живееме. Ние сме дело. Дело кое што може да создава понатаму, или не.

Светот е баш таква напишана книга која што е подложена на анализа . книга која што никако не може да биде истражена до крај – а колку ли само нејзини анализи имало – конзервативни, феминистички, фројдовски, јунговски, дарвинистички, формалистички, деконструктивистички, марксистички, семиотички и пост –структурални.

Секој што се сметал за достоен, а фала му на бога (или на демона) ги имало многу отворил по една школа за анализа на книгата во која што живееме сите. Во книгата дело – живот.

Книгата дело живот ги добива сите награди во историјата на литературата. Мразена е и обожавана.

Богот кој сонува се уште сонува. Нема змии. Нема теории. Нема недоразбирања. Секој сон е семоќен. Секој сон е бог сам за себе.

Битието кое твори е подложено на пораз. Битието кое твори е подложео на болки – секое раѓање е проследено со крик и болка. Секој творечки акт е злобен бидејќи секогаш претставува бледа слика на сонот. Секој творечки акт е изобличен сон. Сон онаков каков што не треба да биде. Секое создавање на живот е создавање на идна смрт.

Творецот твори а сонувачот сонува. Кој од нив е творец на животот а кој од нив е самиот живот.

Одговорот на прашањето доаѓа само кога ќе се одбере страна.

Спиј Будо! Спиј!

петок, мај 18, 2007

поздрав од Тинки Винки!


после интересната дискусија која се разврза кај Жарко веднаш пригодно ми дојде да постирам цитат од овој текст на Салон.цом каде што

(од тука на англиски)

Eight years ago the Rev. Jerry Falwell warned parents that BBC children's television star Tinky Winky was a hidden symbol of homosexuality. Falwell died Tuesday at 73, and the world wanted to talk to Tinky Winky.

"They're calling again, again, again," he said by phone from his home in Islington, in London. A spokesman said the former "Teletubbies" costar got more than 100 calls from reporters in the hour following news of Falwell's death.

"Oh dear, it's easy to say the wrong thing here," he said. "Tinky Winky sad whenever someone dies, but ..." He left it hanging there.



мислам дека оваа тема е многу поконтроверзна отколку тоа што пееле некои прилепски рапери, и кој рекол дека песната им е закон...

и далеку поинтригирачка за обете страни.


петок, мај 11, 2007

Евровизија - revisited!


Долг коментар. Крајно субјективен.



Евровизија Полуфинале.

Бугарија - многу лошо звучи на живо, или тоа беше грешка на тон мајсторите кои го наместија гласот на Елица на максимум а аранжманот, па и целата перкусија беше тотално тивка (или јас имам лош телевизор). Исто така нивното исполнување плачеше за уште двајца танчери да манат некое тешко – две бугарски државјанства ќе завршеа работа. Се квалификуваа па јас џабе везам.

Израел – најголемите лузери на оваа евровизија. Дискриминирани! Цензурирани! Откачени во најлош стил. Многу добро поминаа, само што во песната имаше премногу ДНБ што резултираше во тоа што вокалистот видливо се умори на половина песна. Еден од моите фаворити кои не влегоа во финале. Сите други мои фаворити влегоа, а имаше и две изненадувања, но за тоа потоа.

Кипар – пееја на француски, гласовите на Грција овој пат за среќа не помогнаа. Песната беше чист Еуро Треш, и јас сум многу среќна што нема да морам да ги слушам во сабота. А цело време се плашев дека ке успеат.

Белорусија – конечно и од нив да се види добар настап. Многу добар. Песната се запаметува после прво слушање. Пеачот за некои може да се види згоден. (полскиот водител се задржа при најавата на неговите физички атрибути). Заслужен влез во финале.

Исланд – најдобар рок на Евровизија. Само требаа да го подмитат и Брус Дикинсон, ќе беше уште подобра. Се фатив самата себеси дека после само едно претходно слушање ја научив половина песна на памет. Крајно разочарана дека не влезе во финале. По се изгледа требаа уште да облечат некои костими и да викаат алелуја да постигнат повеќе.

Грузија – најнеевровизиската песна ЕВЕР влезе во финале. Песната е една од ретките за кои можам да речам дека се добри општо, ама за на евровизија апсолутна неприкладни. Пак се покажав како слаб гатач – влегоа, ама се си мислам дека само заради добрососедски односи .

Холандија – слабо. Лошо. Просечно. Заборавив на песната после 1 минута слушање. И тоа би било до крајот на животот.

Швајцарија – уште еден голем губитник. Барем Украина јавно се мајтапи! ДЏ бобо е природен мајтап. Тој многу сака да биде сериозен ама не му успева. Таф лак. Препорака до Бобо да проба со Џуниор Евровизија следната година, овој пат нека сними нешто за Бетмен и сигурно ќе помине подобро, плус помалку луѓе ќе го прогласат за имбецил.

Молдавија – My significant other (отсега МСО) се заљуби во пеачката, а јас нормално љубоморна ја замразив песната. Финалист. Заслужен!

Албанија - супер песна за Макфест 1986 .Лоша за Евровизија 2007. Најдобра песна на Албанија досега. Строго примена. После ова в година ќе пратат повторно еуротраш со кечиња.

Данска – нареден губитник. Драг Квин со досадна песна. Еуро Трашот губи на евровизија – и тоа е одлично!

Хрватска – види Албанија. Ми е жал за Дадо Топиќ, а уште повеќе ми е жал за тоа дека мораше сцената да ја дели со лоша вокалистка.

Полска – види ДЏ Бобо. Многу лош Блек Ајд Пис. Заслужен пораз.

Србија – најверојатно ќе победи оваа година. Можеби и заслужено ама јас гласам за Украина, една од ретките држави со здрав однос кон Евровизија – како кон ѓубре.

Чешка – чешки рок? Не благодарам. Бринг Хелена Вондрачкова и Карел Гот некст тајм.

Португалија – ова немаше да помине дури и на Макфест 1987. Ова некаде е за фестивалот Калинка или тетовско јаболче. А и таму немаше нешто да биде забележан. МСО изјави жал дека нема да ја гледа вокалистката во финале. Јас се израдував уште повеќе.

Македонија – лоша позадина. Каролина исфалшира скроз. (додуша не колку Англија пред неколку години,) се на се симпатично ( да не мрчам и јас толку), и многу подобро отколку Од Нас Зависи. Пред неколку месеци напишав еден многу лош пост за песната. Се уште го мислам истото, и сае радувам дека е на македонски – 99% не го разбраа текстот и затоа имаме финале.

Норвешка – види Португалија, ама овој пат наместо Тетовско Јаболче – напиши Геријатриски оддел Сју Рајдер. Granmas go Salsa.

Малта – симпатично. Непотребно покажување на дебели нозе при крај.

Андора - лошо! Толку! Мразам американ колеџ рок. Мразам Блинк 198 и слични глупости. Мило ми е што не сум единствена.

Унгарија – не гледав. Финалист.

Естонија – не гледав. Нема ни да видам.

Белгија – гледав, ама исто ко да не гледав.

Словенија – МСО уште еднаш заљубен. Јас – нељубител на сопрани. Во секој случај успешен ризик – и за тоа Словенија заслужува честитка.

Турција - Кој го облече Кенан да му ги врати парите. Гарантиран хит во Македонија.

Австрија – види Исланд и помножи со Норвешка.

Латвија – Порака да Италија да се врати на Евровизија и конечно да се слушне нешто нормално, бидејќи другите западни земји по се изгледа не се склони да понудат ништо ново па ние од Балканот мораме да увезуваме Турбо Фолк и сите да ги нервираме. Нема смисла.

Според мене – најдобра песна! Латвија е исто како Украина, земја која добро ја разбира Евровизија – лани излегоа со We are the Winners ! Најинтелигентниот Хумор на Евровизија – ЕВЕР а оваа година покажаа што на секој Евровизиски фан најповеќе му недостига – Италија! Тотота Котуњо! Умбертота Тоци! Канцона и Ла Скала!

вторник, мај 01, 2007

Hey Joe 1770 and counting

Во 2003 дојдоа околу 500-тини гитаристи. Тогаш беше прв пат. Денес бројката најверојатно ја помина 2000! (планирам 2008 да научам и јас да свирам)

Вроцлав е најрокерскиот град на светот! Официјално!



на клипот, мала ретроспектива до 20006

чим се појави 2007, одма ставам!!!!