вторник, ноември 20, 2007

БТ Театар? Ова ли е скандал? или копија на американски филм?

Малце каснам ама....

Очекував којзнае што? Ова ли е ГОЛЕМИОТ СКАНДАЛ ? ОВА Е ГОЛЕМ СКАНДАЛ? Треба да си ги преиспитам критериумите за скандал по се изгледа....

абре аман, скандал мај ес...

во ова нема ништо оргинално, ништо скандалозно и ништо ново што го немаме видено...единствено...што е во битолски дијалект...режирано со некој дојден од Велеградот...




much ado for nothing....

се прашувам дали ова испадна скандал намерно или случајно....
дали хероите - режисери на истиот се случајни или испланирани со децении напред?
дали новинарите понижени и навредени навистина немаат стомак за такви скандалчиња? Само што ова не е ниту скандалче...скандалченценцецуленце....


горниов скандал по оргиналност и квалитет потсетува на долниов мејнстрим.
пс. секоја чест за дечково - многу ведри мигови во животот мој мачен внесе

3 коментари:

Алекс Букарски рече...

многу малициозност ама па никако да реализираш некаков артикулиран став - новинарите ли ги караш, се потсмеваш на инвентивноста и оригиналноста на пресот на екипата или пак од двете по малку?

иначе, скандалот не го направи театарската екипа туку болшевички настроениот новинарски шљам во Македонија која заговара битолскиот театар доживотно да го води една поголема фамилија. (сосе братучеди, браќа, чичковци, стрини и тетки сите заедно)
Тоа колку да те упатам малку во конфликтот што во театарот подолго време постои драга Аниа бидејќи како што се чини некако не си во тек со работите.

Алекс Букарски рече...

и алал да му е на раперот од ромскиот Баир. види само како професионален спот со прилично добра композиција и ангажиран текст напишал.
одличен пример како некој и таму каде што е, во такви бедни услови какви што се, успева да се избори и да направи нешто за себе, наместо на пример да ги пали патиките со првиот воз и оддалеку на сигурно да се потсмева со провинцијална наслада.

Ania рече...

здраво поборнику на скандалите....пак ја утна со репликата, по прв пат, по втор пат а по третиот пат...имаш право на интерпретација.