Ова ми се случува по втор пат. Иако 80-тите беа мое рано детство, она што се случуваше кон нивниот крај со поп музиката, колку и да беше ужасно и катастрофално , долго време ми недостигаше.
И ај сега....
На 9 години моите (т.е дедо мраз) ми ги даде најдобрите поклони во животот – скии (ама кој ги мати скиите, и онака ги немам употребено едно 10 години), туку две прекрасни црни лонг плејки
А тука беа и браќава број 1
кој ги добив малку покасно, заедно со специјалните изданија на ЧАО, ама тоа ми беа поклон за роденден кој го добив по глава кога спиев.
Најповеќе го сакав таканаречениот Џое (тоа после Бајага, оти тој ми беше прва љубов) ама повекето го сакаа Џордан. Само што Џордан на стари години испадна погрд од Џое, а ете го Џое пред неколку месеци како пее
Јас Џое чисто го сакав од прагматични причини бидејќи беше најмал па имаше најголема шанса кога ќе пораснам да не биде ептен стар. А ете го како го пееше ко беше мал.
А инаку од НКОТБ ги имав сите албуми вклучувајќи го и тој со божиќни песни кој го слушав и во лето. Благодарение на тој албум а и на видеото со караоке божиќно песни на Дизни кој беа пуштени за брат ми ги знам сите до една божикни песни на англиски – само никако не ми иди тоа втората строфа од Сајлент Најт, стално ја заборавам.
И после тоа бев на Пелистер на зимовање во петто и кога се вратив од таму решив да бидам металка. Како прво броев колку метал песни знам и избројав 3 од кој што сите три беа од ганс енд роузес. После тоа дотуркав до 10, па баталив за сметка на Нирвана....
Замислете тогаш Курт Кобеин уште беше жив.
Бидејќи тој некогаш жив бил....и ко умрел имал 27 години. Оу мај гад!
А Џим имал 28.
........
(мала депресија)
om shante om
........
Епа затоа ги слушав НКОТБ.
(крај на депресијата)
3 коментари:
Па и се подобри! :)
Ех... како ме наврати на моментите кога и јас бев њукидсондблокерка. Се сеќавам дека еднаш се собравме 5 другарки и ги разгледвавме постерите и решивме дека е време да си одбериме мажи за ако еден ден се запознаеме со нив, да нема кавги... секоја да си чапни по еден и да тера! :)... мене ми падна Jordan... вториот по старост и грдост, ама то е, во името на другарството преќутив... ХЕХЕХ... и не се мажив :)... барем не до денес
Оправдано, де...
Јас знаммм... 5 песни од ГНР. :)
:)))
Kako pamtish samo e prashanjeto - znam edno leto vo pretor se najdov so 2 drugarki od belgrad i ko doznaa deka slusham gnr umrea od smeenje, poshto letoto pred toa slushav nkotb:)))) Ama ne priznavav do kraj deka patam od mentalitet na stado:) E posle vo gimnazija, poshto ushte ne bev povodliva, neli, slushav doors iako prvichnata reakcija na nivnata muzika beshe blaga panika:))
Ama, belki toa se vika edukacija a ne nemanje kichma:)))
Pozdrav, Kevreshan
Објави коментар