четврток, март 13, 2008

makedonsko-grcka razmena na otrovni materii


Едно од моите осумдесет и пет работни места, каде што сум се задржала повеќе од една година а и мислам да се задржам и понатаму (имам слобода, убави услови за работа иако не плаќаат многу ама другите работни места тоа го надоместуваат) е дел од меѓународен франчајзинг (од типот на ЕФ) ама со база како таква во Грција. Сега малце ми е глупаво бидејќи со сите проблеми кои Македонија ги има со Грција јас сум се нашла да работам во училиште кое настанало во Грција. Сепак, ќе продолжам да работам таму бидејќи моите шефови уште вториот ден кога почнав таму да работам ми рекоа – не знам што им е нив таму долу со Македонија, нека седат мадро. Ти немој да се секираш, што се однесува до мене – ние ја признаваме Македонија.

Сепак, еден ден, дојде на поседок главниот шеф на централата за Полска, нормално повторно грк. Директорката на тоа дека сум од Македонија а тој ми го подари најомразувачкиот поглед што сум го добила во животот.

-Од каде? – праша намуртен како Арес кој е познат и како Марс.

- Од Македонија – му одговорив со дионизовска насмевка.

- Од која Македонија? Од Грција? – повторно запраша, опцувајќи ми мајка во мислите едно 87965654 пати.

- Од Република Македонија – седнав од карши него и запалив цигара.

- Како тоа од Македонија? (ќе те убијам мори ееееј, ееееееееееееј смени ја изјавата) – овој пат неговите меѓуредови мораа да му го повишат гласот.

- Така, нормално, најобично на свет – одговорив низ облак од чад кој веднаш стигна до него и му ги насолзи очите.

После тоа станав и отидов на час. Го оставив да ужива во сите пропратни состојки на никотинот кој ги оставив во малата сала, не отворајќи го прозорецот да се изветрее, и затворајќи ја зад мене гласно вратата.

вторник, март 04, 2008