Еве ќе тргнам од себе. Денес не испуштив ниту една солза но цел ден ме болеше главата. Чуствував огромна напнатост и за жал гледав цел ден вести на А1 и Канал 5 а сега гледам спотови на мтв.
Како дознав? Се враќав фино лепо прва смена од работа (пред да заминам на друга ама имав неколку саати пауза во меѓувреме). Слегувам јас од трамвај, купувам цигари од бутка и го земам во раце телефонот на којшто има знак дека ми стигнала порака. Пораката пратена пред 1 саат а тогаш беше околу 11.30. Содржината беше следна – Тоше Проевски загина во сообраќајка. Пред 10 дена даде концерт за 30 000 души. И така во тој денешен до тогаш убав оснчев ден (19 степени) ми се стемна. Прво застанав и ја препрочитав пораката 10 пати мислејќи која е веројатноста пораката да биде мајтап. Но со оглед на тоа дека пораката беше пратена од мајка ми за време на работа шансите се намалија на нула. И во тој момент ми се стегна грлото, веднаш потоа настапи главоболка. И двете ме држат до моментот на пишувањето.
Можам да продолжам со моите лични доживувања (на пример ги откажав часовите за денес после неколку обиди да се сконцентрирам за да ги спремам) поводом смртта на Тошка но муабетот ми беше зошто се чуствувам вака/зошто се чуствуваме вака?
Особено оној дел од нас што Тоше го слуша еднаш годишно, и до денес му се чинело дека што и да направел Тоше е подеднакво важно како и ланскиот снег ( а лани овде малку го имаше и брзо го заборавивме)
Како прво ми падна на памет дека Тоше ми е ем генерација ем колега на моја многу добра другарка. После тоа се сетив дека неколку пати го видов во Битола, ама тоа не беше баш и некоја причина.
После тоа ми светна – Тоше беше нашата надеж. Нашиот спасител – една од ретките можности кои ги имавме да експортираме нешто што вреди. Нешто што и за нас ќе означува поголемо самовреднување. Целата појава наречена Тоше Проевски беше многу повеќе од добри шлагери и одличен глас. Денес за сите нас Тоше се равни со Кирил и Методиј и Александар Македонски. Можеби малку го претерав ама за поп музиката во Македонија Тоше значи исто колку Александар во историјата.
Со таа разлика што Тоше е наше докажано и афирмирано национално богатство. Тоше е марката која што не репрезентираше на Балканскиот полуостров и верувам дека ако ја имаше таа шанса што денес го напушти во Хрватска сигурно ќе се прочуеше и во светот – а и ние ! И ние со него!
Тоше како институција – згоден (како за кој, но за мнозинството и тоа како), хуман, неверојатно талентиран, шармантен – беше нашата надеж која што ја исполна најдобро што можеше. И за тоа слава му!
Грлото ми се стега бидејќи бев горда заради него, со него и за нас .
5 коментари:
Особено оној дел од нас што Тоше го слуша еднаш годишно, и до денес му се чинело дека што и да направел Тоше е подеднакво важно како и ланскиот снег ( а лани овде малку го имаше и брзо го заборавивме)
Е ај кажи ми, да ти кажам. Се осеќам исто како и ти, само што и солзи ми навираат одвреме навреме.
ama mesto celo vreme da placeme, mnogu podobro bi bilo da napravime nesto za toska
za zal rece se naogjal vo pesnata Igri bez granici, a od druga strana na poslednite intervjua kako razocaran bese sto e buntovnik bez pricina t.e. ns cuvstvuval deka moze nesto da smeni
kolku za potsetuvanje eden od stihovite vo pesnata e: eh da mozam da se razbudam vo svet na ljubovta
e pa.... dosta se zamarame so politiki, tracevi...
epa aj da mu ja ispolnime zelbata ako tolku go sakame i od denes
Одлично напишано ... искрајно ...
Se nema zborovi, a tocno e deka negovoto ime treba da se zastiti od sekakvi salabajzeri od tipot na Vucic i ostanata domicilna rulja. Pozdrav vo sekoj slucaj. Jas sum vljubenik vo Polska ama Wroclaw ne sum bil...
Се` што прочитав во твојот текст е скоро идентично на она кое јас го осеќав и мислев деновиве...Можеби си била отсутна од Македонија овој период, но верувај дека сите овде исто се осеќавме, како да ни заминал некој близок, луѓето како хипнотизирана маса истото го повторуваа, сите плачеа, сите исто се однесуваа, се` беше многу тажно, уште ме стегаат градиве кога ќе се сетам, мајка ми уште плачи...Тоше беше како енергија која сите не` поврзуваше. Не знам, не знам што се случува, уште бараме одговори, што, зошто, како, зошто тој...голема празнина остана, многу чудно, не мислев дека можам вака да се осеќам за човек кој не го ни познавав, не му ги ни слушав песните, не ми беше дури ни симпатија. Не знам! Многу работи мислам дека можам да ги дефинирам, да им дадам некаква „форма“, да ги класифицирам, да ги почувствувам со ваков или онаков интензитет, но феноменот Тоше не можам да го опишам никако.
Објави коментар