сабота, ноември 04, 2006

ja kao frilenser

Пред некое време се тргнав од полското образование, заклучувајќи дека не сум доволно света и емфатична да волонтирам цел живот.Станав фул-тајм лектор (досега бев парт-тајм што не му го препорачувам на никого) Повеќето останаа, кои шармирани од долгите летни одмори, кои заради престижот (кутрите, мислат дека имаат престиж), кои заради тоа што сметаат дека се престари за да најдат некоја попаметна работа, кои заради тоа што знаат дека нема да најдат никаква работа. Нешто као, сивилото на учителството, невидлива сива боја на нивните лица, и мутиран учителски мозок, карактер, станува осетливо на минимум 10 метра. Поминуваш низ улица и – ПАЗИ ДАСКАЛ!

Се сретнуваме за викенди, предаваме по истите места кои ги нарекле приватни факултети и виши школи, со некои од нив кои решиле да посветат 2-3 викенди во месецот за едно 200 евра плус. Лекторите влегуваат во училница, ги организираат студентите по групи, носат 1800 додатни фотокопии од весници, списанија, се снаоѓаат со лаптопи, или го носат сопствените. Имаат час, тестовите не им се битни, домашните не им се битни. Прејдуваат на ТИ, во прва можна прилика, ги гребат цигари студентите.

Даскалите носат половина торба црни тефтери, Веднаш по влегувањето и проверување кој се (не) е на час прогласуваат дека ќе има тестови на 15, 28 и 31, и дека кој нема да положи ќе го јади баба рога. За време на десетноминутните паузи помеѓу часовите уште еднаш проверуваат дали сигурно добро се запишале, кафето им се истура врз првиот тест. На работа одат со торба и уште по 5-6 најлонски ќеси со прегледани домашни и тестови, со листи на вежби и долги списоци на зборови од типот на – делови на кола, сообраќајни знаци, списоци на болести и знакови на зодијакот. Самите пред тоа седеле и го колекционирале со цел да ги поделат и дадат за бубање на памет, помеѓу третата и втората вежба на разлики помеѓи презент симпл и континјус.

Но сепак, животот не се состои само од работа. Ете учителите завршуваат просечно со работа кај 13 часот. Уморени се, ги боли главата, и со право. Сепак, ретко кој од нив седнува да гледа серија. Повеќето, преминуваат на функција домаќинка/домаќин, и се додека брачниот сопатник/ичка тешко работи и се враќа дома после 17, и нота бене, го носи лавовскиот дел од семејниот буџет дома, даскалот, чуствувајќи се виновен за своите ниски заработки, доработува дома, тресејќи се над секоја прашинка падната на телевизорот, менувајќи пелена после пелена, одејќи на пазар и во супермаркет по намирници, наминувајќи во секонд-хендот од каршија да провери дали зимските палта се намалија до 10 злоти или се уште се по 30. (значи од 7-2, 5 евра). Даскалите се поткрепа на фамилијата, не им се потребни дадилки, училишни престои за нивните деца, не им е потребно додатно нервирање дека не стигнуваат со куќните обврски. Се е во ред, децата наранети и облечени, ручекот стоплен и салатата издробена, правосмукалката редовно користена и ставена на место, башка тоа и по некоја серија изгледана.

Лекторите исто така имаат слободно време, на лето. Некои од нив не ни мораат да стануваат рано наутро, како даскалите. Ете, голем дел од нив си станува фино лепо во 10. После кафето и другите работи, лекторот влегува во својата кола купена на кредит, излегува од својот празен стан купен на кредит и со својата тешка торба (некогаш акт-ташна) со просечно 10 учебници, 10 ЦД-иња и други работи што занает значат се паркира пред првото работно место. Ако лекторот има среќа, тогаш во тоа работно место ќе остане до кај 18,19 а можеби о до кај 21 навечер. Ако не, тогаш исто така нема да се врати порано дома, ама ќе мора да ја препаркира колата просечно уште три пати. Оние лектори кои немаат кола, во трамваите поминуваат просечно 3 часа дневно, што и не е лошо бидејќи тогаш можат да јадат и да читаат. Секој просечен лектор се бори за место во трамвај, го заслужува исто како старите, инвалидите и мајките со мали деца. Во спротивносто од даскалите, лекторот не се замара со деца, претежно. Иако од време на време, му се згрешува и добива една до две групи деца неделно, ама тогаш на час оди незадоволен и излегува уште понезадоволен, бидејќи децата го потсетуваат на даскалскиот му/и живот. Лекторите, кои работат за себе, се сакани и непочитувани од своите наемници. Никој никому не му должи ништо освен чиста сметка- долга љубов. Лекторите не знаат што е тоа болест, слободен ден и државен празник. На лекторите смешен им е поимот викенд, за нив одамна таков збор не постои во речникот. Затоа под лектор се подразбира – физички здрав како дрен, мобилен како интерсити и комуникативен како радио-милева фриленсер.
Лекторите понекогаш имаат и приватен живот. Доста поретко имаат деца, ама и тоа им е во план. Веруваат дека медицината ќе се развие дотолку што на возраст од 50 години ќе преминат во родителство. За машките лектори, градењето на куќа и садењето дрво не е некој особен проблем. Првото го решава кредит, второто извесно време поминато со лопата. Рековме дека е здрав како дрен и тоа не е за него тешко. Сепак со плодењето на синови лекторот има потешкотии, иако не со актот на плодењето (чинам, лекторите немаат ништо против сексуален акт, доколку имаат сила и време)

Во глобала лекторите наоѓаат време и за аеробик и пилатес, за време на летниот одмор редовно одат во Куба или во најмала рака Ибиза. За време на ноќниот живот често се случува да лекторите се дружат исклучиво со лектори или евентуално нејтив спикери (лектори). Со претставниците на другите занаети често не можат да се сретнуваат. Оние вторите излегуваат во петок и сабота. На лекторите, да речеме, повеќе им одговара вторник, бидејќи во среда почнува дури касно попладне. Тој ден го наречува полувикенд, бидејќи самиот збор викенд, како што кажавме претходно, не постои во нивниот речник.
Денес е понеделник, лекторот кој го пишува овој текст има полувикенд. Вчера преостанатиот дел од неделата го помина во спиење. Има време да напише текст, има време да ислуша цела една плоча дури го пишува. Има време да испие половина кафе и да исконзумира две цигари. Лекторот го набљудува својот 19 инчен ЛЦД екран со љубов. До неодамна, кога беше даскал, светот на интернетот го набљудуваше од многу поужасен агол и преку многу побљак сетинзи. Лекторот се гледа на небото полно со облаци, го гледа портретот на Далај Лама насмевнат од позади екранот,и размислува која книга ке ја понесе со себе во трамвај, да не фаќа многу место помеѓу 5 учебници. Летото е далеку, а платите блиску. Кисела насмевка и сејвиран документ. Толку.

1 коментар:

MARCUS рече...


Заемот нуди 2% камата

Ако ви треба финансиска помош, не двоумете се да не контактирате. Можете да добиете заем во опсег од 2.000 € до 1.000.000 € на многу поволни услови во целокупната законитост и сигурност. За да дознаете повеќе за финансиските аранжмани, ве молиме контактирајте не преку е-пошта. E-mail: marcuford@gmail.com