понеделник, ноември 06, 2006

days of joy


Во глобала, тоа би ти било толку. Се ближи зима, период од годината кој нуди изобилство на фрустрации, што значи и поплоден период на блогов. Сега засега е плитко, и мирно. Се радувам како мало дете на тоа дека имам кабловска(од пред некои два дена), и по цели денови гледам Џери Спрингер. Решив дека гледањето на глупости е вистински мелем на душата, после толку време осуденост на вкупно четири канали, на кои пред се се емитуваше парламент, или пак вести, во кои еврото упорно паѓа а платите упорно не растат.

И така, сега седам фино лепо пред телевизор и нижам канали. Си мислев, дека кога ке имам кабловска ке гледам исклучиво дискавери, ама тоа се испостави невозможно поради фактот дека на дисковери, секоја втора емисија е за Египет, или пак ги даваат тие кусите филмови а развојот на авијацијата. Ниту едното, нит другото не ги тантелам три посто, и затоа решив да му се посветам на гледањето на ВХ1. Таму пак, од сабајле до вечер депресираат со Крибс или The faboulous life of…. На МТВ пак ништо освен рап и Pimp my Ride. На Вива само Тиесто и останати Ван Бурени.

Затоа седнувам пред телевизор и навивам за лезбејката која што на сестра и и го презеде мажот бидејќи открила дека е би ( па секој има право на истражување на својата сексуална ориентација), или пак навивам за 14-годишната проститутка која што сака да се избори за своето право да го продава своето сопствено тело (него шта) пред своите родители и цела Америка. Па way to go world!!!! Само не сфаќам една работа. Зошто публиката во студиото наместо гласно да навива ко мене за гостите во студиото цело време вика Џери Џери Џери!!! Дали само заради тоа што така им рекле или Џери е стварно избавител од секакви тегоби, месија, во чиишто храм не треба никаква жртва освен 80% од мозокот и неограничено количество на слободно време???

Одиме – Џери! Џери! Пимп мај ТиВи!

1 коментар:

Анонимен рече...

I am so glad to have you back. :)