сабота, ноември 11, 2006

магијата на викендите


Магијата на викендите е меѓу другото и во неделата наутро. Тоа е кога стануваш со слоновска главоболка и ја проколнувш вчерашната вечер. Добро беше да, ама главоболката е факен ту мач = автоматски те тера за се да зажалиш. Недела наутро е и кога стануваш избезумен и се движиш кон фрижидерот. Го отвораш и пиеш по ред млеко, јогурт, расол, сок од лимон и солило од сирење.. После таа комбинација трчаш да повратиш а после тоа паѓаш во кадата за време на туширањето. Апчето за глава има бавно и слабо дејство. Падот во кадата те остави со 4 џумки од каде што падна. Едната од нив има 4 бои, како втора половина на виножито. Интересна глетка. Суровата вистина за неделите наутро е во тоа дека ти нема спас, проколнат си од демонот хенгоувериус рексус.

Сепак, има една многу убава работа во неделите наутро. Мала искра на искреност, оптимизам и вистинска добрина. Мала изјава која после која многу срца би омекнале и многу очи (извежбани од бразилски теленовели) би заплакале.

Признаваш дека од другата недела нема толку да пиеш. Кога ќе излезеш нема да те мрзи да ја испеглаш кошулата. Кога ќе му земеш на некого телефонски број ќе се јавиш. Секое утро ќе миеш заби 5 минути а не 30 секунди. Секоја недела попладне кога ќе ми помине ова главата ќе одам кај мајка ми со букет синолички. Ќе му напишам маил на другар ми. Од забавиште се немаме видено. Ќе му се извинам на шефот за тоа дека побарав покачување на платата. Денеска стварно разбирам дека фирмата сака ама не можи. Совршено ми е јасно дека фирмата се грижи за своите работници.
Ќе мијам раце после јадење.

Пред де.

Нема повеќе да шверцувам алкохол во кафич

Нема повеќе да бегам со неплатена пијачка и после да се правам како ништо да не се десило.

Нема повеќе да дилам на 13-годишници.

Никојпат нема да ми се повтори онај инцидент пред 5 години во машкото вц.

Најискрено жалам дека во второ ја кажав Наташа на учителката.

И дека украдов од продавница три чунги-лунги

Само те молам боже измисли подбри апчиња за глава.


Магијата на викендите е во тоа што кон нивниот крај многумина ветуваат дека ќе станат подобри. Во понеделник излегуваат чисти и безгрешни. Со чиста коса и со стик под мишки.

Дури и си ги перат чорапите.
сликата е од тука

3 коментари:

Анонимен рече...

way to go

Анонимен рече...

bez veze....

Анонимен рече...

vo pravo si - katastrofa