1. Дружете се околу 7 години
2. Бидете си сведоци на свадби
3. Најавувајте се и за крштевки, нема веза што се од различни вери.
4. Од време на време престанувате да се јавувате по околу 3 недели
5. Средбите изгледаат вака – седење , пиење, играње, бегање дома
6. Средбите потоа изгледаат вака – седење, пиење, играње, играње, играње
7. Следува излегување во вери пош плејс.
8. Пишувачот на постот мрази пош места од чисто практични причини – пивото е скапо
9. Другарките сметаат најверојатно исто а порачуваат прилично многу, плус некоја поефтина грчка салата
10. После тоа под влијание на импулс решаваат да речат – бегаме, не плаќаме сметка, речете дека не не познавате.
Следуваат 3 пораки и едно јавување. Не се враќаат.
Следува плаќање на сметка од скоро 50 евра од страна на оставената со неплатена сметка странка..
Најтрагично во сето тоа е фактот дека тие луѓе имаат пари да си ја платат сметката. Не се работи за немаштија и не земање на плата.
Сега прашање – има ли логичко објаснување???
Нели е добар патентот? Иако логика нема, со тоа сигурно се сложуваме
Нема коментари:
Објави коментар