Во суштина јас не смеам сега да пишувам.Кога чукам на тастатурата, гласно е. Некој спие на нецело метро од мене, се помалце и помалце ритмички дише. Часот е 10.30, не ни помислува да стане,денес, во вторник.
А овој вторник, за мене нов ден и нова кариера, по старо, разбира се. Требаше да одржам два часа во една банка. Одржав еден. Отидов порано, бидејќи, во суштина не знаев кај одам. Испадна дека местото го најдов брзо и се мотав околу зградата дваесет минути. А ветерот дуваше ли дуваше. Се вратив за саат и половина. Кога влегов во станот, заклучив, дека исто како да не сум излегла. Се остана како што го оставив. ритмичкото дишење посебно.
По малце фрустрирачки додуша. Оди човек, ѓоа на работа, ако 120 минути работа можат воопшто да се наречат работа, и се враќа, ѓоа изморен, а во суштина, вчудоневиден дека лесно си поминал. И се враќа, значи, а овде се уште,овде, значи во станот, ништо не е разбудено.
Го допивам кафето кое што едвај го начнав во 6, низ прозорецот почнува да смета сонцето (кое по едни пати се уште се појавува), улицата живнува, мојот сигнификант адер се уште не се ни разбудил, а јас завршив со работа за денес.
И како сега да не ми е чудно. И како сега да не се прашувам, ај анасана, шта је леп овој свет. Сите рмбаат, а ти си завршил пред да започнеш. Убаво е да не се биде повеке професор во средно. Лакше се дише, убаво се сонува, и единствено се секираш зошто по ѓаволите, мојот стан е тивок и исполнет со ритмичко дишење, а богами и подрчнување, кога мене ми завршило работното време.
1 коментар:
hej super shto se vrati! imam shto da citam! Pozdravce!
Објави коментар