Кога велам најважни велам дека сум сигурна дека имаат некое влијание врз мене, мојот начин на размислување, смислата за хумор, изборите кои ги правам. Еднаш размислував на темата влијанието на филмовите врз нас, и после 5677594-то гледање на Брилјантин сфатив дека еден од моите најхардкор симпатии од 6-то (ах, несреќна љубов беше тоа) беше плукнат Џон Траволта, ама отепан т-брд, ужасно! Ама вистинито.
После тоа престанав да правам ретроспективни анализи ама решив да си направам листа. За да имам референца....ако притреба.
Најважни , не значи најомилени....значи најважни исклучливо.
1. Бриљантин
2. Крај бејби
4. Траинспотинг
5. Лагаан
7. Мојот таканаречен живот (серија)
8. Корчак
9. Лост ин транслејшн (сметам дека овој наслов не се преведува, поради очигледни причини – точно е и изгубено во преводот а точно е и изгубени во преводот)
Сега може да се очекува дека наредните постови ќе бидат за тоа зошто тие филмови се најважни.
И зошто не се најомилени.
Ова не е топ листа, само листа каде што редоследот е случаен.
Нема коментари:
Објави коментар