вторник, април 03, 2007

а никој не ја знае....

кај Филип открив, веќе стара работа (али ете, ние во ЕУ последни дознаваме), дека повторно ни го крадат фолклорот.
ај што ни го крадат, па не го ни признаваат дека е наш - бугарски бил
подобро нели да е анонимен, а не бугарски

него друго ми беше муабетот. Многу си ја сакам зајди зајди, ептен ми е мака што некој ми ја анонимизира на овој начин. Можам да додадам дека ми е мака и тоа дека ми ја бугаризира, ама првото ме боли повеќе.

Баш она пред некој ден седам и правам муабет со некој игнорантен пољак во врска со тоа колку е убава и фантастична македонија и сфе тоа
и велам дека - Македонија си е убава како таква, ама кога ќе се научи нејзината историја, кога ќе се разбере за нејзиното значење во светското културно наследство - е тогаш тек станува не само убава туку и света.

само проблемот е во тоа што треба да се објаснува што е тоа убаво и свето во македонија, и кога така објаснуваш а немаш пред себе барем глупави слајдови тогаш дури и самиот на себе глупаво и патетично си звучиш дека треба да објаснуваш тотално очигледни работи кои на многумина не им се очигледни.
и ги боли левото уво за тоа (автоцензура)
и се ок

додуша респект за композиторот - муабетот со Буш му беше на место, и покрај сета игнорантност што ја покажа за се друго.

Џабе јас тука везам кога се што сакам да кажам долго пред мене, пред Трендо, и пред сите други го кажал еден од најдобрите македонски поети Анте Поповски, слава му

Еве ја таа проста земја
од дволичен камен
и сонце
Децата уште незаодени каде откопуваат
лобањи по градините
Еве ја таа проста земја
од пајажина
и од води
Мудро слободата кај што ги запишува
селските имиња
Место икони по црквите
И каде летото како судбина
Трае до последниот востанат
Еве ја таа проста земја
од заморено дишење
и од молк
Низ која времето одминува
и пак се враќа
Со неа да го сподели лажното траење.
О, еве ја таа проста земја
од грч
и од чекање
Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски
А никој не ја знае.

2 коментари:

Анонимен рече...

The Cult of the HulaHop: Вклучи се

...

праски изртени ..
корење недогниени ...

плевел и бршлен ... икони и ровка почвица ...
инсталација .. и клесан камен ...

череп на крстот и носците .. ветрогон на песната и будалаштија на Библијата ...

некоја Македонија ...
робена ... некои песни и митови ... некоја димензија заспана ...
историја

Анонимен рече...

wow gold,World Of Warcraft gold,ffxi gil,world of warcraft power leveling wow power leveling,wow gold,World of warcraft power leveling,buy wow gold,wow gold,Cheap WoW Gold,buy world of warcraft gold for cheap Cheap WoW Gold,WoW Gold,world of warcraft gold,WoW Gold,cheap wow gold,cheap wow gold,wow gold
wow gold,wow power leveling.wow power leveling,wow power leveling,world of warcraft gold,world of warcraft gold,wow gold,world of warcraft gold wow gold,wow gold,wow gold,wow gold,wow gold,wow gold,传世私服传世私服, 传奇世界私服传奇世界私服 n2v4y4xs