вторник, јануари 23, 2007

VEST - JEDINA INSPIRACIJO MOJA!!!

ЕТЕ И денес (туку вчера беше) мојот најомилен весник ВЕСТ ме инспирира да го цитирам како пример за следење и обожување. во овој број Вест ме потсетува зошто Битола на лето ми оди на нерви, и тогаш кога сум во Охрид.

- Битолчанката Емилија Поповска е избрана за нај пуфла, на изборот што се одржа во петокот вечерта во кафе барот "ФХ" во Битола. Титулата најпуфла, едногласно и беше доделена на Емилија, студентка на Економскиот факултет во Скопје, која ги исполни сите критериуми за учество на овој избор.А освен што требаше да биде битолчанка, потребно беше девојката да оди на плажа по штикли, да има "откачено" минимум дваесет додворувачи и кога ќе биде доведена во ситуација да и "падне" носот - да не се наведнува за да го крени.
-Среќна сум што токму мене ме избраа за најпуфла во Битола, но на јавноста сакам да и кажам дека пуфла нема ама баш никаква врска со изразот шмизла. Вистинското значење на зборот пуфла во Битола е поинакво одколку во другите места во Македонија- рече по завршувањето на изборот првата битолска пуфла Емилија.
М.П. -

за слика на битолската најпуфла и дополнително дружење со исконските веди на Вест кликни овде

на здравје.

Карпе дием

2 коментари:

Анонимен рече...

Аниа, а какво значење има зборот „пуфла“ во Битола дај помагај :)

Ania рече...

imas opis vo napisot