На една бандера, на која што случајно погледна вчера, така за едно 30 цм повисоко од мене забележав залепен скромен леток. На летокот имаше две црно-бели фотографии со црномурест тип со покриени со црна лента очи. На едната фотографија седи потпрен со раката на брадата,онака филозофско настроен. На другата пак изгледа пообично, поафрикански и да не беше лентата сигурно ќе не погледнеше право во очи. На летокот напишале со болдирани букви – смртна казна за Симон М. ХИВ терорист!
Во суштина, тоа беше содржината на летокот. Поминаа неколку недели.
Прв пат го слушнав тоа име пред неколку недели. На вести на радио слушнав дека некојси Симон М., Камерунец со азил во Полска заразил неколку полски моми со ХИВ иако знаел дека е носител. Една девојка пријавила во полиција уште пред пола година, но полицијата не презела никакви мерки се додека бројот на момите не достигнал 4. Оваа вест немаше да го засегне моето внимание доколку не беше пратена со уште еден додаток – Симон М бил многу згоден и најчесто ги запознавал девојките по журки во некои ептен кремски места. Девојкие паѓале на тоа што дотичниот бил наводно познат поет и драматург и ги молел девојките да му помогнат да преведе од англиски неговите дела.
Е ова си реков мора да е интересно, ајде да видиме кој славен херој сме го гостеле во Варшава.
После неколку неуспешни обиди на гугле, успеав да ги откријам преостанатите две букви од неговото име (има една книга за дневникот на Адриан М., носат исто презиме). После тоа беше лесно, напишав име и презиме на гугл и добив безброј страни.
Стварно бил славен.
Решив да проверам зошто. Барајќи така видов дека лицето С.М има и блог, и тоа на англиски. Веднаш почнав да го читам. И еве што открив.
Симон си живеел во Камерун. Работел како новинар во два весници – еден про а еден контра влада. Кога му дале ултиматум да одбери еден го одбрал весникот на опозицијата. Таму пак напишал за тоа како владата е корумпирана и лоша и сфе, и завршил како бегалец во Гана. Во Гана пак не му било интересно па, апелирајќи до ПЕН клубови, со помош на Канада најпосле се нашол во Варшава, каде што прво живеел во хотел со 5 ѕвезди, се разбира на сметка на полскиот ПЕН клуб, за после да биде брзо пренесен во студентски дом а на крај во дом за бегалци. Во Полска е веќе 6 години, и за тоа време се прославил со многу работи освен тоа за што напишав на почетокот. Како прво основал театар со други бегалци и заедно играле 4 негови претстави. Последната претстава се вика – Печатот на Расата (race stamp). Како второ почнал да издава списание во кое што го опишувал животот на бегалците во Полска (околу 2000, претежно чеченци и африканци, не им е интересно, имаат по една соба на фамилија и скоро никакви средства за живот, ама тоа е друга тема)
Се разбира, живеејќи во Полска Симон наишол на цела низа проблеми. Меѓу другото заради својата раса. Најтежок проблем (освен овај кој што го има сега) беше тоа што го обвиниле дека не платил за бензин бидејќи им се видел многу црн. Сепак, сопственикот на бензиската станица му се извинил и се среќно завршило. Освен тоа Симон често помагал во решавање на расистички конфликти во Полска, пишувајќи за нив во весници и ингерирајќи во безброј невладини организации. Сето тоа го документирал и удостапувал. Неговата активност против расизмот му донесе и титула – Антифашист на Годината доделена од антифашистиката организација Нигди Вејнцеј (никогаш повеќе). Објавил и една збирка поезија преведена на полски. Симон пишува на англиски.
Обвинувањата дека е ХИВ позитивен не биле новина за Симон. На својот блог напишал и за неговите неуспешни врски со пољакињи кои што не можеле да се врзат подолго време со него бидејќи бил африканец. Како претседател на друштвото на азиланти и, како што погоре напишав, Антифашист на годината, бил напаѓан многу пати, буквално (скин атекс) и преку озборувања (бил хив позитивен). На блогот тврди дека иако никогаш не се тестирал не е возможно да има ХИВ, и воопшто пољаците се расисти кои тврдат дека секој африканец има сида и како не им е срам.
На вестите тврдат пак дека Симон бил тестиран веднаш кога почнал да живее во домот за бегалци. Било утврдено дека е позитивен и тој многу добро знаел за тоа.И сега не се знае ништо. Имаме две страни на истата приказна. Имаме околу 4 заразени девојки. Насекаде апели да сите жени кои спиеле со црнци користат презервативи. Насекаде апели да секогаш кога ќе се види црнец да му се плукне во фаца. Се заради Симон М. Тој е хив терорист. Намерно заразувал. Гад! Мајмун! Црко дабогда!
Полските медиуми оживеаа. Секојдневно не ранат со нови податоци за Симон. Полските интернет форуми пукаат од расистички изјави. Се чини дека треба мало пламенче во вид на Симон за да излезат сите наши скриени стравови и омрази кон непознатото и кон она што не сме ние. Ние бели а тој црн. Ние здрави а тој со хив. Доволно е тоа за смртна казна. Доволно е тоа за да почне да се рика и мава. Доволно е тоа да сите припадници на другита раси се плашат да излезат од дома.
Симон М. Е во затвор. Доколку ова сето што се тврди за него во медиумите е вистина тогаш сигурно дека многумина би се откажале од својата толеранција и своето пријателство кон целиот свет. Гледањето на светот црно-бел повторно овде победува со целиот спектар на бои кој иако шарен и убав бара доверба, внимание, акал и отвореност истовремено. А тоа да се достигне е богами тешко. За тоа треба време.
Мене ми остана само да се надевам дека нема повеќе да има слична афера после која што на зидовите и бандерите од градот ќе читам смртни пресуди за странци. Ми остана да се надевам и дека ова е последен момент каде што ми се чини дека она што пољаците го претрпеле до 45 добар дел од нив ништо не научило. Ќе седам и ќе чекам. Имаме топла зима.
п.с нема презимиња и линкови намерно, кој сака може да побара сам, многу е лесно.
2 коментари:
Јас не би идел толку далеку. Камерун дрн дрн.... Вистинска приказна од Инфективна Клиника Скопје, ми ја прераскажа другар мој кој најслучајно бил таму на пракса и кој нема ни грам причина да ме лаже.
Во суштина кратко е, дошла девојка на тест, ја тестирале, откриле дека е позитивна. Кога ја прашале зашто се посомневала дека можеби е заразена, таа им рекла дека последниот тип со којшто неодамна имала секс (condomless, разбира се) на крај од копулативниот чин едноставно и рекол "Епа девојче, welcome to the club, ја имам сида!!"
После можеби две години откако за прв пат ми беше кажано ова сеуште неможам да најдам доволно погрдни зборови за да искоментирам како што треба. Едноставно нели, две години јас вријам од бес!
јас сето тоа разбирам и мене ме фака нерва за сетава ситуација ама не можам да најдам логика во целиот опишан случај, ако дознаам....ќе допишам со наслов - што сакал симон м да каже
Објави коментар