"стандарден блог, aka претерано неинтересен ем досаден" featuring: India,ego-trippin, blues skies, rainy days, longing for the summer, missing/hating my home-town, people passing by my window, ___________________ (fill in the gap)
недела, октомври 12, 2008
zoshto ne pishuvam
има малигно заболување и и требааат пеинкилери
очајно
вторник, септември 30, 2008
среда, јули 30, 2008
update
Мислете си Полска ова она, ладно дрн дрн – везе нема тоа – помина. Иако температурата е благо над триесет јас немам летна визба или двор со сенка, а немам ни пријател под рака со двор со сенка. Дремам дома и се туширам 8 пати дневно. Да, во Индија беше пожешко ама ви Индија секаде имаш климатизација. Буквално.
Второ, сакав да напишам нешто што мислам за ситуацијата во Македонија и светот во глобала, арно ама во последно време некако не ми оди конструктивното пишување. Кликајќи на ворд и полнејќи го секој нареден ред на страницата никако не можам да замислам со која сорджина да го наполнам..
Затоа што не сакам да пишувам за политика.
Не сакам да пишувам за хунзите.
Не сакам да пишувам за каменот на Розета (Розета ми беше комшивка бтњ, поздрав) ниту за бојкотирањето на Грција.
Не сакам ниту да споменам дека на последниот филмски фестивал во Вроцлав браќата Манаки беа претставени како грци од грчкиот град Монастир.
И воопшто не сакам да пишувам како последно време сум на полскиот интернет каде што се обидувам да им раскажам со докази на некои заблудени луѓе дека македонците на пример не силувале муслиманки во Босна.
Не сакам , затоа што секој мој јавно кажан збор ми лепи на челото етикета.
Јас не сум таблица за етикети.
Ситуцијата што ја набљудувам преку призмата на интернетот е трагикомична. Единствено што можам да направам е да молчам.
Би сакала малце молк. Молкот е добар.
После молкот доаѓа музика.
Молчам.
вторник, мај 27, 2008
полска - германија стари другари
ама само малце
во пресрет на вчерашното нерешено Полска -Македонија, кое што овде е доживувано како голем неуспех на полската репрезентација (јес да играа како резервен состав, ама...) Вчерашниот натпревар го следев на полската национален канал но и ѕиркав, како нет-џанак, на тоа што се случуваше на нет. На мошне интересниот директен инет пренос со вметнати коментари кои и баш немаа многу врска со футбалот - морам да се пофалам дека од вчера неколку илјади пољаци кои го читаа тоа имаа можност да изгледаат еден куп јутјуб клипови за Македонија, претежно од нашите мисици, но сепак, некакви. исто така дознаа за некои македонски рецепти и за сето тоа време ни се обраќаа спрема уставното ни име.
(speaking of football, wtf was offside?)
главна тема на рандом фудбалски пост беше односот помеѓу Полска и Германија, или пак, да бидам поконкретна на Германија спрема Полска. Германија е инаку, да не згрешам, ама последна земја во ЕУ која што не прима пољаци на работа, бидејќи многу германци живеат со следните стереотипи -
Пред целата историја од клипот погоре, кој е најава за натпреварот кој треба да биде за една недела во рамките на антиполски реклами во Германија може да се издвои и следната - немаше код, па мора со линк само.
како пола пољачка не се осетив нешто особено навредена, а не се навредија глобално ни пољаците, но сепак морам да се согласам дека ова е крајно низок и невкусен удар. Се надевам само дека некоја полска ПР агенција ќе направи од ова позитивна кампања за полска како што беше случај со славниот полски хидрауличар од кој порано се плашеа французите.
освен полскиот хидрауличар, се појави набрзо и полската медицинска сестра
после ваква најава на натпревар, гледајќи го, во некој кафич со милион разурлани луѓе околу мене, ќе морам да си ги отворам очите четири, и да ги следам сите полски прсти на водоинсталатерите и медицинските сестри мошне внимателно.
Сепак, човекот е под влијание на медиумите........
жива сум
Во меѓувреме не станав особено попаметна, побогата или поинаква. Прочитав малце книги, изгледав повеќе филмови и изиграв милион рандом партии на хироус 3. Неколку убави работи се исполнаа а неколку не.
Македонија не влезе во НАТО
Македонија не влезе во финалето на Евровизија.
Дел од грците и дел од македонците си подадоа рака.
Македонија и Полска вчера нерешено.
Полска изгуби на Евровизија.
Почнав да слушам радио Равел онлајн и многу добра музика има да му се сневиди.
Ми се спие.
четврток, март 13, 2008
makedonsko-grcka razmena na otrovni materii
Едно од моите осумдесет и пет работни места, каде што сум се задржала повеќе од една година а и мислам да се задржам и понатаму (имам слобода, убави услови за работа иако не плаќаат многу ама другите работни места тоа го надоместуваат) е дел од меѓународен франчајзинг (од типот на ЕФ) ама со база како таква во Грција. Сега малце ми е глупаво бидејќи со сите проблеми кои Македонија ги има со Грција јас сум се нашла да работам во училиште кое настанало во Грција. Сепак, ќе продолжам да работам таму бидејќи моите шефови уште вториот ден кога почнав таму да работам ми рекоа – не знам што им е нив таму долу со Македонија, нека седат мадро. Ти немој да се секираш, што се однесува до мене – ние ја признаваме Македонија.
Сепак, еден ден, дојде на поседок главниот шеф на централата за Полска, нормално повторно грк. Директорката на тоа дека сум од Македонија а тој ми го подари најомразувачкиот поглед што сум го добила во животот.
-Од каде? – праша намуртен како Арес кој е познат и како Марс.
- Од Македонија – му одговорив со дионизовска насмевка.
- Од која Македонија? Од Грција? – повторно запраша, опцувајќи ми мајка во мислите едно 87965654 пати.
- Од Република Македонија – седнав од карши него и запалив цигара.
- Како тоа од Македонија? (ќе те убијам мори ееееј, ееееееееееееј смени ја изјавата) – овој пат неговите меѓуредови мораа да му го повишат гласот.
- Така, нормално, најобично на свет – одговорив низ облак од чад кој веднаш стигна до него и му ги насолзи очите.
После тоа станав и отидов на час. Го оставив да ужива во сите пропратни состојки на никотинот кој ги оставив во малата сала, не отворајќи го прозорецот да се изветрее, и затворајќи ја зад мене гласно вратата.
вторник, март 04, 2008
четврток, февруари 28, 2008
Моите јас и името
Во мене има неколку јас – првата е европејка – иако во глобала нема на запад никогаш отидено (секогаш враќајќи сево мк за време на сите поранешни распусти наместо да зафати накај Лондон за да заработи за нов мобилен/мп3 – како тогашните и сегашните мои врсници). Најзападно што сум била е Познањ, шит, се уште на исток. Нејсе шетаноста, европското не е само на запад – нели македонија е папокот на светот?
Второто јас е балкан – не жена балканка, бидејќи секога балканска жена треба питите и зелниците да знае да ги направи без да купува готови кори и да го загори зајрето за на крај се да оди во ѓубре. Не пијам ракија. Не го знам калајџиското, ама го знам беранче. Илјадници индиски деца од мене научија да го играат пајдишкото ( да, се уште очекувам официјално државно признание за тоа). Не пијам како половина Битола – шток или коњак од Бадел. Воопшто жесток алкохол не ми е вкусен. Не сум знаела да го пијам. ОК. Не е битно. Ми остана виното и пивото. Балканот во мене го сака хаосот. Балканот во мене ги сака тапаните и зурлите. Балканот во мене гестикулира и гласно зборува, иако, наводно, гласниот говор сум го наследила од полскиот ми дедо, а брзиот ми говор од полската ми мајка.
Европското во мене ми вели дека сум граѓанин на светот, дека нема врска од која држава потекнува доколку се се базира на слобода, демократија, пари и труд. Доколку знам каде се пуши и каде не и доколку го употребувам секој нож и виљушка според правилата и прописите на савуар виврот. Европското во мене зборува течно англиски со американски меинстрим акцент, впиен преку Холивуд, ретко слушнат на живо – бидејќи, ете, западот не бил моја дестинација за патување/живеење/заработување.
Балканското во мене се дели на панбалканско и македонско. Панбалканското е српско-хрватски пасивно течно/активно ок, неколку гига музика со таг екс ју и чувството дека сум дома кое почнува во Суботица, а до некаде и во Будимпешта. Панбалканското ми го присвојува Егејско, Јонско, Јадранско и Црно море а Сараево, Загреб, Белград и Софија се и мои главни градови.
Македонското во мене упте се дели на неколку подмакедонски категории, ама ќе ги изоставам. Општо гласно вика – МА КЕ ДО НИ ЈА – секогаш кога има и нема потреба. Има потреба да оди Канео еднаш годишно, да ја види Битола од страната на Лавци и да поминува со прстите по нејзиниот хоризонт обидувајќи се како слепец да ја сочува нејзината форма за да може подоцна да ја олицетвори во некоја северна ноќ. Македонското во мене е словен и старомакедонец и православен христијанин совршено вплотени и неразделни во мојот идентитет, т.е во македонскиот дел од него.
Пред неколку години Анджеј Вајда, кој овој пат повторно не успеа да земе Оскар за конкретен филм, доби Оскар за животно дело. Појавувајќи се на сцената за да ја земе наградата од рацете на Џејн Фонда, покрај тоа што знае да зборува англиски, после Лејдис анд Џентелмен, почнува да зборува на полски, и вели вака – ќе зборувам на полски, бидејќи сакам да зборувам онака како што мислам, а мислам на полски.
И јас постот ќе го затворам (без да добијам Оскар, за жал) со истото – покрај сите мои јас - моите мисли сепак беа и ќе останат македонски. Следствено, сето она што е база на моето јас/моите јас (когито ерго сум) – е Македонија – под тоа и ничие друго име.
понеделник, февруари 25, 2008
Turkey to represent Ireland
(Добро де, не е баш Турција ама мисирка, и тоа каква мисирка! )
Се вика Дастин и ја признава Македонија!
Зборува со даблински акцент и ја признава Македонија!
на неќење има турбо фолк ритам!
прогноза - минимум 3 место (досега не сум ги слушнала сите)
аха, во Полска импортиравме анонимна американка (за која постои големо сомневање дека е транвестит, што нормално во ЕСЦ е секогаш плус), која што многу тенко испеа плагијат на Витни Хјустон и нормално - победи!
среда, февруари 13, 2008
приказната за бившиот Џејсон
Ако земите да барате полски јутјуб клипчиња ќе налетате на многу снимки од пијаници и бездомни. Помладите, пред се тинејџерите, обожаваат да задеваат бездомни алкохоличари, а после ставањето на снимката на јутјуб коментарите само предизвикуваат да таквите снимки се множат – сеир милина!
Норби исто така реши да снима пијаници. Не мораше да ги бара посебно бидејќи беа пред неговата зграда, некогаш седнати, некогаш застанати, најчесто легнати на земја/трева. После неколку снимени клипа почна да прави цела сеир - серија за малскиот пијаница Џејсон (дали така го викаат стварно или тој псевдоним му го измислил Норби, не успеав да откријам) Во текот на снимањето сепак, нешто се случи...
Ова што следува многумина ќе ги изненади, а некои други пак можеби нема да ги остави рамнодушни кон луѓето кои не им се посреќило во животот, па единствената суштина ја пронашле во алкохолот.
Погледајте ја приказната за Џејсон. (со англиски написи)
петок, февруари 08, 2008
Секси Флекси, или полски функ на англиски
како прво - Наталија Кукулска која после 100 години кариера и две деца направи прва добра песна која што никој освен мене не ја сака. Нешто како Анти-Бритни
како второ - Систарс, веќе се растурија и сите до еден кои се појавуваат на клипот пеат соло. Инаку момчето кое пее овде моментално се лансира како полски Тимбаланд. Главни во групата беа двете насловни сестри, кои овде за разлика од другите 99% нивни песни пеат само пратечки вокал.
Како трето - полската Роузин Марфи - Новика - порано ДЏ сега повеќе сепак пее....водителка на на времето најдобра музичка радио емисија во која многу малку зборуваше ама пушташе добра музика...
четврток, февруари 07, 2008
20 работи кои (не) сте ги знаеле за пољаците
1. Пољаците јадат сурови риби исто како јапонците, само суши е повкусно.
2. Пољаците масовно гребат цигари од непознати луѓе на улица.
3. Пољците масовно пијат пиво во 6 сабајле на автобуска постојка
4. Обожаваат редици. Ако нема некаде, ќе направат. Кога ќе видат ред, застануваат во него а по половина саат чекање прашуваат – а извинете, зошто е редицата?
5. Пољаците не пијат вотка со мраз и лимон.
6. Полските средношколци одат на матурска вечер 100 дена пред матура со партнер кој не е од нивниот клас или училиште.
7. За сите потенцијални пуштачи на музика на полска журка листата на песни кои гарантираат 100% играње е следната : Abba- dancing queen, Village People – Y.M.C.A, Jeniffer Lopez – Let’s Get loud, Eruption – One way ticket, Bregovich- Kalashnikov, Wham – Wake me up before you go go, Boney M – site – и во глобала тоа е една од моите најголеми желби за миграција.
8. Полската младина слуша или реге/рага ( а има и такви кои сметаат дека рагата е нешто како турбо фолк и не признаваат во јавност дека слушаат) или т.н вива шитс (како на пример вао) или метал.
9. Моментално најтренди збор помеѓу младината е Емо (т.е Имоу)
10. Пољаците јадат салати со шекер (претежно од морков, црвена зелка, селер и цвекло)
11. Пољаците секој ден за ручак јадат компири
12. Пољаците можат да направат супа од се.
13. Пољаците пијат чај и кога не се болни (ова за разбивање на еден извесен стереотип)
14. Пољаците не јадат леб со манџа. (и ова како 13.)
15. Во глобала не слават роденден туку именден.
16. Секој пољак има минимум 10 другари кои се во Англија.
17. Пољаците на своите девојки им купуваат цвекиња скоро на секој состанок.
18. Непознатите 20 и нешто годишници се обраќаат меѓусебно со господине/ице.
19. Доколку се слави матурска за време на пост, се оди во црква за попот да ги прости гревовите.
20. Доколку се слави матурска за време на денови на жалост тогаш училиштето плаќа за миса во чест на загинатите и повторно гревовите се простуваат.
четврток, јануари 31, 2008
меме штафета позитивна
книга најблиску до мене, земена од библиотека V.S Naipaul - An Area of Darkness (His discovery of India) е многу блиску до моите размислувања а богами и преживеалици во и за Индија ама страната 123 се докажа како нерепрезентативна
" Why don't you eat my vegetable stew?"
As soon as he began to speak he lost control of himself. He stood over me and was almost sreaming. " Why don't you eat my vegetable stew?" I feared he was about to hit me with the frying pan, which he had raised, and in which I saw an omelette. Immediately after is violence, however, came his alarm, hir recognition of his own weekness.
Книгата се препорачува за луѓе со барем средно познавање на Индија, инаку не е баш разбирлива - а и остатокот нема баш многу дијалози - туку е повеќе социолошки...
на двобој повикани -
Моби
Реф
Рибаро
Волан
Елена од Маџермале
random
Ми недостигаше Хомер
а инаку....требаше да има крај на светот
ништо од тоа, пак треба да се оди на работа
уште инаку...
награда за 2 и кусурот саати поминати во пеење и после тоа пеење уште толку....пред компјутер
иако најомилена интерпретација на ај ем д валрс ми е интерпретацијата на Дикси (Питер Стормвер - оној од Призон Бреик) во Милион Долар Хотел
за жал ја нема на јутјуб
јутјуб е тапа
петок, јануари 18, 2008
Културно Забавен Живот во Вроцлав
your beard point tonight?
Еден мој поранешен пријател од Лондон (велам поранешен, бидејќи во меѓувреме односите ни се сменаа на едвај со сила здраво) еднаш ми рече – Дипеш Мод се тапа. Кога бев мал ги гледав како свират во супермаркет, па сега заради тоа не можам да ги ценам.
(не дека Ања е некој д.м фанатик – ама определена почит има)
Не се сеќавам што си помислив тогаш. Ама сега, размислувајќи повеќе за хипермаркети отколку за њу романтик – се сетива на таа изјава.
Па побогу, хипермаркетите и шопинг центрите се најкултни културни места во мојот град! ДМ треба да се горди на тоа – ноу метр уат!
Вроцлав има места каде што може да се троши времето седејќи во филхармонија и опера, посетувајќи некој филмски фестивал, одејќи на џез концерти, седејќи како театарска публика во театар, улица или перон на железничка станица сеедно. Но сепак, најголемиот дел од Вроцлавјани не го поминуваат времето таму – некои ќе речат скапо е! Точно! Само што тоа не е вистинската причина – а вистинската причина следува.
Кога дојдов прво имаше само Керфур (кое правилно треба да се чита карфур ама кој ги тркала) и Теско – кои беа т.н анкори. Овај збор вчера го научив – анкор (оргинално значење котва) ти е во главно хипермаркет кој зафаќа главно место во некои шопинг центри, кои пак, од своја страна се викаат поинаку, но сите одат таму токму заради хипермаркетот. И така, овие шопинг центри се викаат Борек и Биелани официјално – ама никој така не ги вика. Исто така постоеше Марино и Леклерк, ама тие бела помали – и следствено – небитни.
По извесно време се отвори Корона – во кое анкор беше Жан (или како и да се чита ГЕАНТ на француски) каде што видовме и прво мултикино. Сите се префрливме таму со бесплатните автобуси кои беа полни а на враќање беа уште пополни. Саат и кусурот сме се стискале како сардини за да одиме во жан, гледаме филм и јадеме во кфц.
Во меѓувреме во строгиот центар на градот ја отворија Галерија Доминиканска која што ја засени најубавата црква во градот со рејбан стакла и затворени паркинзи на 6 ката. Во Галерија анкор беше пред се Медиа Маркт и сите од таму купувавме телевизори и дигитални камери на рати.
Најпосле го отворија Аушан (кој, како што велат, треба правилно да се чита Ошон, ама ние знаеме подобро) и таму рекоа дека има подобар и поголем Медиа Маркт. Медиа Маркт го отворија на полноќ и неколкуте десетици илјади луѓе кои сакаа веќе да го сменат стариот телевизор од првиот ММ чекаа неколку саати за да бидат истуркани и изгазени и да завршат на болница заради скршеници. Среќниците излегуваа со 2 компјутера и 3 двд плеери – тоа беше најсреќниот ден од нивниот живот.
После Аушан во мојата непосредна околина почна да се гради и за неполна година добивме Аркади мој која што немаше Анкор – арно ама имаше први дизајнер бутици во Вроцлав. Аркади е вечно празен поради истото.
После Аркади го отворија Грунвалдски каде што околу 100 000 луѓе се упатија на отворање за да добијат балонче и ружа (беше осми март). За жал не влегоа – градежната инспекција не остави да се отвори и истите тие луѓе мораа да почекаат уште еден месец за да купат адидас по промотивни цени.
Едно време во градов почнаа да даваат бесплатни сладоледи со вкус на јаготка. Секој ден имав барем по една порција гратис. После тоа со сладоледите даваа бесплатни мапи на Вроцлав и пенкала. Најпосле даваа цд со една песна која што никогаш не ја слушнав ама некаде се уште ми се мота низ дома. Сите тие продукти имаа еден наслов – Магнолија.
Се разбира најжешка тема на разговор не беше кој ќе настапи на Вроцлав Нон Стоп (фестивал рекламиран и со спот на СиЕнЕн) туку што по ѓаволите е тоа Магнолија. Сите знаеја дека тоа е цвеќе, пенкало, мапа и сладолед. Преостанатото беше мистерија.
И по неколку месеци дознавме дека отворија нов шопинг центар во кое што анкорот Теско (веќе 4ти по ред) беше сосема анонимен – сите сакаа да ја видат убавата розова зграда со шарени фонтани. Магнолија повеќе не е растение.
За жал се покажа дека после неколку дена во Магнолија почнаа да се случуваат смрдени работи – од време на време пука некоја цевка и во розевиот хол врнат говна – вистински говна.
Говната паѓаат на новите фамерки и на пилето на ражен. Течни лајна се мешаат со кока кола и слатко-киселиот сос во кинескиот ресторан. Кафеави дамки прскаат врз кристалите сваровски и Вичен нараквиците.
Си помислив, колку убава кулминација – вистинска тема за роман! Секако, сите литаратурни награди во Полска се доделуваат на писатели кои пишуваат за хипермаркети и мултикина! Никогаш досега немало поинспиративна тема за пишување. Пластична муза со жолто –кафеникава коса ги буди од сон поетите кои на своите АјМаци запишуваат оди и химни – о девелопери! Отворете уште! Никогаш не е доволно!
И, муабетот ми беше, како после тоа да не ги цениш Дипеш Мод! Вистински Предвесници на Високата Култура на 21 Век!
Слава им!
петок, јануари 11, 2008
новинарство...музичко...џанам...
ајде сега една игра - најди ги разликите помеѓу ова (од Време)
и
ова
или инаку
најди оргинална реченица во првото која што ја нема во второто.
или уште поинаку - најди извор во првото освен очигледниот кој наведува дека е цитиран дел од текстот.
или најпосле - научи англиски и спаси се од нив! Засекогаш!
петок, јануари 04, 2008
скромно и закаснето - среќна нова!
A film with Radiohead in it made for New Year's Eve, 2007. Features every song on their new album IN RAINBOWS, the "physical manifestation" out now in stores.