понеделник, февруари 25, 2008

Turkey to represent Ireland

Имам неколку гревови во животот - боливуд, евровизија и хорор филмови (ова последното почна да ми поминува оти на 26 години почнав да имам кошмари). Евровизија нуди непрекината разонода во мојот живот почнувајќи од крајот на фебруари па се до гранд финалето кога секогаш победува оној кој ќе го предвидам ( со исклучок на 2001 некаде....кога победија последните евровизиски песни)

(Добро де, не е баш Турција ама мисирка, и тоа каква мисирка! )

Се вика Дастин и ја признава Македонија!

Зборува со даблински акцент и ја признава Македонија!

на неќење има турбо фолк ритам!

прогноза - минимум 3 место (досега не сум ги слушнала сите)



аха, во Полска импортиравме анонимна американка (за која постои големо сомневање дека е транвестит, што нормално во ЕСЦ е секогаш плус), која што многу тенко испеа плагијат на Витни Хјустон и нормално - победи!

Нема коментари: