понеделник, април 30, 2007

10 најважни филмови во мојот живот

Кога велам најважни велам дека сум сигурна дека имаат некое влијание врз мене, мојот начин на размислување, смислата за хумор, изборите кои ги правам. Еднаш размислував на темата влијанието на филмовите врз нас, и после 5677594-то гледање на Брилјантин сфатив дека еден од моите најхардкор симпатии од 6-то (ах, несреќна љубов беше тоа) беше плукнат Џон Траволта, ама отепан т-брд, ужасно! Ама вистинито.

После тоа престанав да правам ретроспективни анализи ама решив да си направам листа. За да имам референца....ако притреба.

Најважни , не значи најомилени....значи најважни исклучливо.

1. Бриљантин

2. Крај бејби

3. Последниот еднорог

4. Траинспотинг

5. Лагаан

6. Ми нисмо анџели

7. Мојот таканаречен живот (серија)

8. Корчак

9. Лост ин транслејшн (сметам дека овој наслов не се преведува, поради очигледни причини – точно е и изгубено во преводот а точно е и изгубени во преводот)

10. Милион долар хотел

Сега може да се очекува дека наредните постови ќе бидат за тоа зошто тие филмови се најважни.

И зошто не се најомилени.

Ова не е топ листа, само листа каде што редоследот е случаен.

сабота, април 28, 2007

think before you post

Во овај мошне интересен блог посветен на едукацијата, покрај многу другите интересни работи најдов едно доста поучно видео кое може да спаси многу репутации....или не?



а блогот оди во фејворитс

понеделник, април 23, 2007

милчо ми борџи пиво

го качиv полскиот траилер на Прашина на Јутјуб

ете го


петок, април 20, 2007

Dust во Полска - слаб почеток!


Денес купив весник со информации на најновите филмски премиери по кината (се разбира пропратено со рецензии) и на втората страна од културниот додаток го здогледав ова

насловот ми се виде чудно познат и чудно чуден и кога прочитав малце повеќе дознав дека се работи за рецензија на Прашина која што КОНЕЧНО влегува на кино во Полска. Сепак се разочарав кога видов дека киното во кое филмот ќе се прикажува е едно од најнепосетените во Вроцлав, и следствено не очекувам дека многу луѓе ќе се натокмат да одат ......

Филмот доби 3 ѕвезди од шест што во превод значи дека е солиден, но рецензијата не дава ниту мал поттик да се оди на кино, и тоа во толку ужасно кино и да се помине времето со еден од нашите експортни производи - делото на Манчевски..

Рецензијата ја пренесувам преведена (лошо и брзо), сепак ниту оргиналниот текст не е нешто особено вреден да му посветам повеќе време.


Барут и Прашина (така го превеле насловот - оу мајко )

бај Павел Моссаковски

уште еднаш линк

Ситен џепарош (Лестер) провалува во стан на Менхетн и за време на барањето плен ја сретнува сопственичката, стара емигрантка (Марфи). Бабичката сепак не пријавува полиција туку, нишанејќи кон крадецот го приморува да ислуша извесна приказна од минатиот век. Понатаму се преместуваме во Дивиот Запад каде што двајца браќа Лук и вљубеникот на библијата – Илаја се ривали за истата жена -проститутката Лилит. Победник е Илаја а разочараниот Лук заминува во Европа, поточно во Македонија, каде што ги користи своите револверашки способности како наемник во војната со турските окупатори.Но (имајќи доста банални причини), наскоро пристигнува таму неговиот брат....

филмот е доста чуден – како прво заради самата идеа на казната за крадецот со слушање на приказна а и заради преплеткувањето на две, сосема слабо поврзани со себе приказни – современата – која е своевидна рамка и историската – во вестерн стил.

Додуша, овој начин на раскажување на повеќе приказни наеднаш плеткајќи ги со себе Милчо Манчевски го употребил во неговиот гласен дебитантски филм – Пред Дождот, но таму разновидните мотиви се надополнуваа, што не е случај со Прашина.

Овде различните мотиви се премногу разновидни за да се спојат во една целина – се разбира ситниот крадец со сила свлечкан во средината на крвавата приказна на двајцата багабонти кои заминуваат во Македонија имаат некои допирни точки (пр. Се подложени на тестови, кои на свој начин им помагаат да се дефинираат самите себеси), но ништо посебно од тоа не произлегува. Исто така може да се каже дека една крава личи на фотеља бидејќи има четири нозе.

Ниту една од овие две приказни не е особено привлечна. Првата – за изненадувачката врска помеѓу џепарошот и старата дама е премногу психолошки натегната додека другата приказна е типичен шпагети вестерн за Каин и Абел е мачна и по едни пати непотребно крвава (овде споредливо со The Wild Bunch на Sam Peckinpah ) Се на се- се работи за амбициозно дело направено со голема помпа – сепак - со малку успешен резултат.


недела, април 15, 2007

петок, април 13, 2007

блогерај сланг

што е тоа МОБИ ФИНТА?

цитирам -

- Ако правиш некоја Моби финта, да провериш како се билда клик-популарност секоја чест, ако едноставно се трудиш да бидел cool у клас, ама тоа да го постигнеш негирајќи се друго наоколу тогаш мислам дека некаде го губиш тлото. -


сето тоа наговестено во визионерскиот пост на Развигор од јуни 20006 - Развигор пишува Моби реагира


што е тоа блог елита -


Тоа што не идам да лижам газ по секој пост на Вуна, Букаро и на остала блог елита не значи дека немам поштовање за некои од нив...


што е тоа блог срање -



Што со постовите за загубени љубови, во стилот „засекогаш ќе те сакам“, што во напатените репортажи за некоја фудбалска утакмица, што во програмчињата за download... другото, срање (Еспешиали тоа блоговите за Лост и Чармд, ќе почнам да банирам
Smiling ... Е ајде, пронајдете се во моите зборови, како досега... Некако не ви оди???

блогерај е цура -

Абе не кажав дека ја сум се разочарал од цурата Блогерај. Ја со неа сум си океј, т.е. не се филмам многу многу. На другарска база све.

предлог за нова моби финта

душебрижниците за блогов најголем успех достигнуваат со постови или како блогов нечини или како некој блогер не бил прав блогер. на таквите постови имаат и најголема читаност. изгледа нивната креативност тука и завршува.




сето ова и многу повеќе на предпоследниот пост на Ловецот од Арракис,
кој несакајќи прерасна во неофицијален речник на блогерај сланг - и прејде во легенда!!!

честитки!

во делот за коментари

четврток, април 12, 2007

Kurt Vonnegut R.I.P






It ends like this: "Poo-tee-weet?"



I am, incidentally, Honorary President of the American Humanist Association, having succeeded the late, great science fiction writer Isaac Asimov in that totally functionless capacity. We had a memorial service for Isaac a few years back, and I spoke and said at one point, "Isaac is up in heaven now." It was the funniest thing I could have said to an audience of humanists. I rolled them in the aisles. It was several minutes before order could be restored. And if I should ever die, God forbid, I hope you will say, "Kurt is up in heaven now." That's my favorite joke.


How nice -- to feel nothing, and still get full credit for being alive.

Сигурна сум дека, доколку сега има прилика да прокоментира за својата смрт би рекол само
So it goes.

Poland loves Croatia!

Под проектот Југополис се крие спонтано собрана група на полски познати и непознати рокери кои инспирирани од јадранот, убавите спомени од Далмација, Штафетата на младоста решиле да направат 10-тина ковери на ПАРНИ ВАЉАК, а при тоа ја изигнорирале најпеаната песна во Македонија – т.е на наши најчивијашката од нив – која почнува со бесмртните стихови – Ма шта да желим........


(и сега сите 14 годишници во околината пеат - СВЕ ЈЕ ТАКО ДАЛЕКООООО....)


Како резултат на тоа пред неколку недели се појави албумот – Сончева Страна на Градот и веднаш излезе првиот сингл кој со гордост ви го презентирам во форма на клип долу.


gdzie jesteście przyjaciele moi - формерли ноуд ас - Кад Кола Крену Низбрдо


(p.s за спотот, глумците кои се појавуваат се децата од црнобелиот филм, т.е серија)

Некои од песните можат да се преслушаат и овде

понеделник, април 09, 2007

вторник, април 03, 2007

а никој не ја знае....

кај Филип открив, веќе стара работа (али ете, ние во ЕУ последни дознаваме), дека повторно ни го крадат фолклорот.
ај што ни го крадат, па не го ни признаваат дека е наш - бугарски бил
подобро нели да е анонимен, а не бугарски

него друго ми беше муабетот. Многу си ја сакам зајди зајди, ептен ми е мака што некој ми ја анонимизира на овој начин. Можам да додадам дека ми е мака и тоа дека ми ја бугаризира, ама првото ме боли повеќе.

Баш она пред некој ден седам и правам муабет со некој игнорантен пољак во врска со тоа колку е убава и фантастична македонија и сфе тоа
и велам дека - Македонија си е убава како таква, ама кога ќе се научи нејзината историја, кога ќе се разбере за нејзиното значење во светското културно наследство - е тогаш тек станува не само убава туку и света.

само проблемот е во тоа што треба да се објаснува што е тоа убаво и свето во македонија, и кога така објаснуваш а немаш пред себе барем глупави слајдови тогаш дури и самиот на себе глупаво и патетично си звучиш дека треба да објаснуваш тотално очигледни работи кои на многумина не им се очигледни.
и ги боли левото уво за тоа (автоцензура)
и се ок

додуша респект за композиторот - муабетот со Буш му беше на место, и покрај сета игнорантност што ја покажа за се друго.

Џабе јас тука везам кога се што сакам да кажам долго пред мене, пред Трендо, и пред сите други го кажал еден од најдобрите македонски поети Анте Поповски, слава му

Еве ја таа проста земја
од дволичен камен
и сонце
Децата уште незаодени каде откопуваат
лобањи по градините
Еве ја таа проста земја
од пајажина
и од води
Мудро слободата кај што ги запишува
селските имиња
Место икони по црквите
И каде летото како судбина
Трае до последниот востанат
Еве ја таа проста земја
од заморено дишење
и од молк
Низ која времето одминува
и пак се враќа
Со неа да го сподели лажното траење.
О, еве ја таа проста земја
од грч
и од чекање
Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски
А никој не ја знае.