Два роад филма. Едниот наутро а другиот касно вечер. Двата со прекрасна музика. Шпански и Француски. Од првиот конечно дознавам што значи Че а од вториот сум принудена да размислувам за емиграцијата, мојата, онаа на филмот, воопшто. Во двата филмови крајот води кон катарза.
Немаме типична структура, нема воведи и заплети. Местото на кулминација е сосема пренесено дури кон крајот на филмот. Вториот обвиткан со транс, фламенко и арабска музика, крици и пригушена виолина. Во него корените се изгубени, па се пронаоѓаат. Првиот има многу прашина и сите годишни времиња. Во него корените се разрастуваат за потоа да го обвиткаат целиот свет. Во обата катарзата се одбива со вода, прскана од шише, капки за очи, огромна река со крокодили, море кое носи во пограшен правец.
2. Exils
1 коментар:
Супер е филмот, сега ја читам книгата. Стилот е ужасно заразен, ноншалантен, влага под кожа. Че е мојот херој ,вистински.
Инаку незнаев дека во Вроцлав има македонка која пишува блог. Да знев, ќе ти пишев кога бев таму да идеме на по еден Ziviec :o) На пример кај " Pod Zielonyiem Kokotom" , ако ништо друго пуно е студентарија и добри журки !
Објави коментар