недела, декември 17, 2006

интересен наслов

Наидов на интересен наслов на Вест, каде што и те како има често интересни наслови. Сепак, овој толку ме заинтересира ем заинтригира што решив да го препишам на блог. Башка едно зборче во него би ми донело кликови повеќе ....ха ха

Помеѓу насловот а текстот се забележува блага шизофренија. додека насловот вришти и рика - КУПИ МЕ!!! МАЛОГРАЃАНИНУ! ОВДЕ ЌЕ ПРОЧИТАШ ЗА КУРВИ!! УРААА!! текстот го одзема цело задоволство и возбуда бидејќи зборот курва е заменет со зборот проститутка.

И сега се поставува основното прашање - Кој е курвата овде? Одбери точен одговор.

а. загрозените од серискиот убиец проститутки?
б. ВЕСТ

Прашањето е чисто реторичко. Одговорот е очигледен и се разбира дека не е а.

1 коментар:

Анонимен рече...

Баш ме интересира и дали девојката им дозволила да ја прикажат фотографијата што ја имаат ставено.Инаку добар е ВЕСТ... во печатена форма има повеќе намени. Поздрав :)