Прв дел -
Полска е една од ретките земји (освен Ирска) во Европска Унија каде што католичката црква е главно легислативно тело. Кога на тоа ќе се додадат денешната влада која е глобално исмејувана во сите светски медиуми и во главно доста негативните асоцијации за полскиот народ во Америките (ever heard a Polish Joke?) и во Западна Европа (славниот мит за полскиот хидрауличар), ништо чудно што моментално половина Полска е испразнета. Сфе живо бега на Запад, во т.н ЕУ Пропер, каде што може со нормална работа да си приушти нормален живот, или пак, каде што попот од локалната парафија нема да прислушкува што се случува во нивните купени на 50-годишен кредит станови. Бегаат онаму каде што нивните деца нема да бидат принудени да одат на часови по католички катехизам и каде што министерот за образование а воедно и вицепремиер Роман Гиертих нема да ги омаловажува како држава. Бегаат од држава каде што друг вицепремиер има едно 5-6 кривични дела за којшто никогаш не одслужил казна и којшто никојпат не помислил да заврши средно образование со државен матурски испит, но тоа не го спречило да има едно 3-4 докторски титули на низа универзитети во Украина и Русија. (дури да напишам посебен пост само за тоа какви се низа чуда нуди оваа држава ќе преминам на главната тема)
Полска е земја каде што владее католички шаријат. Се разбира, слично како во Авганистан, овде правото е пред се свртено кон тоа да му го одзема правото на низа нешта на жените.
Во 1993 година, после 4 годишно дебатирање, полското националистичко-католичко лоби изгласа закон кој забранува аборција. Тој закон беше донесен откако, почнувајќи од 1956 година се до 1993 година, аборцијата беше дозволена и легална во сите приватни и државни институции. Во 1993 година пак, аборцијата е забранета во секој случај освен доколку настане -
загрозување на животот на мајката, или опасност од сериозно нарушување на нејзиното здравје
загрозување на животот на фетусот, земајќи во предвид дека детето кое што ќе се роди ќе биде смртно болно.
Плод настанат како резултат на нелегален сексуален однос, како на пример – инцест или силување.
Сето тоа го задоволи поголемиот дел од полскиот народ и така сите требаа среќно и весело да си живеат во Ватиколска со чиста совест дека ниту едно дете нема да биде убиено од неговата мајка (во најмал случај ороспија – освен тоа ороспија крвнички убиец кој ќе гори во деветтиот круг во пеколот)
Се разбира, на многу жени кои затрудниле против своја воља дали како резултат на проституција дали од оргија дали од други настрани ситуации, не им било ускратена можноста да абортираат. Доволно за нив е да земат денешен дневен локален вецник и во мали огласи да побараат еден од илјадниците гинеколошки габинети каде што постои шифра - операција.
Таа операција кошта околу 500-600Е и во глобала малку луѓе можат да си ја дозволат. Но сепак, се тврди дека во Полска има до 200.000 операции годишно. (и многу премолчувани смрни случаи од истите, ама тоа е посебно тема)
Наредна можност која е најверојатно побезбедна но и те како поскапа и недозволива за многу е тн. Аборциска Туристика во една од соседните земји каде што нема никаков проблем со легална аборција. Слично е и во Ирска каде што ирските жени веќе се избориле за легално рекламирање на агенции кои нудат посредување во аборциска туристика во соседна Англија.
Нареден начин е истовремено прославување и евентуално јадење домат или пак јајце по стомак на бродот – Лангенорт кој плови под Холандско Знаме и од време на време допливува до едно 100-тина метри до полскиот брег каде што жените можат да допливат со чамец и да добијат гратис средство за поронување кое што исто така не е легално во местото од каде што допливал чамецот.
Доколку некој нема пари, можност или храброст за некои од овие три чекори стално може да се преправа како ништо да не се десило. Тивко да се породи дома, (па нели порано жените така правеле) а после тоа детето да се фрли -
а. во камин
б. да се исече на парчиња и да се стави во буре за туршија (повеќекратно)
в. да се завитка во ќеса и да се џитне во контењер
г. да се остави пред црква (некои цркви веќе имаат за тоа и посебен сејф каде што се фрла детето и така детето преживува и останува во дом за деца, или ако има среќа е посвоено ) - последното сценарио е најоптимистичко. Песимистичките делови се појавуваат за неколку години, но се сомневам дека некое од тие деца би сакало да заврши под а, б или в
толку, stay tuned for the second part:
Alicja Tysiąc – жртва на католичкиот шаријат во Полска
Нема коментари:
Објави коментар