Освен тоа што Полска е ВТОРА (ебаго, стално втора, арно што го имаме Малиш) во одбојка и ракомет, (Второво е новина во државата, пољаците масовно учат што е шест и девет, и зошто се туркаат и фаулираат нон-стоп во спортов) најнова афера во оваа веќе стара членка на ЕУ е секс – туризмот на англичаните во Краков, Вроцлав и останати поголеми гратчиња.
Кога ќе се види седнат во најскап ресторан на сред плоштад во Краков човек кој повраќа со Гинис на маса повеќе од веројатно е дека се работи за англичанец. Ситуацијата е веќе стара и позната а сега се промени тоа дека почнаа за неа да пишуваат по весници. Наводно, на сопствениците на клубови веќе не им одговоара да англичаните прават ергенски вечери во нивните дуќани. Не им одговара, бидејќи после таква вечер -
а. даваат отказ сите келнерки кои бидуваат во најмала рака (хм) штипнати по задникот.
б. избацивачите на кои им е повратено во скут
в. чистачите кои мораат сето тоа да го чистат и да берат стакло
г. шанкерот кој што не може да стигне да тури вотка бидејќи истовремено некој му го граба цело шише.
д. сопственикот помислува да отвори тезга на пазар и да продава праз до крајот на животот.
Проблемот е настанат поради следните оптимистички фактори -
а. евтини летови (Лондон – Вроцлав до 30 евра)
б. евтини кафани во вроцлав (без претеризам за македонски услови и мој џеб, ама за британски и тоа како) – цена на пиво, просечно 1,5 за пола литар, мерица вотка од евро до 3. и приично ефтино јадење.
в. ефтини хостели и хотели (до 2 ѕвездички)
г. клубовите во Полска работат дури има луѓе (не ретко до 13 часот наредниот ден)
и можеби најповеќе од се
д. ефтин секс, понекога гратис земајќи во предвид дека некој сака да си обезбеди фри смештај во Лондон кога ќе замине на работа таму на лето.
Резултат - во Краков на вратите од пабовите се појавија написи со следна содржина -
2 коментари:
hahah....
Skopje (od aerodromot na Ace Golemiot) - London = 346 evra
Bitola (Magermaale) - Skopje (vlezot) i nazad = 2000 denari = 30 i nesto evra.
Pa koga ke podrazmislis pa tie bile gjubrina za nas. Osle na ergenska vecer za 50 evra :)... rezili. isto kako nie da sme potrosile 500 denari...
barem imame stil :D:D:D
Mislam deka toa ne e "imanje stil" tuku NEMANJE mozok (od nasha strana).
Објави коментар