понеделник, февруари 26, 2007

та не сме саде ние

Кога се прашуваме дали подобро би се продали градите на Елена Ристевска и тоа Што таа сака да ни го ДАДЕ или ТоА дека КаРоЛинА има душа балканска. Гласам за првото.

Душа балканска бре? Поужасен текст немам слушнато во животот!!!! Вакви текстови можеа да поминат во 1965 на фестивалот Скопје, тогаш уште далеку од Евровизија. Кога Каролина би имала конкретна ПуНЏа и Паул Модријан СукЊица – со боите на тогашна СФРЈ.


Кога подобро ќе размислам, доколку песната навистина тогаш би била напишана, (Ах Гриша Копров – закасни!!!!повторно!!!), би имала и посоодветен аранжман (не дека нешто му фали на аранжм,анот ама со текстот се се гнаси редно), т.е некои виолини и чаробни фрули, цел оркестар симфониски, со цел да се покрие текстот.


Кога уште подобро ќе размислам, малце и се засрамувам дека посветувам место на блогот на евровизија. Најдобар пример за засрамување се пољаците.

Во полска моментално ако си пеач, ондак е резил да одиш на Евровизија. После феноменалната песна на (на тогаш) феноменалната Едита Гурњак, која зеде некое си второ место со најшовинистичката песна на светот со наслов – јас не бев Ева. (to nie ja byłam Ewą)

пољациве година за година пуштаа се поимецилска песна за последната година да отидат на врвот на кичот со Их Трое. Кога зборувам за Их Трое зборувам за КИЧ којшто сите турбофолкери на балканот не би можеле да произведат а сите мафијашки боливуд продуценти ви се откажале довека од филмска музика.

После тој музички полски крах представен пред Европа – наредната година никој со име кое повеќе од два пати се појавило на радио не се осмели да учествува на евровизискиот избор во Полска. Како резултат – освен 10 дебитанти со 10 ужасни песни кои што се директно инспирирани од Мајкл Болтон или Лајонел Ричи (со сета почит за неповторливиот израз на лицето на вториот и неодоливиот блонд на првиот) , се појавија и 5-6 гости од Данска и Шведска кој ред по ред ги редат сите избори на евровизија на балтичките и скандинавските земји нудејќи некои песни кои би можеле да бидат напишани од Скорпионс или Мајк анд Де Механикс. Со таа разлика што гостите исто така се на возраст на горенаведените артисти.


Како резултат на општонародната мизерија и слабата гледаност на изборот победува тинејџерскиот Руско-Британски Дует со уштепотинејџерско име – Џет Сет со песна која претендира да биде Фергилишс ама завршува како Бурделишс пред кооперација или евентуално КОКО ЏаМбО - форевер.


Ако се уште имате храброст да слушате – клик.


пс. снимкава им е од Шпанија, со други зброви – РАБОТАТ НА ПИ ФАКЕН АР!!!

Нема коментари: