понеделник, февруари 26, 2007

та не сме саде ние

Кога се прашуваме дали подобро би се продали градите на Елена Ристевска и тоа Што таа сака да ни го ДАДЕ или ТоА дека КаРоЛинА има душа балканска. Гласам за првото.

Душа балканска бре? Поужасен текст немам слушнато во животот!!!! Вакви текстови можеа да поминат во 1965 на фестивалот Скопје, тогаш уште далеку од Евровизија. Кога Каролина би имала конкретна ПуНЏа и Паул Модријан СукЊица – со боите на тогашна СФРЈ.


Кога подобро ќе размислам, доколку песната навистина тогаш би била напишана, (Ах Гриша Копров – закасни!!!!повторно!!!), би имала и посоодветен аранжман (не дека нешто му фали на аранжм,анот ама со текстот се се гнаси редно), т.е некои виолини и чаробни фрули, цел оркестар симфониски, со цел да се покрие текстот.


Кога уште подобро ќе размислам, малце и се засрамувам дека посветувам место на блогот на евровизија. Најдобар пример за засрамување се пољаците.

Во полска моментално ако си пеач, ондак е резил да одиш на Евровизија. После феноменалната песна на (на тогаш) феноменалната Едита Гурњак, која зеде некое си второ место со најшовинистичката песна на светот со наслов – јас не бев Ева. (to nie ja byłam Ewą)

пољациве година за година пуштаа се поимецилска песна за последната година да отидат на врвот на кичот со Их Трое. Кога зборувам за Их Трое зборувам за КИЧ којшто сите турбофолкери на балканот не би можеле да произведат а сите мафијашки боливуд продуценти ви се откажале довека од филмска музика.

После тој музички полски крах представен пред Европа – наредната година никој со име кое повеќе од два пати се појавило на радио не се осмели да учествува на евровизискиот избор во Полска. Како резултат – освен 10 дебитанти со 10 ужасни песни кои што се директно инспирирани од Мајкл Болтон или Лајонел Ричи (со сета почит за неповторливиот израз на лицето на вториот и неодоливиот блонд на првиот) , се појавија и 5-6 гости од Данска и Шведска кој ред по ред ги редат сите избори на евровизија на балтичките и скандинавските земји нудејќи некои песни кои би можеле да бидат напишани од Скорпионс или Мајк анд Де Механикс. Со таа разлика што гостите исто така се на возраст на горенаведените артисти.


Како резултат на општонародната мизерија и слабата гледаност на изборот победува тинејџерскиот Руско-Британски Дует со уштепотинејџерско име – Џет Сет со песна која претендира да биде Фергилишс ама завршува како Бурделишс пред кооперација или евентуално КОКО ЏаМбО - форевер.


Ако се уште имате храброст да слушате – клик.


пс. снимкава им е од Шпанија, со други зброви – РАБОТАТ НА ПИ ФАКЕН АР!!!

четврток, февруари 15, 2007

Coupland attacks!


„Отидов на прошетка со Мисти и мама. Таа ми го повтори разговорот кој што го слушна од двајца старци со Алзхајмерова болест (мама волонтира во дом за старци)

А- Како си?
Б- добро, А ти?
А- Како си?
Б- Добро.
А- Се е во ред?
Б – Како си?

Почнав да се смеам. Таа ме праша зошто, па и реков – тоа ме потсетува на интернет чат. Ме замоли за пример. Ете го примерот-

А- здраво
Б- здраво А
А- здраво Б
В – здраво
А- О! Ете го и В1
Б – Здраво В!
А – ВВВВВВВВВ
В - А + Б = А+ Б
А – Морам да бегам.
Б - Здраво, А
В – здраво , А
Б – Чао
В – Чао чао.

Ете баш така изгледа – објаснив – тој волшебен, револуционерен дијалог, на којшто секое списание на земјата му посветува тони хартија.”



Даглас Копланд, Мајкросерфс, книга издадена 1995 година.

Вистинско изненадување е фактот дека навистина тој револуционерен дијалог – остана потполно ист во последните 12 години.

четврток, февруари 08, 2007

вторник, февруари 06, 2007

What's up in EU (која не е она што беше)

Освен тоа што Полска е ВТОРА (ебаго, стално втора, арно што го имаме Малиш) во одбојка и ракомет, (Второво е новина во државата, пољаците масовно учат што е шест и девет, и зошто се туркаат и фаулираат нон-стоп во спортов) најнова афера во оваа веќе стара членка на ЕУ е секс – туризмот на англичаните во Краков, Вроцлав и останати поголеми гратчиња.

Кога ќе се види седнат во најскап ресторан на сред плоштад во Краков човек кој повраќа со Гинис на маса повеќе од веројатно е дека се работи за англичанец. Ситуацијата е веќе стара и позната а сега се промени тоа дека почнаа за неа да пишуваат по весници. Наводно, на сопствениците на клубови веќе не им одговоара да англичаните прават ергенски вечери во нивните дуќани. Не им одговара, бидејќи после таква вечер -
а. даваат отказ сите келнерки кои бидуваат во најмала рака (хм) штипнати по задникот.
б. избацивачите на кои им е повратено во скут
в. чистачите кои мораат сето тоа да го чистат и да берат стакло
г. шанкерот кој што не може да стигне да тури вотка бидејќи истовремено некој му го граба цело шише.
д. сопственикот помислува да отвори тезга на пазар и да продава праз до крајот на животот.


Проблемот е настанат поради следните оптимистички фактори -

а. евтини летови (Лондон – Вроцлав до 30 евра)
б. евтини кафани во вроцлав (без претеризам за македонски услови и мој џеб, ама за британски и тоа како) – цена на пиво, просечно 1,5 за пола литар, мерица вотка од евро до 3. и приично ефтино јадење.
в. ефтини хостели и хотели (до 2 ѕвездички)
г. клубовите во Полска работат дури има луѓе (не ретко до 13 часот наредниот ден)

и можеби најповеќе од се

д. ефтин секс, понекога гратис земајќи во предвид дека некој сака да си обезбеди фри смештај во Лондон кога ќе замине на работа таму на лето.

Резултат - во Краков на вратите од пабовите се појавија написи со следна содржина -


петок, февруари 02, 2007

From Russia with Love

православие долази са југа

Пиатница долази из Русије! Некаде во 3-4, кога гужвата во Мањана почнува помалку да се расчистува а на сепарињата заспиеваат првите алкохолизирани лица. Кога девојките кои играат на шанк и на маси ќе се смират и слезат долу да пијат кафе, пуштачот на музика такозвани диџеј ќе сака да не релаксира со следново-



во резултат на тоа се горенаведено се разбудува, качува на маса и шанк повторно, газдата носи фри вотка и сите гласно рикаат - мајајајајајајајајајамајка! оооооооооо!

и кутрите келнерки мораат да работат до 7.

песната е најдоброто од Русија ем Украина. Групата се вика Пиатница (5'nizza) и го прават најдоброто источноевропско РЕГЕ на свет.

не бев способна да најдам официјален спот на песната на јутубе, ако некој има инфо ќе бидам пресреќна.