петок, јуни 03, 2005

patepis vo petok nautro

Goce Smilenski - Onamu kade shto duhot e pred materijata

highlights:

Во авионот, додека полетував од аеродромот "Индира Ганди", се сетив дека не извршив една должност - во ашрамот секој кој ќе влезе треба да се запише, а исто и кога си заминува од него. Јас бев заборавил да се запишам на заминување. Деновиве ми стигна писмо од Свами Девадаршан Сарасвати: "Заминувајќи оттука, си заборавил да се запишеш во книгата на заминатите. Ти, всушност, никогаш и не замина, ти засекогаш остана овде". А да се замине, понекогаш, и не е можно. Барем не е можно да се замине од света земја. Бидејќи, како што мисли книжевниот лик Симор, таа е насекаде - тој под перото на американскиот автор Џером Селинџер вели дека ние во животот не правиме ништо друго освен што преминуваме од едно парче света земја на друго.

Нема коментари: