понеделник, јули 23, 2007

Amateurs Rule!


Ендрју Кини (или Кин) во својата, многу интересна и ептем многу параноична книга – The Cult of the Amateur пишува дека сета таа глорификувана и обожувана револуција наречена Веб 2.0 е во стварност КОМУНИЗАМ а не ДЕМОКРАТИЈА. Тое е така, бидејќи секој оној кој нема талент, и секој оној кој не заслужил на нешто на правиот начин да го заслужи тоа, го бери шлагот за делото кое најчесто нема никаква вредност, оценуван од оние кои и во суштина не можат да оценат дали нештото има вредност, бидејќи не се сериозни критичари/рецензенти/професионалци ТУКУ сиви/бедни/обични/дебели/со бубуљици смртници за кои што во суштина никогаш и не би требало да имаат достап до интернет. Не заслужуваат – обичните тие.

Од друга страна пак, генијалниот ВЕБ 2.0 не е фер кон нас бидејќи и необичните/аристрократски/синорвни/богати/компетентни корисници на интернетот знаат да се маскираат многу успешно во аматери и варвари со цел да привлечат внимание и фино лепо – да ти продадат продукт со успешно перење на мозокот на кој што секој обичен смртник ќе биде подложен.

Во книгата (во легалниот исечок од страната на Кини или Кин) прочитав-

(слободна/брза/преводо-парафраза)

А од каде знаете дека клипот од ЈуТјуб на секси танчарка од Малезија не е ставен од педофилската мафија? А како ќе докажете дека клипот каде што англичанка јаде бисквити со мармалад не е ставено од некој британски продуцент на бисквити.

(и ...ова следното ме бендисува...хммм)

А од кај знаете дека генијалните рецензии на мојата книга кои доведоа до тоа што истата генијално се продава на Амазон.цом не се напишани од самиот јас, преправајќи се дека сум објективен читател/рецензент

(крај на слободната/брза/преводо-парафраза)

ЕЕЕ, од кај да знаеме? Од каде ? А?а?АААА?

Ќе се осмелам да дадам одговор во името на целото човештво – НЕ САКАМЕ ДА ЗНАЕМЕ!

(сега целото човештво ми ракоплеска...моите образи руменеат, ме фаќа трема и го затворам постот, со цел да не биде долг –бидејќи ете, постовите требало да бидат – кратки, концизни и обавезно да има слика, и еден куп хиперлинкови)

2 коментари:

Анонимен рече...

Keen во принцип точно ги детектира проблемите со web-от (2.0 или не сеедно) меѓутоа заклучоците му се некако извртени.

Интересен муабет има овде:
http://online.wsj.com/article/SB118460229729267677.html

The Goddess рече...

уште почудна работа е тоа што web 2.0 е “создаден“ од американците за да подзавалдеат во уште една сфера од општеството, ако мрежата може да се нарече опшетство, а всушност него се повеќе го владеат корисниците од остатокот од светот, а морнчињата лепат светликави сликички на myspace :)