Во бура од гласови и солзи
во молскавици од омраза и грев
во река од крв и од пот
изгреа сонце
Мислев дека ме лаже
ќе се скрие како што правело досега
мислев
А тоа се смееше
Јаваме во бесконечното
шаховски фигури
подранувани од раката на судбината
прашуваат Постои ли Среќа?
Нашите очи се затворени
но изгрејсонце е Друже!
Генерацијо!
Изгрејсонце е!
1 коментар:
i wish i can understand your language:)
Објави коментар