петок, февруари 08, 2008

Секси Флекси, или полски функ на англиски

Во поранешниот пост напишав кои песни да му ги пуштите на пољаците на журка. Сега ќе ви кажам што јас би си пуштила доколку си направам сама журка - полски изведувачи, дел од нив снимаат (иако без резултати) исклучиво на англиски. Причина за постирање - ритам! принс! диско!

како прво - Наталија Кукулска која после 100 години кариера и две деца направи прва добра песна која што никој освен мене не ја сака. Нешто како Анти-Бритни



како второ - Систарс, веќе се растурија и сите до еден кои се појавуваат на клипот пеат соло. Инаку момчето кое пее овде моментално се лансира како полски Тимбаланд. Главни во групата беа двете насловни сестри, кои овде за разлика од другите 99% нивни песни пеат само пратечки вокал.




Како трето - полската Роузин Марфи - Новика - порано ДЏ сега повеќе сепак пее....водителка на на времето најдобра музичка радио емисија во која многу малку зборуваше ама пушташе добра музика...

1 коментар:

Unknown рече...

last.fm имал сандуче - а јас тек денес дознав