понеделник, мај 28, 2007

професионална максидонка ПАК!

Мојот професионален македонизам продолжува понатака.

Откако не успеав да се ставам во организација на фестивалот на македонската култура во Полска (причина, не барале луѓе за помош туку само пари, а 2 долари не им биле доволни), и откако никој не го слушна мојот апел за несвирење на Влатко Стефановски во дувло во кое бере максимум 50 души а барање на минимум поголемка барем сала, се јави некоја добра душа и ми предложи да гостувам на радио и 1 саат да ги гњавам слушателите со информации за фестивалот (аиии) и за Македонија како таква.

На секој 10 минути треба да има по една песна, пута 6 дава тоа 6 песни

Ми треба помош за песните. Радиото го слушаат исклучиво студенти и тоа претежно на интернет бидејќи имаат слаб сигнал за да се слуша инаку.

Студентите слушаат реге и рага, денсхол и даб. Јас нема тоа да им пуштам така да нема многу ни да ме слушаат.

За време на фестивалот цела недела ќе се пуштаат македонски филмови во најмизерното кино во Вроцлав. Во Вроцлав има 2 мизерни кина ( 3 мултикина и 10 немизерни), а тие мораа да го одберат тоа што е подалеку. ГРРР.

Енивеј, листа на песни што можат да се пуштат –

Нешто од Леб и Сол (заради гостувањето на Влатко)

Нешто од Синтезис

Нешто од Фолтин (бидејќи сум локален патриот и имам дадено заклетва дека ќе ги промовирам)

Е сега уште три слободни слота иамме – предлози плииииз!

4 коментари:

Анонимен рече...

Superhiks? :)

Анонимен рече...

Кирил Џајковски, Анастасија, Стринг Форсис :)

Ania рече...

мислам на џајковски бидејќи ќе се пушта бал кан кан и прашина па може и два збора за филмот да кажам...
а и анастасија бидејќи ќе биде пред дождот...
останува уште еден слободен слот - МИЗАР или СТРИНГ ФОРСИС?
гласање и песна конкретна

Анонимен рече...

Мизар дефинотовно.