Делхи не ме пречека онака како што ми беше ветено. Се покажа многу брутален од почетокот па богами и се до крајот. Првото нешто што го го видов во него беше ништо. Буквално. Аман ме возеше по пусти нерамни патишта и од време на време имаше по некоја палма. Ама само од време на време. Во главно, дрвата покрај патот не беа ништо посебно. Првите крави. Кравите не се културен шок за мене, растена на ќошот од Битола. Многу често крави, овци и коњи паселе пред мојата зграда. Овчарите го бркаа моето куче кога го шетав во тревникот позади еден од најпознатите битолски хотели кој просторот го дели со пензионерски дом. Разликата помеѓу Битола и Делхи беше во тоа што ова во Македонија изгледа невообичаено, т.е е нешто што нормално не се очекува да се најде во град (иако се наоѓа, и тоа повеќе од често) а во Индија, кравите се главни одлики на секое населено место. Освен, разбира се, центарот на Бомбај. (па која крава би сакала да оди таму?) За центарот на Бомбај ќе зборуваме во друга прилика а сега да се вратиме кон главната тема на мојата прва исповест за Индија- нејзиното височество кравата.
Како прво ќе кажеме нешто за физичкиот изглед на кравата. Основна разлика помеѓу, ете, да речиме, една македонска Ружа и индијска Дурга (божицата со исто име не би требало да ми се налути бидејќи обете се свети) е во тоа што Дурга има грб како на камила и е гангста гето урбан хај-фај хипик. Замисли ја Ружа на раскрница. Замисли го нејзиниот преплашен израз на муцката, нејзините растреперени облини и паниката што би ја зафатиле. Замисли ја сега Ружа како очајно мука и предизвикува сообраќаен хаос каков што гарант не можете да си замислите. Дурга е сосема поинаква. Таа е самостојна, зрела, практична и велат дека може да те благослови и да ти донесе среќа. Не знам дали сте свесни колку многу есеи за неа има напишано големиот Махатма Ганди. (а во зборот Махатма веќе е сокриено значењето- голем, тој е голем дупло).
Дурга има на грб на камила и во главно е прилично дебелка иако може да се најдат изгладнети Дурги но сепак, тоа се крави кои не знаат да еволуираат како што треба и следствено се во се помал број. Сега замислете ја Дурга на раскрсница, или, што може почесто да се најде во Индија, Дурга на кружен тек. Дурга никогаш не е сама бидејќи нејзиниот сопственик (да кравите во Индија имаат сопственици) ја пушта секој ден на улица заедно со нејзините другарки. Дурга заедно со Рада, Парвати и Кали се движат мрзоволно по точно средината на улицата. Дури и кога се уморни легнуваат да дремнат на среде раскрсница и воопшто не им смета гласниот сообраќај. Кравите во Индија не предизвикуваат хаос во сообраќајот од проста причина што хаосот во сообраќајот би постоел со или без крави. Во земја со еден билион жители хаосот е неодминлив елемент во кој и било аспект во животот. Не постојат пусти улици, не постои самотна прошетка по парк и не постојат места погодни за медитација. Индија, иако широка, долга и шарена, не е идеално место за возење со двеста километри (или колку и да е тоа милји) на саат и слушање гласно на сај транс. А кравите се само една од многуте причини за сето тоа.
Сопругот на Дурга беше една од најстрашните работи во Индија. Тој е помалку почитуван од сопругата, додека Дурга ужива нејзиниот сопруг црнечки работи влечејќи кочии, запрежни коли и застанати на нив селани, и нема шанси да гледа фудбал и да биде служен со пиво после работа. Еден типичен индијски вол е слабичок, бел и негов карактеристичен знак се неговите долги до бескрај рогови. Роговите му се долги и до цел метар и неговата појава предизвикува стравопочит кај сите учесници во сообраќајот. Многу е возможно да волот кој стои на семафори (понекогаш) веднаш до марутито во кое се возиш ти, само малку ја заниша главата и доколку си роден под среќна ѕвезда тогаш ќе се збогуваш само со стаклото од задната врата, земајќи во предвид дека си останал жив и цел. Авторката на постот е многу среќна. Воловите влечеле коли покрај туѓи марути-ја. Во оваа земја воловите имаат тежок живот и се на милост и немилост на своите Дурги.
Дурга дава млеко и заради тоа е почитувана и обожувана. Посетив неколку нејзини храмови во Карнатака а и во секој шиваистички храм треба да има барем по еден крава-идол. Во Насик пред еден од многубројните храмови се продаваше свето сено со кое после тоа се ранеа кравите поседувани од истите луѓе кои го продаваа сеното. Многу често може да наидете на редица на десетина коли кои на некој селски пат се приморани да застанат бидејќи возачот на првата во редицата кола решил да излезе од неа и да и се помоли и украси со гирланди. Дурга е исто така доживотно осигурана. Никој не смее да ја навреди и повреди. Телешко може да се порача само во Гоански ресторан. И тоа какво телешко...
Дурга сепак нема лесен живот. Иако сите ја обожуваат и украсуваат сепак многу често е оставена сама на себе. Се рани по контењери и многу често џвака пластика и најлони. После тоа Дурга боледува и умира во маченичка смрт. Во Индија постојат многу невладини организации кои се обидуваат да ги натераат луѓето да ги третираат кравите со повеќе почит и да ги хранат со треви. Дурга сепак, не може да влезе во парк или градина бидејќи тие се оградени со високи ѕидови а внатре може да влезе само човек и најверојатно некое паметно куче. Сепак, секое осамостојување е тешко.
3 коментари:
Eve eden ubav blog od Indija (ako ne si go posetila) Od edna devojka od Ohrid .
Blogot e so sliki od Indija ,nejzini .
Pozdrav.
http://voskresija-indija.blogspot.com/
shto da kazam.
osven deka se vidov sebesi vo soprugot na durga(mnogu raboti!!!)
pozdrav:) ania
koga go vidov blogot solzi na oci mi dojdoa:)pa taa bese sekade kade shto jas ne bev a sakav da odam (himachal pradesh...jas koga bev vo punjab ne ne ostavaa da odime,mnogu sneg itn)
ivo, kaj si bre ti dete? imas novi postovi? still rockin?
Објави коментар