среда, август 11, 2004

патот за Индија

8.00
Патот за Индија започнува во интерсити за Варшава. По трет пат. Пред се заради тоа што не даваат виза. И ете сум повторно.
Денот започнува во 4 а.м. Во 4.50 треба да излезам да го фатам возот во 5.16 арно ама испаѓа дека немам легитимација. После претресот на станот испаѓа дека немам што да барам повеќе во 5.16 оти без легитимација во воз не се влегува а таа пак останала безобразно дома кај моите. Кај моите пак, не се ѕвони во 5 сабајле оти можиш да останиш во најмала рака со трауми.Одам с трамвај на железничка не знаејќи што со себе и гледам дека имам нареден интерс. во 6 и нешо. Сакајќи да средам со картава се впуштам во бој со 10 касиерки кои креваат раце и велат дека друго чаре нема освен купување на друга карта. На крајот после јавување (сепак) на татко ми (кое го жалам) испадна дека кондуктерот ме пушти без казна и без легитимација.
Енивеј, влергов, седнав на моето резервирано место до 8 годишно девојче кое и се жалеше на мајка си дека кифлите во Полска не биле убави како тие во Франција и дека на масата пред седиштето не бери лаптоп. После тоа и сфатив зошто не берело лаптоп. Прво кога мајката го извади истиот мислев дека е вредна бизнисвуман ама не, работата била таа што решила со своите деца да гледа француски цртан филм пуштен на цел божји глас. Тоа ме изиритира крајно но сепак преморена после моите утрински далавери со легитимацијата како божја казна решив да трпам и да ќутам. За среќа моите сопатници не беа толку толерантни (или ризајнд) и после 5 опомени пред исклучување жената се смилува и го намали гласот.
20.00
ИС авантура продолжува. Си зедов на вракање купе за пушачи со цел во него да бидам сама ама ништо од тоа. Карши мене седи полјаче јапи со малборото и телефонот што фаќа само радиа што не можам да ги смислам а до мене еден копиљ што во рок од пола саат испуши некаде 10 цигари. Копиљот слуша диџеј Бобо бре!!!!!!
Со други зборови ќе поминам 5 саати во една просторија со дримгајс.
(јапито беше ок, ама копиљот отиде во ресторан си купи 5 пива и почна да пее полски рап со шептење демек да не се слуша. За среќа, слезе во Познањ)
Али еееееееј, добив виза, купив карта, одам одам готово!!!!!!!!!
После Варшава, трета среќа, се смилуваа и ми дадоа. Визата е розова и на неа пишува дека сум практикант на аиесек. Не знаев дека такви работи пишуваат по визите. (јесте, ми смо баш популарни)

1 коментар:

Анонимен рече...

Епа, нека ти е со среќа заминувањето во Индија, Аниа.Не го заборавај блогов доколку имаш можност да пишеш ред два од таму.Поздрав и уште еднаш, среќен пат.