четврток, август 26, 2004

aj da napisam nekoj zbor

se naogjam vo Vasant Kunj. Toa na hindu ti znaci neshto kako proletna dolina. Denes procitav vo Times of India deka Vasant Kunj kako kolonija od kategorija b preogja vo kategorija c. Znaci, dragi moi jas ziveam vo kategorija c, vasant kunj, new Delhi, India
barem zasega
se slusaat glasovi deka kategorijata c ke treba da ja promenime vo kategorija d i da odime na skroz drugo mest pod naslov Noida
ama shto ve interesira vas toa ustvari....

aj ke vi raskazam kako si pominav prvite nekolku saati vo indijava t.e vo aerodromot indira ghandi;

4.5 saati pominati vo avionot za delhi mislev samo na nikotin i vednas cim sletav prodolziv da mislam na nikotin. SLetav vo 4 satot sabajle, zaebanciite na izlezot traea zacuduvacki kratko i srekna i vesela se pojaviv na izlezot od aerodromot za da otkrijam deka normalno ne me ceka nikoj. Bidejki bev spremna na toa deka 90% nma nikoj da me ceka stisnav zabi i sednav pomegju dvajca somnitelni tipovi bidejki nasekade imase isklucivo somnitelni tipovi. Aerodromot vo Delhi izgleda kako zeleznickata vo Skopje koga vrabotenite strajkuvaat. Nema nitu edna prodavnica, sekade e sivo, odnadvor doagjaat neartikulisani zvuci. Morbidno do daske.
Mecka strav mene ne strav.
Zelbata za nikotin e posilna od sekoj strav i predrasudi i jas i moite 10 kuferi hrabro resavame da izlezime nadvor i da zapalime cigara. Taka nie pominuvame niz eden hodnik poln so ventilatori. Posle toa vlegovme vo ushte eden hodnik koj shto najverojatno imase iskluceni ventilatori bidejki vo 1 sekunda se najdov vo sauna i vo glava me pogodi miris koj shto dosega go nemam sretnato vo mojot mlad zivot.
Posle dobri 30sekundi svetiv deka ne sum vo hodnik
jas sum nadvor
ova e nadvor
ova e indija vo 4 sabajle a jas treba da bidam vo nea 6 meseci

kako po gjavolite koga ne mozam da izdrzam ni edna minuta?

navistina ne mozev
vednas do mene lezea edno 50-tina slabi valkani tela
od drugata strana gi vidov prvite riksi
vozacite normalno me namerija i pocnaa da mavtat so racete po mene

jas si se vrativ nazad
no ne sakaa da me pustat, trebase da platam 25 rupii (nad pola dolar) za da vlezam
i plativ:)

posle 2 sati sedenje donarednisomnitelni tipovi
se pojavi edno dete koe se pretstavi kako aman
mi rece deka e od aiesec
i me odnese vo vasant kunj kade mi rekoa deka nemam mesto za spienje

taka da tus docekav posle 24 sati
a krevet posle 48
(od prilika de)

osven toa, sega, e se ok
samo cesto nema struja i so voda e tesko ama koristime kofi:)

mi trebaa nekolku dena da pocnam da ziveam normalno, da pijam kafe, da napravam normalen muabet i da se osvestam
i demek sega sum osvestena

ama seto toa e sepak pred mene

aj, so long and wish me luck
i reallyneedit


среда, август 11, 2004

патот за Индија

8.00
Патот за Индија започнува во интерсити за Варшава. По трет пат. Пред се заради тоа што не даваат виза. И ете сум повторно.
Денот започнува во 4 а.м. Во 4.50 треба да излезам да го фатам возот во 5.16 арно ама испаѓа дека немам легитимација. После претресот на станот испаѓа дека немам што да барам повеќе во 5.16 оти без легитимација во воз не се влегува а таа пак останала безобразно дома кај моите. Кај моите пак, не се ѕвони во 5 сабајле оти можиш да останиш во најмала рака со трауми.Одам с трамвај на железничка не знаејќи што со себе и гледам дека имам нареден интерс. во 6 и нешо. Сакајќи да средам со картава се впуштам во бој со 10 касиерки кои креваат раце и велат дека друго чаре нема освен купување на друга карта. На крајот после јавување (сепак) на татко ми (кое го жалам) испадна дека кондуктерот ме пушти без казна и без легитимација.
Енивеј, влергов, седнав на моето резервирано место до 8 годишно девојче кое и се жалеше на мајка си дека кифлите во Полска не биле убави како тие во Франција и дека на масата пред седиштето не бери лаптоп. После тоа и сфатив зошто не берело лаптоп. Прво кога мајката го извади истиот мислев дека е вредна бизнисвуман ама не, работата била таа што решила со своите деца да гледа француски цртан филм пуштен на цел божји глас. Тоа ме изиритира крајно но сепак преморена после моите утрински далавери со легитимацијата како божја казна решив да трпам и да ќутам. За среќа моите сопатници не беа толку толерантни (или ризајнд) и после 5 опомени пред исклучување жената се смилува и го намали гласот.
20.00
ИС авантура продолжува. Си зедов на вракање купе за пушачи со цел во него да бидам сама ама ништо од тоа. Карши мене седи полјаче јапи со малборото и телефонот што фаќа само радиа што не можам да ги смислам а до мене еден копиљ што во рок од пола саат испуши некаде 10 цигари. Копиљот слуша диџеј Бобо бре!!!!!!
Со други зборови ќе поминам 5 саати во една просторија со дримгајс.
(јапито беше ок, ама копиљот отиде во ресторан си купи 5 пива и почна да пее полски рап со шептење демек да не се слуша. За среќа, слезе во Познањ)
Али еееееееј, добив виза, купив карта, одам одам готово!!!!!!!!!
После Варшава, трета среќа, се смилуваа и ми дадоа. Визата е розова и на неа пишува дека сум практикант на аиесек. Не знаев дека такви работи пишуваат по визите. (јесте, ми смо баш популарни)

недела, август 08, 2004

ete sum de ete sum

Значи човек да не можи на 3 недели нецели насамо да ве остави одма викате....
епа викајте што да ви правам јас сум деклариран непишувач на блогови од интернет кафе и тачка. Сега ама ич не ми се пишува пост бидејќи се вратив од Битола и тоа беше против моја воља, и пак сум фрустрат најголем и ми треба време да ми помине малку.
А инаку си поминав супер свадби, ора, чочеци, седенки, музика на увце, горско, цајкани, врнежлив Охрид, врнежлива Битола
Една убава работа сега засега како за недела пладне во Вроцлав е сончево време!!!!Овде не врни тралалалаала
(ме чекаат 2 месеци дожд прашина и кал, како да не се радувам на 2 дена сонце годишно)

другото сега е ставено на пауза, во траење од една недела
после тоа следува една голема голема равенка со 5 непознати

и не сум јас крива што на тагборд некој ставил реклами кон други сајтови да му се сневиди, ако не ви се бендиса пишувајте на тагот и за извесно време ќе си исчезнат сами

И сите да се потпишите за референдум!!

еј ама е шарено