А ете што прочитав и во Риалиту Маседониа. Повеќе од половина македонци едвај завршуваат основно училиште.
Мене ми е многу тешко да поверувам во ваков податок, и сметам дека во текстот нема доволен број на докази за истата појава. Кога ќе прочитам некоја ваква вест веднаш се сеќавам на некои дискусии на Багра и во реалниот свет, каде што многу пати еден на друг се докажувало дека македонскиот систем на образование е супер, дека знаењето што македонските ученици го добиваат во македонските училишта е огромно, и мојот омилен дел, македонците во странство завршуваат две години во една, општо земено, ние македонците сме најпаметни, најубави, избран библиски народ и така натаму...
(да не испадне дека само против Полска зборувам)
Ете, баш заради тие аргументи кои ги слушам мошне често ми е многу тешко да поверувам во ваков податок којшто мене директно ме погодува како македонец и бивш ученик во оваа земја. Повторно ќе да се работи за некакви си заговори да м.е.м.Стално така ни прават, стално! стално!
те малолетничка проституција, те младите се дрогирале, ај сето тоа можев да го пребродам ама вака...неписмени...а колку само убава книга е Волшебното Самарче а да не зборуваме пак за Шеќерна Приказна и Зоки Поки.
нема смисла вакви работи да читам
И во овој миг, јас загрижениот граѓанин на Р. М, на привремена неработа во странство, го дигам носот во облаци и гласно велам - АМАНТЕ РОДИТЕЛИ, ПРАЌАЈТЕ ГИ ДЕЦАТА ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ!!!! ајде да организираме акција- Цела Македонија им чита на децата. На пример, со закон да се гарантира дека бабите мораат да раскажуваат приказни пред спиење, или пак ако се нема на располагање баба, бидејќи родителите по дифолт не знаат да раскажуваат приказни, тогаш законски да се наложи читање на една од горенаведените книги. Кој нема да чита плаќа казна, на пример, го исклучуваат од кабловска, и нема гледање Пинк еден месец.
А ете и зошто не верувам дека пола народ ни е неписмен.
Па да му се сневиди, штом е така, тогаш како сите ние гледаме јужноамерикански серии. И тоа преводот го читаме и на латиница и на нашата прекрасна кирилица со која што прв пат пишувам на овој блог (конечно успеав да ја инсталирам).
Они мене....
1 коментар:
Како ти прифаќаш коментари од читатели, машала. :)
Петар
Објави коментар