понеделник, јуни 22, 2009

среда, јуни 17, 2009

blogspot status













Прибидејќи добив неколку маилови после претходниот ми депресивен пост решив да го надоврзам со нов помалце депресивен, иако малце со сила. Ова што следува е мал редослед на мојот сегашен статус. Феисбук и твитер менуваат многу во стилот на пишувањето.

Во позадина свири Роиксоп. Ја имав таа чест и привилегија да ги слушам пред две недели и тој ден ке се запиши со златни букви во мојот живот - ги обожавам. Прва прилика да ги гледате. Пириод. (колку и да звучат матно а такво ми беше мислењето за нив пред концертот, на живо се страва)

Тоа од позитивите, изгледав мал милион концерти и мислам дека тие ми го прават животот поубав. Сметам дека тоа треба да го правам почесто и понатаму. Во меѓувреме и сама музички флертував во еден мал проект кој неславно заврши ама убаво си поминав.

Со негативите не ве замарам, повторно сум една година постара. Секоја година ми се случува да остарам, има некој лек за тоа? На моја сегашна возраст некои станале рок легенди и предозирале после тоа...И не, неќам да се заменам со нив, мене животот ми е убав и сакам да го живеам колку што може подолго.

Почнав да верувам во себе. Колку и тоа банално да звучи, се трудам да се трудам.

Добив внуци, близнаци, да ми се здрави и живи. И во Австралија имаат поднова. Александар, Константин, Адам.

Не гласав на последните избори за ЕУ парламент, и да, меѓу другото и јас сум крива што десничарските партии победија.

Одамна немам читано поезија.

Пред некој ден ме фати мерак на Т.С. Елиот, и решив да го земам од полицата – кога гледам, сум ја позајмила книгата, и сум заборавила дека сум ја позајмила.

Па го читав на интернет. Не прави ќеф читање поезија на екран.

Сакам да ги оставам цигарите.

Конечно ми цркна тој апаратот од 3 мегапиксели што го купив во 2003. Сега морам да купам друг, во меѓувреме правам лоши слики од мобилен и ги бришам.

Имам нова работа, следствено, оваа година нема одмор.

Пак песимизам на крајот на постот. Ако прашам може да ме пуштат.

Во август одам на Рејдиохед. Со тетка ми. Вие имате тетка што слуша Рејдиохед. А?