Пеколно е жешко да му се сневиди.
Мислете си Полска ова она, ладно дрн дрн – везе нема тоа – помина. Иако температурата е благо над триесет јас немам летна визба или двор со сенка, а немам ни пријател под рака со двор со сенка. Дремам дома и се туширам 8 пати дневно. Да, во Индија беше пожешко ама ви Индија секаде имаш климатизација. Буквално.
Второ, сакав да напишам нешто што мислам за ситуацијата во Македонија и светот во глобала, арно ама во последно време некако не ми оди конструктивното пишување. Кликајќи на ворд и полнејќи го секој нареден ред на страницата никако не можам да замислам со која сорджина да го наполнам..
Затоа што не сакам да пишувам за политика.
Не сакам да пишувам за хунзите.
Не сакам да пишувам за каменот на Розета (Розета ми беше комшивка бтњ, поздрав) ниту за бојкотирањето на Грција.
Не сакам ниту да споменам дека на последниот филмски фестивал во Вроцлав браќата Манаки беа претставени како грци од грчкиот град Монастир.
И воопшто не сакам да пишувам како последно време сум на полскиот интернет каде што се обидувам да им раскажам со докази на некои заблудени луѓе дека македонците на пример не силувале муслиманки во Босна.
Не сакам , затоа што секој мој јавно кажан збор ми лепи на челото етикета.
Јас не сум таблица за етикети.
Ситуцијата што ја набљудувам преку призмата на интернетот е трагикомична. Единствено што можам да направам е да молчам.
Би сакала малце молк. Молкот е добар.
После молкот доаѓа музика.
Молчам.