"стандарден блог, aka претерано неинтересен ем досаден" featuring: India,ego-trippin, blues skies, rainy days, longing for the summer, missing/hating my home-town, people passing by my window, ___________________ (fill in the gap)
понеделник, август 20, 2012
четврток, јуни 07, 2012
mugshotovi i preostanati tvorovi od zemjata na slobodnite i domot na hrabrite
mugshotovi i preostanati tvorovi od zemjata na slobodnite i domot na hrabrite
четврток, јули 14, 2011
петок, декември 10, 2010
изгрејсонце
Заборав 18.06.1996
понеделник, јуни 22, 2009
среда, јуни 17, 2009
blogspot status

Прибидејќи добив неколку маилови после претходниот ми депресивен пост решив да го надоврзам со нов помалце депресивен, иако малце со сила. Ова што следува е мал редослед на мојот сегашен статус. Феисбук и твитер менуваат многу во стилот на пишувањето.
Во позадина свири Роиксоп. Ја имав таа чест и привилегија да ги слушам пред две недели и тој ден ке се запиши со златни букви во мојот живот - ги обожавам. Прва прилика да ги гледате. Пириод. (колку и да звучат матно а такво ми беше мислењето за нив пред концертот, на живо се страва)
Тоа од позитивите, изгледав мал милион концерти и мислам дека тие ми го прават животот поубав. Сметам дека тоа треба да го правам почесто и понатаму. Во меѓувреме и сама музички флертував во еден мал проект кој неславно заврши ама убаво си поминав.
Со негативите не ве замарам, повторно сум една година постара. Секоја година ми се случува да остарам, има некој лек за тоа? На моја сегашна возраст некои станале рок легенди и предозирале после тоа...И не, неќам да се заменам со нив, мене животот ми е убав и сакам да го живеам колку што може подолго.
Почнав да верувам во себе. Колку и тоа банално да звучи, се трудам да се трудам.
Добив внуци, близнаци, да ми се здрави и живи. И во Австралија имаат поднова. Александар, Константин, Адам.
Не гласав на последните избори за ЕУ парламент, и да, меѓу другото и јас сум крива што десничарските партии победија.
Одамна немам читано поезија.
Пред некој ден ме фати мерак на Т.С. Елиот, и решив да го земам од полицата – кога гледам, сум ја позајмила книгата, и сум заборавила дека сум ја позајмила.
Па го читав на интернет. Не прави ќеф читање поезија на екран.
Сакам да ги оставам цигарите.
Конечно ми цркна тој апаратот од 3 мегапиксели што го купив во 2003. Сега морам да купам друг, во меѓувреме правам лоши слики од мобилен и ги бришам.
Имам нова работа, следствено, оваа година нема одмор.
Пак песимизам на крајот на постот. Ако прашам може да ме пуштат.
Во август одам на Рејдиохед. Со тетка ми. Вие имате тетка што слуша Рејдиохед. А?
петок, март 20, 2009
Исповест - лоша вест
И во 2009 година нема да купам лаптоп.
Трагедија!
петок, февруари 06, 2009
Divine oooh divine!!
Postcards and letters
T-shirts and sweaters
Passports and Parkas
Mobiles and chargers
Two tennis rackets
Blue Rizla packets
A new sheep-skin jacket
I lost it all
All through my life there have been
Many rare and precious things
I have tried to call mine
But I just cannot seem
To keep hold of anything
For more than a short time
Possessions of a sentimental kind
They were mine, now they're not
Gym-kits and trainers
Asthma inhalers
Silk-cuts and Bennies
Ten-packs and twenties
C-class narcotics
Antibiotics
The holes in my pockets
I lost it all
All that I'd like is to know
Just where do those lost things go?
When they slip from my hands
Then one night in a dream
I passed through a sheepskin screen
To a green, pleasant land
I found them all piled up into the sky
And I cried tears of joy
недела, октомври 12, 2008
zoshto ne pishuvam
има малигно заболување и и требааат пеинкилери
очајно
вторник, септември 30, 2008
среда, јули 30, 2008
update
Мислете си Полска ова она, ладно дрн дрн – везе нема тоа – помина. Иако температурата е благо над триесет јас немам летна визба или двор со сенка, а немам ни пријател под рака со двор со сенка. Дремам дома и се туширам 8 пати дневно. Да, во Индија беше пожешко ама ви Индија секаде имаш климатизација. Буквално.
Второ, сакав да напишам нешто што мислам за ситуацијата во Македонија и светот во глобала, арно ама во последно време некако не ми оди конструктивното пишување. Кликајќи на ворд и полнејќи го секој нареден ред на страницата никако не можам да замислам со која сорджина да го наполнам..
Затоа што не сакам да пишувам за политика.
Не сакам да пишувам за хунзите.
Не сакам да пишувам за каменот на Розета (Розета ми беше комшивка бтњ, поздрав) ниту за бојкотирањето на Грција.
Не сакам ниту да споменам дека на последниот филмски фестивал во Вроцлав браќата Манаки беа претставени како грци од грчкиот град Монастир.
И воопшто не сакам да пишувам како последно време сум на полскиот интернет каде што се обидувам да им раскажам со докази на некои заблудени луѓе дека македонците на пример не силувале муслиманки во Босна.
Не сакам , затоа што секој мој јавно кажан збор ми лепи на челото етикета.
Јас не сум таблица за етикети.
Ситуцијата што ја набљудувам преку призмата на интернетот е трагикомична. Единствено што можам да направам е да молчам.
Би сакала малце молк. Молкот е добар.
После молкот доаѓа музика.
Молчам.
вторник, мај 27, 2008
полска - германија стари другари
ама само малце
во пресрет на вчерашното нерешено Полска -Македонија, кое што овде е доживувано како голем неуспех на полската репрезентација (јес да играа како резервен состав, ама...) Вчерашниот натпревар го следев на полската национален канал но и ѕиркав, како нет-џанак, на тоа што се случуваше на нет. На мошне интересниот директен инет пренос со вметнати коментари кои и баш немаа многу врска со футбалот - морам да се пофалам дека од вчера неколку илјади пољаци кои го читаа тоа имаа можност да изгледаат еден куп јутјуб клипови за Македонија, претежно од нашите мисици, но сепак, некакви. исто така дознаа за некои македонски рецепти и за сето тоа време ни се обраќаа спрема уставното ни име.
(speaking of football, wtf was offside?)
главна тема на рандом фудбалски пост беше односот помеѓу Полска и Германија, или пак, да бидам поконкретна на Германија спрема Полска. Германија е инаку, да не згрешам, ама последна земја во ЕУ која што не прима пољаци на работа, бидејќи многу германци живеат со следните стереотипи -
Пред целата историја од клипот погоре, кој е најава за натпреварот кој треба да биде за една недела во рамките на антиполски реклами во Германија може да се издвои и следната - немаше код, па мора со линк само.
како пола пољачка не се осетив нешто особено навредена, а не се навредија глобално ни пољаците, но сепак морам да се согласам дека ова е крајно низок и невкусен удар. Се надевам само дека некоја полска ПР агенција ќе направи од ова позитивна кампања за полска како што беше случај со славниот полски хидрауличар од кој порано се плашеа французите.

освен полскиот хидрауличар, се појави набрзо и полската медицинска сестра

после ваква најава на натпревар, гледајќи го, во некој кафич со милион разурлани луѓе околу мене, ќе морам да си ги отворам очите четири, и да ги следам сите полски прсти на водоинсталатерите и медицинските сестри мошне внимателно.
Сепак, човекот е под влијание на медиумите........
жива сум
Во меѓувреме не станав особено попаметна, побогата или поинаква. Прочитав малце книги, изгледав повеќе филмови и изиграв милион рандом партии на хироус 3. Неколку убави работи се исполнаа а неколку не.
Македонија не влезе во НАТО
Македонија не влезе во финалето на Евровизија.
Дел од грците и дел од македонците си подадоа рака.
Македонија и Полска вчера нерешено.
Полска изгуби на Евровизија.
Почнав да слушам радио Равел онлајн и многу добра музика има да му се сневиди.
Ми се спие.
четврток, март 13, 2008
makedonsko-grcka razmena na otrovni materii

Едно од моите осумдесет и пет работни места, каде што сум се задржала повеќе од една година а и мислам да се задржам и понатаму (имам слобода, убави услови за работа иако не плаќаат многу ама другите работни места тоа го надоместуваат) е дел од меѓународен франчајзинг (од типот на ЕФ) ама со база како таква во Грција. Сега малце ми е глупаво бидејќи со сите проблеми кои Македонија ги има со Грција јас сум се нашла да работам во училиште кое настанало во Грција. Сепак, ќе продолжам да работам таму бидејќи моите шефови уште вториот ден кога почнав таму да работам ми рекоа – не знам што им е нив таму долу со Македонија, нека седат мадро. Ти немој да се секираш, што се однесува до мене – ние ја признаваме Македонија.
Сепак, еден ден, дојде на поседок главниот шеф на централата за Полска, нормално повторно грк. Директорката на тоа дека сум од Македонија а тој ми го подари најомразувачкиот поглед што сум го добила во животот.
-Од каде? – праша намуртен како Арес кој е познат и како Марс.
- Од Македонија – му одговорив со дионизовска насмевка.
- Од која Македонија? Од Грција? – повторно запраша, опцувајќи ми мајка во мислите едно 87965654 пати.
- Од Република Македонија – седнав од карши него и запалив цигара.
- Како тоа од Македонија? (ќе те убијам мори ееееј, ееееееееееееј смени ја изјавата) – овој пат неговите меѓуредови мораа да му го повишат гласот.
- Така, нормално, најобично на свет – одговорив низ облак од чад кој веднаш стигна до него и му ги насолзи очите.
После тоа станав и отидов на час. Го оставив да ужива во сите пропратни состојки на никотинот кој ги оставив во малата сала, не отворајќи го прозорецот да се изветрее, и затворајќи ја зад мене гласно вратата.
вторник, март 04, 2008
четврток, февруари 28, 2008
Моите јас и името
Во мене има неколку јас – првата е европејка – иако во глобала нема на запад никогаш отидено (секогаш враќајќи сево мк за време на сите поранешни распусти наместо да зафати накај Лондон за да заработи за нов мобилен/мп3 – како тогашните и сегашните мои врсници). Најзападно што сум била е Познањ, шит, се уште на исток. Нејсе шетаноста, европското не е само на запад – нели македонија е папокот на светот?
Второто јас е балкан – не жена балканка, бидејќи секога балканска жена треба питите и зелниците да знае да ги направи без да купува готови кори и да го загори зајрето за на крај се да оди во ѓубре. Не пијам ракија. Не го знам калајџиското, ама го знам беранче. Илјадници индиски деца од мене научија да го играат пајдишкото ( да, се уште очекувам официјално државно признание за тоа). Не пијам како половина Битола – шток или коњак од Бадел. Воопшто жесток алкохол не ми е вкусен. Не сум знаела да го пијам. ОК. Не е битно. Ми остана виното и пивото. Балканот во мене го сака хаосот. Балканот во мене ги сака тапаните и зурлите. Балканот во мене гестикулира и гласно зборува, иако, наводно, гласниот говор сум го наследила од полскиот ми дедо, а брзиот ми говор од полската ми мајка.
Европското во мене ми вели дека сум граѓанин на светот, дека нема врска од која држава потекнува доколку се се базира на слобода, демократија, пари и труд. Доколку знам каде се пуши и каде не и доколку го употребувам секој нож и виљушка според правилата и прописите на савуар виврот. Европското во мене зборува течно англиски со американски меинстрим акцент, впиен преку Холивуд, ретко слушнат на живо – бидејќи, ете, западот не бил моја дестинација за патување/живеење/заработување.
Балканското во мене се дели на панбалканско и македонско. Панбалканското е српско-хрватски пасивно течно/активно ок, неколку гига музика со таг екс ју и чувството дека сум дома кое почнува во Суботица, а до некаде и во Будимпешта. Панбалканското ми го присвојува Егејско, Јонско, Јадранско и Црно море а Сараево, Загреб, Белград и Софија се и мои главни градови.
Македонското во мене упте се дели на неколку подмакедонски категории, ама ќе ги изоставам. Општо гласно вика – МА КЕ ДО НИ ЈА – секогаш кога има и нема потреба. Има потреба да оди Канео еднаш годишно, да ја види Битола од страната на Лавци и да поминува со прстите по нејзиниот хоризонт обидувајќи се како слепец да ја сочува нејзината форма за да може подоцна да ја олицетвори во некоја северна ноќ. Македонското во мене е словен и старомакедонец и православен христијанин совршено вплотени и неразделни во мојот идентитет, т.е во македонскиот дел од него.
Пред неколку години Анджеј Вајда, кој овој пат повторно не успеа да земе Оскар за конкретен филм, доби Оскар за животно дело. Појавувајќи се на сцената за да ја земе наградата од рацете на Џејн Фонда, покрај тоа што знае да зборува англиски, после Лејдис анд Џентелмен, почнува да зборува на полски, и вели вака – ќе зборувам на полски, бидејќи сакам да зборувам онака како што мислам, а мислам на полски.
И јас постот ќе го затворам (без да добијам Оскар, за жал) со истото – покрај сите мои јас - моите мисли сепак беа и ќе останат македонски. Следствено, сето она што е база на моето јас/моите јас (когито ерго сум) – е Македонија – под тоа и ничие друго име.
понеделник, февруари 25, 2008
Turkey to represent Ireland
(Добро де, не е баш Турција ама мисирка, и тоа каква мисирка! )
Се вика Дастин и ја признава Македонија!
Зборува со даблински акцент и ја признава Македонија!
на неќење има турбо фолк ритам!
прогноза - минимум 3 место (досега не сум ги слушнала сите)
аха, во Полска импортиравме анонимна американка (за која постои големо сомневање дека е транвестит, што нормално во ЕСЦ е секогаш плус), која што многу тенко испеа плагијат на Витни Хјустон и нормално - победи!
среда, февруари 13, 2008
приказната за бившиот Џејсон
Ако земите да барате полски јутјуб клипчиња ќе налетате на многу снимки од пијаници и бездомни. Помладите, пред се тинејџерите, обожаваат да задеваат бездомни алкохоличари, а после ставањето на снимката на јутјуб коментарите само предизвикуваат да таквите снимки се множат – сеир милина!
Норби исто така реши да снима пијаници. Не мораше да ги бара посебно бидејќи беа пред неговата зграда, некогаш седнати, некогаш застанати, најчесто легнати на земја/трева. После неколку снимени клипа почна да прави цела сеир - серија за малскиот пијаница Џејсон (дали така го викаат стварно или тој псевдоним му го измислил Норби, не успеав да откријам) Во текот на снимањето сепак, нешто се случи...
Ова што следува многумина ќе ги изненади, а некои други пак можеби нема да ги остави рамнодушни кон луѓето кои не им се посреќило во животот, па единствената суштина ја пронашле во алкохолот.
Погледајте ја приказната за Џејсон. (со англиски написи)
петок, февруари 08, 2008
Секси Флекси, или полски функ на англиски
како прво - Наталија Кукулска која после 100 години кариера и две деца направи прва добра песна која што никој освен мене не ја сака. Нешто како Анти-Бритни
како второ - Систарс, веќе се растурија и сите до еден кои се појавуваат на клипот пеат соло. Инаку момчето кое пее овде моментално се лансира како полски Тимбаланд. Главни во групата беа двете насловни сестри, кои овде за разлика од другите 99% нивни песни пеат само пратечки вокал.
Како трето - полската Роузин Марфи - Новика - порано ДЏ сега повеќе сепак пее....водителка на на времето најдобра музичка радио емисија во која многу малку зборуваше ама пушташе добра музика...



