Се прикажуваат објави со етикета Полска. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Полска. Прикажи ги сите објави

вторник, мај 27, 2008

полска - германија стари другари

пишувам за фудбал, не ми се верува

ама само малце

во пресрет на вчерашното нерешено Полска -Македонија, кое што овде е доживувано како голем неуспех на полската репрезентација (јес да играа како резервен состав, ама...) Вчерашниот натпревар го следев на полската национален канал но и ѕиркав, како нет-џанак, на тоа што се случуваше на нет. На мошне интересниот директен инет пренос со вметнати коментари кои и баш немаа многу врска со футбалот - морам да се пофалам дека од вчера неколку илјади пољаци кои го читаа тоа имаа можност да изгледаат еден куп јутјуб клипови за Македонија, претежно од нашите мисици, но сепак, некакви. исто така дознаа за некои македонски рецепти и за сето тоа време ни се обраќаа спрема уставното ни име.

(speaking of football, wtf was offside?)

главна тема на рандом фудбалски пост беше односот помеѓу Полска и Германија, или пак, да бидам поконкретна на Германија спрема Полска. Германија е инаку, да не згрешам, ама последна земја во ЕУ која што не прима пољаци на работа, бидејќи многу германци живеат со следните стереотипи -



Пред целата историја од клипот погоре, кој е најава за натпреварот кој треба да биде за една недела во рамките на антиполски реклами во Германија може да се издвои и следната - немаше код, па мора со линк само.

како пола пољачка не се осетив нешто особено навредена, а не се навредија глобално ни пољаците, но сепак морам да се согласам дека ова е крајно низок и невкусен удар. Се надевам само дека некоја полска ПР агенција ќе направи од ова позитивна кампања за полска како што беше случај со славниот полски хидрауличар од кој порано се плашеа французите.



освен полскиот хидрауличар, се појави набрзо и полската медицинска сестра



после ваква најава на натпревар, гледајќи го, во некој кафич со милион разурлани луѓе околу мене, ќе морам да си ги отворам очите четири, и да ги следам сите полски прсти на водоинсталатерите и медицинските сестри мошне внимателно.

Сепак, човекот е под влијание на медиумите........

недела, септември 23, 2007

убиство за роденден


Приказната која што сакам може да се раскаже на неколку начини, и на неколку начини ќе ја раскажам. Содржината на приказната во една реченица е следна - девојче се качува во воз, влегуваат двајца морони, девојче е фрлено од воз – и толку, крај на приказната. Сепак, најтешко е да се отчита содржината на запирките.

На една интернет страна мајката да девојчето пишува за неа. Пишува како девојчето сакало да стане доктор. Како одело во Варшава да се запише на факултет. Како учело за приемни цела година. Како девојчето го интересирале билки и лекови. Едно време сакало да стане фармацевт ама се решило да стане доктор. Како помагало низ дома и се грижело за браќата и сестрите. Како не одела во дискотеки со цел да оди во Варшава и да се запише на факултет. Сето тоа, за да биде убиено за нецели 30 евра.

На друга интернет страна новинари пишуваат за почетокот, крајот и заклучокот. Почетокот е раѓање и желба. Крајот е звук на воз, тивко липање кога никој не гледа во вц, и тапо кршење на коски.Причината е злосторство, а реакцијата е казна. Причината е роденден, а реакцијата поклон. На средина има молк и тивко липање кога никој не гледа. Имаше неколку минути да се збогува со самата себеси во вц-то. Потоа ја отвори вратата и падна.

Беа двајца. Им беше досадно. Немаа пари за пиво а не сакаа да работат за 300 евра месечно. Сите што работат за 300 евра месечно треба да се лечат – сите учители, медицински сестри, лекари, продавачи. Кројачи и секретарки. Има луѓе и надлуѓе. Луѓето се морони кои работат за 300 евра месечно. Надлуѓето не плаќаат за билети во воз. Надлуѓето се пронаоѓаат меѓусебно и слават роденден со ново искуство – убиваат човек, т.е жена, т.е девојка –човек. Девојка човек која е родена една година после нив.

Девојчето постапува глупаво, или едноставно е малер. Како прво што бара да оди сама во воз ноќе. Возот тргнува во 22 јасот. Како второ што бара да влегува во последниот вагон и во последно купе. Влегува во вагон сама, бара слободно место и среќна наоѓа празно купе за да повторува цела ноќ бидејќи испитот е во 8. Девојчето постапува потполно како што постапуваат жртвите. Се наоѓа во погрешно место во погрешно време по сопствено барање.Возот застанува. Таа излегува со нив и седнува во друг воз кој оди поблиску до нив дома. Веќе знае дека нема да стигне до Варшава. Мирно излегува од возот и мирно чекори кон другиот перон. Не знае да избега, да викне или проколне. Не знае како да постапи, се насмевнува и кога кондуктерот влегува. Го покажува својот билет а двата надлуѓе купуваат насмевка од кондуктерот за 7 евра од паричникот на девојчето. Кондуктерот ја затвора вратата а таа има уште 5 минути живот.

Петте минути поминуваат брзо. Добива неколку тупаници по стомакот и главата. Излегува до вц за да размисли. Размислува. Излегува повторно и ... умира.

После неколку минути нема повеќе приказна. Надлуѓето збогатени со ново искуство и среќни со новиот телефон, два златни прстени и веке 23 евра исто така излегуваат. Излегуваат и живеат. Се упатуваат во првиот бар и имаат за многу пива. За прстените ќе добијат уште по толку. Телефонот лесно се продава на ибеј.

Причината е злосторство а реакцијата казна. Има и почеток, заплет, кулминација, перипетија и расплет. Има тема, идеа и главни ликови. Стил на пишување – кратки реченици и многу запирки. Најтешко е да се протолкуваат запирките. Во целата веќе застарена приказна фали само смисла, и во стварност, пишувајќи го ова повторно се обидував да ја пронајдам. Сигурно се сокрила зад некоја недопишана запирка, или пак беше турната од воз за да згасне веднаш потоа, во темно поле со камен под главата.


и на англиски читај овде