Се прикажуваат објави со етикета internet. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета internet. Прикажи ги сите објави

понеделник, јули 23, 2007

Amateurs Rule!


Ендрју Кини (или Кин) во својата, многу интересна и ептем многу параноична книга – The Cult of the Amateur пишува дека сета таа глорификувана и обожувана револуција наречена Веб 2.0 е во стварност КОМУНИЗАМ а не ДЕМОКРАТИЈА. Тое е така, бидејќи секој оној кој нема талент, и секој оној кој не заслужил на нешто на правиот начин да го заслужи тоа, го бери шлагот за делото кое најчесто нема никаква вредност, оценуван од оние кои и во суштина не можат да оценат дали нештото има вредност, бидејќи не се сериозни критичари/рецензенти/професионалци ТУКУ сиви/бедни/обични/дебели/со бубуљици смртници за кои што во суштина никогаш и не би требало да имаат достап до интернет. Не заслужуваат – обичните тие.

Од друга страна пак, генијалниот ВЕБ 2.0 не е фер кон нас бидејќи и необичните/аристрократски/синорвни/богати/компетентни корисници на интернетот знаат да се маскираат многу успешно во аматери и варвари со цел да привлечат внимание и фино лепо – да ти продадат продукт со успешно перење на мозокот на кој што секој обичен смртник ќе биде подложен.

Во книгата (во легалниот исечок од страната на Кини или Кин) прочитав-

(слободна/брза/преводо-парафраза)

А од каде знаете дека клипот од ЈуТјуб на секси танчарка од Малезија не е ставен од педофилската мафија? А како ќе докажете дека клипот каде што англичанка јаде бисквити со мармалад не е ставено од некој британски продуцент на бисквити.

(и ...ова следното ме бендисува...хммм)

А од кај знаете дека генијалните рецензии на мојата книга кои доведоа до тоа што истата генијално се продава на Амазон.цом не се напишани од самиот јас, преправајќи се дека сум објективен читател/рецензент

(крај на слободната/брза/преводо-парафраза)

ЕЕЕ, од кај да знаеме? Од каде ? А?а?АААА?

Ќе се осмелам да дадам одговор во името на целото човештво – НЕ САКАМЕ ДА ЗНАЕМЕ!

(сега целото човештво ми ракоплеска...моите образи руменеат, ме фаќа трема и го затворам постот, со цел да не биде долг –бидејќи ете, постовите требало да бидат – кратки, концизни и обавезно да има слика, и еден куп хиперлинкови)

четврток, февруари 15, 2007

Coupland attacks!


„Отидов на прошетка со Мисти и мама. Таа ми го повтори разговорот кој што го слушна од двајца старци со Алзхајмерова болест (мама волонтира во дом за старци)

А- Како си?
Б- добро, А ти?
А- Како си?
Б- Добро.
А- Се е во ред?
Б – Како си?

Почнав да се смеам. Таа ме праша зошто, па и реков – тоа ме потсетува на интернет чат. Ме замоли за пример. Ете го примерот-

А- здраво
Б- здраво А
А- здраво Б
В – здраво
А- О! Ете го и В1
Б – Здраво В!
А – ВВВВВВВВВ
В - А + Б = А+ Б
А – Морам да бегам.
Б - Здраво, А
В – здраво , А
Б – Чао
В – Чао чао.

Ете баш така изгледа – објаснив – тој волшебен, револуционерен дијалог, на којшто секое списание на земјата му посветува тони хартија.”



Даглас Копланд, Мајкросерфс, книга издадена 1995 година.

Вистинско изненадување е фактот дека навистина тој револуционерен дијалог – остана потполно ист во последните 12 години.

четврток, февруари 08, 2007