Се прикажуваат објави со етикета Wroclaw. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Wroclaw. Прикажи ги сите објави

петок, јануари 18, 2008

Културно Забавен Живот во Вроцлав

Where are we going, Walt Whitman? The doors close in an hour. Which way does
your beard point tonight?

Еден мој поранешен пријател од Лондон (велам поранешен, бидејќи во меѓувреме односите ни се сменаа на едвај со сила здраво) еднаш ми рече – Дипеш Мод се тапа. Кога бев мал ги гледав како свират во супермаркет, па сега заради тоа не можам да ги ценам.

(не дека Ања е некој д.м фанатик – ама определена почит има)

Не се сеќавам што си помислив тогаш. Ама сега, размислувајќи повеќе за хипермаркети отколку за њу романтик – се сетива на таа изјава.

Па побогу, хипермаркетите и шопинг центрите се најкултни културни места во мојот град! ДМ треба да се горди на тоа – ноу метр уат!

Вроцлав има места каде што може да се троши времето седејќи во филхармонија и опера, посетувајќи некој филмски фестивал, одејќи на џез концерти, седејќи како театарска публика во театар, улица или перон на железничка станица сеедно. Но сепак, најголемиот дел од Вроцлавјани не го поминуваат времето таму – некои ќе речат скапо е! Точно! Само што тоа не е вистинската причина – а вистинската причина следува.

Кога дојдов прво имаше само Керфур (кое правилно треба да се чита карфур ама кој ги тркала) и Теско – кои беа т.н анкори. Овај збор вчера го научив – анкор (оргинално значење котва) ти е во главно хипермаркет кој зафаќа главно место во некои шопинг центри, кои пак, од своја страна се викаат поинаку, но сите одат таму токму заради хипермаркетот. И така, овие шопинг центри се викаат Борек и Биелани официјално – ама никој така не ги вика. Исто така постоеше Марино и Леклерк, ама тие бела помали – и следствено – небитни.

По извесно време се отвори Корона – во кое анкор беше Жан (или како и да се чита ГЕАНТ на француски) каде што видовме и прво мултикино. Сите се префрливме таму со бесплатните автобуси кои беа полни а на враќање беа уште пополни. Саат и кусурот сме се стискале како сардини за да одиме во жан, гледаме филм и јадеме во кфц.

Во меѓувреме во строгиот центар на градот ја отворија Галерија Доминиканска која што ја засени најубавата црква во градот со рејбан стакла и затворени паркинзи на 6 ката. Во Галерија анкор беше пред се Медиа Маркт и сите од таму купувавме телевизори и дигитални камери на рати.

Најпосле го отворија Аушан (кој, како што велат, треба правилно да се чита Ошон, ама ние знаеме подобро) и таму рекоа дека има подобар и поголем Медиа Маркт. Медиа Маркт го отворија на полноќ и неколкуте десетици илјади луѓе кои сакаа веќе да го сменат стариот телевизор од првиот ММ чекаа неколку саати за да бидат истуркани и изгазени и да завршат на болница заради скршеници. Среќниците излегуваа со 2 компјутера и 3 двд плеери – тоа беше најсреќниот ден од нивниот живот.

После Аушан во мојата непосредна околина почна да се гради и за неполна година добивме Аркади мој која што немаше Анкор – арно ама имаше први дизајнер бутици во Вроцлав. Аркади е вечно празен поради истото.

После Аркади го отворија Грунвалдски каде што околу 100 000 луѓе се упатија на отворање за да добијат балонче и ружа (беше осми март). За жал не влегоа – градежната инспекција не остави да се отвори и истите тие луѓе мораа да почекаат уште еден месец за да купат адидас по промотивни цени.

Едно време во градов почнаа да даваат бесплатни сладоледи со вкус на јаготка. Секој ден имав барем по една порција гратис. После тоа со сладоледите даваа бесплатни мапи на Вроцлав и пенкала. Најпосле даваа цд со една песна која што никогаш не ја слушнав ама некаде се уште ми се мота низ дома. Сите тие продукти имаа еден наслов – Магнолија.

Се разбира најжешка тема на разговор не беше кој ќе настапи на Вроцлав Нон Стоп (фестивал рекламиран и со спот на СиЕнЕн) туку што по ѓаволите е тоа Магнолија. Сите знаеја дека тоа е цвеќе, пенкало, мапа и сладолед. Преостанатото беше мистерија.

И по неколку месеци дознавме дека отворија нов шопинг центар во кое што анкорот Теско (веќе 4ти по ред) беше сосема анонимен – сите сакаа да ја видат убавата розова зграда со шарени фонтани. Магнолија повеќе не е растение.

За жал се покажа дека после неколку дена во Магнолија почнаа да се случуваат смрдени работи – од време на време пука некоја цевка и во розевиот хол врнат говна – вистински говна.

Говната паѓаат на новите фамерки и на пилето на ражен. Течни лајна се мешаат со кока кола и слатко-киселиот сос во кинескиот ресторан. Кафеави дамки прскаат врз кристалите сваровски и Вичен нараквиците.

Си помислив, колку убава кулминација – вистинска тема за роман! Секако, сите литаратурни награди во Полска се доделуваат на писатели кои пишуваат за хипермаркети и мултикина! Никогаш досега немало поинспиративна тема за пишување. Пластична муза со жолто –кафеникава коса ги буди од сон поетите кои на своите АјМаци запишуваат оди и химни – о девелопери! Отворете уште! Никогаш не е доволно!

И, муабетот ми беше, како после тоа да не ги цениш Дипеш Мод! Вистински Предвесници на Високата Култура на 21 Век!

Слава им!

четврток, јули 19, 2007

уште еднаш брејв

најдов на јутјуб! (ќе барам уште, стеј тјунд) - почетокот на концертот на Танец во Вроцлав.

вторник, јули 17, 2007

магијата на Брејв


Во изминатата недела во Вроцлав се одржа Брејв Фестивалот каде што (како што најавив) зедоа учество Бистри Води, во стварност дел од македонскиот национален ансамбл Танец. Во вторникот сабајле групата која што се состоеше од 9 изведувачи, директорот на ансамблот и 2 возачи го паркираа мини-бусот пред хотелот Полонија во Вроцлав. Во наредните денови дадоа 2 концерти во рамките на фестивалот во Вроцлав, и еден во саботата во Олешница (40 км од Вроцлав). Јас за тоа време имав најисцрпувачки денови во мојот живот, тотално по мое барање, бидејќи на фестивалот работев како волонтер (на распуст сум, и вака одмарам) и главна задача ми беше да бидам нивни водич/помошник/порачувач на храна во ресторан/ туристички водич/разменувач на пари/трилингуален преведувач и на самиот концерт (на кој што не се покажав од најдобра страна)/ и уредувач на интервјуа, средби со јавноста и дирекцијата (ова со интервјуата исто така беше слаба точка – договорив многу интервјуа а се појавивме на многу малку). За разлика од помошниците на другите групи кои беа присутни на фестивалот мене ми се трефна таа чест да бидам сосема сама во мојата работа (во другитегрупи имаше по 3-4 луѓе), што резултира со тоа што во неделата спиев околу 20 часа.

Ете после тоа како се пофалив колку јас сум била мачна и напатена душа ќе кажам збор два и за самите настапи и за тоа каков впечаток оставија нашите музичари овде во Вроцлав. Се разбира ќе ги кажам само позитивните работи.

Мотото на фестивалот беше –DROWNED SONGS – т.е прикажување на елементите на фолклорот кој е во изумирање – се бараа најхардкор изворни песни и ритуали – и тоа до некаде беше постигнато. Она што самите организации не го бараа беше – аранжирани/џезирани/фјужн/свирени од ноти песни . Целта на фестивалот како таков е да успее да прикаже дел од културата во исчезнување и да успее да наметне свест кај пошироката јавност дека треба поголем напор на локално ем глобално ниво на нејзино зачувувување. Средствата собрани од продажбата на билети и материјали кои ги донесоа и самите музичари се за помош на организацијата Рокпа, која што околу 20 години делува во Тибет, каде што се обидува да направи да младите тибетанци не се претворат во стари кинези. Наводно, доста успешно.

Во рамките на фестивалот имаше концерти (кои беа и основа), театри, изложби, работилници и документарни филмови. Концерти дадоа изведувачи од Грузија, Австралија (вистински Абориџини), 75-годишни баби од Украина, Русија, Сибир, Мароко и Сардинија. Лично учествував само на два концерти (македонскиот и украинскиот), но индиректно бев присутна и во абориџинскиот, рускиот и грузискиот – а како ?

Баш во тоа се состоеше вториот дел на фестивалот, претерано неофицијален и непрофесионален но баш на тој дел од фестивалот - идеата за дружење, размена на култури и разбирање на истите беше најповеќе присутна. Организаторите окупираа нов и тотално изолиран од клуб бо којшто после секој концерт имаше средба со музичарите, како и уште ред други збиднувања. Во рамките на тие средби сите оние кои сакаа да разговараат со музичарите имаа можност тоа да го направат , можеа да слушнат неофицијално делови од концертот како и после сето тоа едноставно да се дружат со учесниците на фестивалот. Во клубот имаше претежно млади луѓе, од кој лавовски дел беа автентични собирачи на народни умотворби низ претежно источна Европа. Тие луѓе одат на експедиции во Сибир, Украина, Романија, Русија и Бугарија и вооружени со диктафони од најстарите баби и дедовци по селата што ги посетуваат ги берат нивните песни за потоа, кога ќе се вратат во Полска да можат да ги научат и колку што може поверно да ги исполнат. Најубав дел од целиот фестивал беа моментите кога ете на пример дел од Бистри Води почна да ја пее – Ајде да си речиме уште една – и околу нив се собра неформална публика која што се обидуваше веднаш да учествува во песната. Наредната вечер веќе се обидуваа со нив/нас да пеат, а бидејќи имаат искуство со полифонија тоа многу успешно и го правеа. Така на пример на една маса седнати луѓе од Полска, Македонија, Украина и Грузија се обидуваат заедно да ја пеат Зајди Зајди или Јовано Јованке, а уште подоцна кон тој фолк џем сешн се приклучува и Абориџин кој на тие песни му додаде и игра и свои созвучија (тврдеше дека на музиката не им биле потребни зборови, и тоа го докажа). Тие моменти беа магични - и баш во нив беше жива идеата на фестивалот – во кој се докажа дека музиката/светот припаѓа на обичните луѓе.


понеделник, јули 09, 2007

creamfields 2007 - субјективен рапорт


Понекогаш е убаво да се живее во Вроцлав. Понекогаш, бидејќи од лани имаме Кримфилдс, во кој што колку што лани настапија најголемите сељаци на светот (Ван Дајк и сс) ова година имаше фантастичен лајн ап со Продиџи на чело.

Како си поминав ми е тешко да раскажам бидејќи гласот избега и не можам од мене да испуштам повеќе од шепот веќе втор дел, а тоа ретко ми се случувало во животот.

На местото за разлика од лани дојдов многу покасно, околу 20 часот. Местото беше прилично големо ( фала му на бога не толку големо како лани, кога беше преголемо за минималниот број на луѓе кои што се појавија). Лани беше зелено и сончево. Оваа година имавме можност да скокакме на свежо искосено сено кое беше ултра лизгаво и многу удобно за седење накај 6 сабајле.

Се собраа околу 20 000 народ во 4 шатори е една главна сцена. Главната сцена за разлика од лани почна да ечи околу 20.30. На неа пред Продиџи имаше неколку полски бендови кои собраа нула публика. Почнав активно да учествувам некаде околу 23 часот каде што се упатив на Тек-Генетик сцената факајќи го само крајот на Белс на Џеф Миллс. Тоа што се случуваше таму беше жива лудница. Типот мртов ладен (како и по обичај), работи со хируршка прецизија и покажа неверојатна концентрација. После час и половина Џеф тркнав по наредно пиво кое го испив во неверојатно брзо време бидејќи после Виталик (слушав од далеку, сега се правам пишман, требаше од поблиску), и запознавање на мал милион луѓе од Варшава, (кои ме тешеа дека главниот град на Полска е срање и тоа што таму има 365467 концерти месечно и не е нешто посебно. ) со трчање скокнав на Продиџи. Тоа што го слушнав на Продиџи беше идентичниот концерт што го слушнав лани, дури им раскажував на луѓето околу мене која песна ќе биде следна и дека чим слушнат Аут од Спејс да почнат да се пакуваат.

Нејсе, муабетот ми беше Продиџи. Ланскиот концерт во Катовице беше тапа во споредба со тоа што го слушнав ( а слушав добро, имаше прекрасно озвучување) во неделата. Откако ја слушнав Спит Фајр па се до аут оф спејс јас изгубив контрола врз телото и гласот, губејќи гласни струни и 5677575 калории. Имаше многу повеќе енергична публика, и среќна дата – 07.07.2007 – магијата работеше!

После тоа повторно се упатив во гастро зоната за регенерација со бурн и пиво, после околу час отидов да се уништам тотално на ДНБ сцената каде што веќе рокаше Фреш (почна прерано и заврши прекасно...ама за тоа потоа) (Пинк Пантер). Се што тоа суштество измикса не те остави да седнеш пет факен минути. Се мачев цело време да одвојам време да седнам но идиотот не ме остави да дишам. Ако сакате да се уништите себеси одете на Продиџи а потоа на Фреш. Најпријатна метода на самоубиство. Мразам ДНБ. Фаталната грешка во промената во лајнапот заврши со тоа што не го видов Хајп и не го видов ( а многу сакав бууу) Ед Раш. Последниот го ставиле во исто време со Продиџи во празен шатор.

Толку!

Во соседниот хаус шатор се пијанеа Свидиш Хаус Мафија – каде што резултатот беше сличен – луѓето умираа, стануваа и умираа повторно.

Слики немам. Замислете шатори во вид на торти со шлаг и поле со сено, и прилично многу ѕвезди и толку....

Доволно.

фото релација - овде
аматерска видо релација - (30 минути, старинг Варела, Ронски спид, Мошик, виталик и повеќе не гледав) овде

вторник, мај 01, 2007

Hey Joe 1770 and counting

Во 2003 дојдоа околу 500-тини гитаристи. Тогаш беше прв пат. Денес бројката најверојатно ја помина 2000! (планирам 2008 да научам и јас да свирам)

Вроцлав е најрокерскиот град на светот! Официјално!



на клипот, мала ретроспектива до 20006

чим се појави 2007, одма ставам!!!!