ај што ни го крадат, па не го ни признаваат дека е наш - бугарски бил
подобро нели да е анонимен, а не бугарски
него друго ми беше муабетот. Многу си ја сакам зајди зајди, ептен ми е мака што некој ми ја анонимизира на овој начин. Можам да додадам дека ми е мака и тоа дека ми ја бугаризира, ама првото ме боли повеќе.
Баш она пред некој ден седам и правам муабет со некој игнорантен пољак во врска со тоа колку е убава и фантастична македонија и сфе тоа
и велам дека - Македонија си е убава како таква, ама кога ќе се научи нејзината историја, кога ќе се разбере за нејзиното значење во светското културно наследство - е тогаш тек станува не само убава туку и света.
само проблемот е во тоа што треба да се објаснува што е тоа убаво и свето во македонија, и кога така објаснуваш а немаш пред себе барем глупави слајдови тогаш дури и самиот на себе глупаво и патетично си звучиш дека треба да објаснуваш тотално очигледни работи кои на многумина не им се очигледни.
и ги боли левото уво за тоа (автоцензура)
и се ок
додуша респект за композиторот - муабетот со Буш му беше на место, и покрај сета игнорантност што ја покажа за се друго.
Џабе јас тука везам кога се што сакам да кажам долго пред мене, пред Трендо, и пред сите други го кажал еден од најдобрите македонски поети Анте Поповски, слава му
- Еве ја таа проста земја
- од дволичен камен
- и сонце
- Децата уште незаодени каде откопуваат
- лобањи по градините
- Еве ја таа проста земја
- од пајажина
- и од води
- Мудро слободата кај што ги запишува
- селските имиња
- Место икони по црквите
- И каде летото како судбина
- Трае до последниот востанат
- Еве ја таа проста земја
- од заморено дишење
- и од молк
- Низ која времето одминува
- и пак се враќа
- Со неа да го сподели лажното траење.
- О, еве ја таа проста земја
- од грч
- и од чекање
- Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски
- А никој не ја знае.